Jeca во 12:19
на тема RE: Трудници, што јадевте денес?
Уште една позитивна страна на бременоста: желбата за секс е незапирлива!
Дали сте приметиле дека небцата ви се потечени и додека ги миете забите ви крварат? Тоа е последица на хормоните и зголеменото количество крв во телото.
Долниот дел на стомакот веќе се заоблува. За стомакот во мала мера е виновна матката која расте, а повеќе се приметува поради надуеност во цревата. Носете комотна облека и размислете како ќе им соопштите на семејството и пријателите дека сте бремени.
Некои трудници мислат дека имаат мачнини цела вечност. Само без паника! Уште малку и телото ќе се навикне на хормоните и ќе се чувствувате подобро. И заморот и главоболката со време (се надеваме што побрзо) ќе се изгубат. Ако мачнината е толку силна што во себе не можете да задржите ниту храна, ниту течност, одете на доктор. Во ретки случаи се препишуваат лекови или чепчиња против повраќање, но сите избегнуваат земање на лекови кои не се неопходни за трудницата.
<
Повеќе
Плодот и понатаму расте со неверојатна брзина и весело плива во огромниот простор кој му е на располагање. За жал, сеуште е премал за да идната мајка ги почувствува неговите пливачки таленти. Сега има од 3 до 3.5 см! А тежок е дури 4 грама. Приближно како четири спајалици за хартија. Срцето весело чука и тоа дури 160 отчукувања во минута. Оваа недела до крај се имаат развиено прстите, по пет на секоја рака! И останатите зглобови се веќе формирани: лактови, зглобовите на рацете, колениците, рамениците.
<
Повеќе
Дали и вие во последно време приметувате само трудници и млади семејства? Токму тоа е дел од подготовката за татковство. Веројатно размислувате што се ќе правите со своето дете. Браво! Така треба. Ништо нема да се случи ако сето ова го споделите со својата трудница. Напротив, се повеќе разговорот ќе...
Повеќе
Во бременоста не се препорачува одење во сауна или претопли купки, поради претоплување на телото. Само топла купка со температура која одговара ги опушта трудниците. Тука еден совет: дозволете си капење во двојка, а потоа веднаш во кревет. На мама и треба убав сон.
забава Бремените
Автор: bobik
Херпес симплекс е еден од најчестите вируси во светот. Многу луѓе го и...
Дали образованието нe подготвува за вистинскиот живот?
Училиштата и факултетите нe учат факти, формули и теории, но животот б...
Знаци на тироиден дисбаланс во бременост
Тироидната жлезда има клучна улога во регулирањето на метаболизмот, ен...
Како зелениот чај може да го подигне расположението?
Зелениот чај е повеќе од освежувачки пијалок. Покрај антиоксидантите и...
Кога ќе се појави инфекција, првото прашање што си го поставуваме е: „...