vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
Јогурт - Добредојде на дневното мени!
Јогуртот е еден од најпопуларните и највкусни млечни производи. Оваа здрава намирница, особено богата со протеин и калциум, може да се употребува како додаток на исхраната или самостоен оброк. Густ, вкусен и освежувачки напиток, јогуртот е корисна навика со која растеме.
Само една чаша Баланс+ јогурт е значаен извор на калциум, фосфор, рибофлавин, јод, цинк и витамин Б5, како и витамин Б12 чија задача е да ги чува црвените крвни зрнца и да помогне во зачувувањето на доброто здравје на нервниот систем. Освен што ја обезбедува потребната витаминска доза, јогуртот исто така е делотворен пијалок за долговечност, го зајакнува имунолошкиот систем и штити од настанување на разни болести, вклучително и некои видови рак. За способноста на овој производ ефективно да ги убива патогените организми сведочат и истражувањата на Американскиот институт за рак, кои покажуваат дека кај луѓето кои секој ден пијат јогурт, стапката на заболеност од тумори е меѓу најниските.
Бактериските култури кои ги има Баланс+ јогуртот ја регулираат работата на желудникот и го нормализираат варењето на храната во дигестивниот тракт. Овој пробиотски ферментиран млечен производ со редовна примена, ја одржува природната рамнотежа на системот за варење, успешно ја регулира столицата, ја намалува подуеноста и болките во стомакот и благотворно влијае на цревната флора.
Овој млечен пијалок е исто така верен сојузник на витката линија, поради калциумот кој ја редуцира работата на масните клетки, а како резултат на тоа тие согоруваат побрзо и помалку се произведуваат во црниот дроб. Една до две чаши јогурт на ден го максимизира губитокот на масти, а го минимизира губењето на мускулна маса – што претставува најсоодветен начин на исхрана препорачлива за секого.
Чаша јогурт помага за брзо опоравување по тренингот поради вистинската доза на протеини и јаглехидрати кои ги содржи. Протеините осигуруваат аминокиселини кои се неопходни за опоравување на мускулите, а јагленохидратите ги обновуваат испразнетите енергетски залихи во мускулите.
3
забава Бремените
Автор: bobik
Како да изберете соодветен метод за контрацепција?
Не постои еден метод за контрацепција кој е најдобар за сите жени. Она...
Гестацискиот дијабетес е состојба во која нивото на шеќерот во крвта с...
Најчести причини за потешкотии со зачнување
Кога бременоста не се случува веднаш, сосема е природно да се појават ...
Недостаток на витамини во бременоста
Бременоста е период во кој потребите на организмот за одредени витамин...
Зголемување на телесната тежина во бременост
Зголемувањето на телесната тежина е природен дел од бременоста. Телото...