Jeca во 12:19
на тема RE: Трудници, што јадевте денес?
Мачнината ја чувствувате се помалку. Да, секако... Добро, барем така би требало да биде.
Сеуште можеби имате мачнини или чувствувате замор. Тоа би требало наскоро да престане, а некои трудници ќе ги чувствуваат уште некоја недела.
Со ултразвучниот тест кој се вика нухална бразда се утврдува ризикот од Даунов синдром, односно трисомија 21. хромозом во плодот. Тоа е најчеста хромозомска неправилност кај живородените деца. До промени кај повеќето доаѓа случајно, во моментот на созревање на половите клетки кај еден од родителите, најчесто мајката. Стручните лица на сите трудници им го препорачуваат овој преглед!
Првото тромесечје наскоро ќе заврши, а со тоа и најкритичниот дел од развојот на плодот. Општата состојба би требало да се промени, но вистина е дека и понатаму можат да ве мачат главоболки. Овој пат поради зголемено количество на крвта во телото. Ако главоболката стане неподнослива, не одложувајте, барајте лекарски совет! Некои трудници се полни со енергија и креативни идеи за изгледот на детската соба, каква количка ќе изберат и каква облека ќе купат за своето бебенце... Други пак со доза на страв гледаат на иднината. Само без грижа, имате уште многу време да се запознаете со тоа мало човече кое расте под вашето срце!
<
Повеќе
Постелката почнува да ја врши својата задача и го обезбедува плодот со кислород и хранливи состојки кои му се потребни за растење и развој.
<
Повеќе
Кога веќе зборуваме за нухална транслуценција (бразда) – одете со идната мајка на тој преглед. Кај многу гинеколози присутството на таткото е посакувано. Прв пат ќе можете да го видите своето дете. И верувајте, по тоа искуство бременоста нема да ви се чини имагинарна. И уште нешто, многу татковци од...
Повеќе
Одењето на забар не е баш интересно, но е препорачливо. Бременоста предизвикува омекнување на непцата кои стануваат подложни на воспаленија. Одењето на забар во бременоста и не е така страшно, бидејќи се работи за превентивен преглед (стоматологот ќе ви објасни дека многу третмани не можат да се прават за време на бременоста поради внесување на лекови во телото. За инекции против болки се одлучува посебно, бидејќи може и подобро е мајката да не трпи болка. Бидејќи храбро ги поднесовте чепкањето во устата и бушењето на забите, заслужувате награда. Веќе подолго сакате нов парфем, зар не?
забава Бремените
Автор: bobik
Прв преглед по позитивен тест за бременост
Двете цртички на тестот носат огромна радост, но и многу прашања. Кога...
Ултразвук во бременоста, што треба да знае трудницата?
Од првата мала слика на екранот до деталниот преглед на развојот на бе...
Најдобри вежби за болки во грбот во бременоста
Болката во грбот е една од честите непријатности во бременоста. Како ш...
Затнат нос и тешко дишење навечер во бременоста
Кога легнувате, наместо да се опуштите, чувствувате дека носот ви се з...
Најтешки симптоми во првиот триместар
Првите недели од бременоста можат да бидат исполнети со возбуда, но и ...