Jeca во 12:19
на тема RE: Трудници, што јадевте денес?
Сеуште имате мачнини? Поради бременоста или поради тежината што ја покажува вагата?
Добивањето на тежина во првото тромесечје кај секоја трудница е различно. Некои брзо добиваат неколку килограми, а кај други тежината воопшто не се менува, додека оние кои се борат со мачнини можат дури и да изгубат некој килограм. Сите можности се сосема природни и безопасни, секако, под претпоставка дека редовно и здраво се храните. Немојте да ги прескокнувате оброците! Повеќе му штетите на плодот, отколку на самите себе, иако најкритичниот дел во развојот на плодот е завршен. Сега е на ред побрз развој на плодот од минатите недели. На почетокот на оваа недела должината на плодот е 3 см, а на крајот на неделата дури 5 см.
Ако здраво се храните и избегнувате внесување на нездрави додатоци во исхраната, не оптеретувајте се со бројките кои ги покажува вагата. Кога сме веќе кај просекот: просечна трудница во првото тромесечје секој месец добива по 0,5 – 1 кг.
<
Повеќе
Со голема радост ви кажуваме дека најкритичниот период во развојот на плодот е завршен, сега на ред е уште побрз развој од минатите недели. Во почетокот на оваа недела плодот е голем околу 3 см, а на крајот на неделата дури 5 см. Неверојатно, морате да признаете! Обликот на плодот е прилично смешен, бидејќи главата зазема дури половина од целокупното тело. Секако, тој однос ќе се промени со развивање на плодот.
<
Повеќе
Иако цело време на прво место ја ставаме идната мајка, никако не смееме да заборавиме и на татковците. И вие морате да се грижите за себе. Без чувство на вина, договорете се со пријателите на машко дружење. И татковците треба да имаат неколку часа само за себе!
Повеќе
Во бременоста е препорачливо да се носат пријатни чевли кои немаат превисока пета. Немате такви во својот ормар? Значи, тоа е причина за купување на нов пар чевли.
забава Бремените
Автор: bobik
Колку движење е доволно во бременоста?
Бременоста не значи дека треба цел ден да се одмора, но не значи ниту ...
Зошто бебето спие преку ден, а е будно навечер?
Кога домот конечно ќе замолкне и родителите ќе посакаат неколку часа с...
Неколку капки млеко на брадичката, влажна облека по хранењето или мало...
Како бременоста влијае на работата на штитната жлезда?
Бременоста носи низа хормонални промени, а меѓу органите што мораат да...
Желудочни киселини во првиот триместар
Покрај мачнината и заморот, првите недели од бременоста кај некои жени...