|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?

Знаци на пубертет кај девојчињата и момчињата

Редакција Рингераја, 14.9.2018
Промените во пубертетот почнуваат кога мозокот предизвикува производство на полови хормони. Потоа следат физичките промени, но секое дете се развива на свое темпо
Клучни зборови:

image
/11


Пубертетот обично почнува прво кај девојчињата па потоа кај момчињата. За повеќето девојки, пубертетот почнува околу 11-годишна возраст. За момчиња, пак, пубертетот почнува од 10 до 14. Просечната возраст е 12-тата година.

Растот на дојките обично е првиот знак за почетокот на пубертетот кај девојките. Прво, се формираат мали грутки зад брадавиците. Овој процес може да биде болен, но болката си оди штом градите ќе израснат. Немој да се плашите доколку едната дојка расте со поголема брзина од другата. Отокот во градите може да се појави и кај момчињата, но тоа има тенденција да исчезне во рок од една година или две.

Првиот знак на пубертет кај момчињата е зголемување на големината на тестисите. По градите и тестисите почнуваат да растат и влакната на телото. Ќе почне појава на влакна под пазувите, површината околу гениталиите, како и во пределот на брадата кај мажите.

Акните се исто така неизбежен детаљ од пубертетот. Високото ниво на хормони за време на пубертетот ја предизвикува нивната појава. Масните жлезди во овој период се поактивни и децата повеќе се потат. Честата хигиена на телото и лицето ќе помогне во намалување на појавата на акни. Доколку вашето дете има проблем со акните, побарајте совет од дерматолог.

Промени има и во растот и телесната тежина, како кај момчињата така и кај девојчињата.

Менструацијата е знак дека девојчето е и физички возрасна и е во состојба да се забремени. Доколку вашата ќерка нема менструален циклус може да поразговарате со вашиот гинеколог. Обично девојчињата добиваат циклус од 10 до 16 година.

Кон крајот на пубертетот вашиот син ќе има промени во гласот. Ќе добие подлабок глас, гласните жици ќе се задебелат и неговиот грклан ќе се зголеми.

Кога да се јавите на лекар

Следете ги телесните промени на вашето дете  и побарајте помош од доктор во случај ако:

  • Знаците на пубертет се јавуваат кај девојчињата пред 8. година од животот или кај момчињата пред 9. година.
  • Не се јавуваат симптоми на пубертет и покрај тоа што детето има 13 или 14 години

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Зошто кашлицата е најлоша ноќе?
Силната и упорна кашлица често станува уште понепријатна во текот на ноќта, токму кога конечно сте планирале да се одмор...
4
Свинската маст е покорисна од путер?!
Свинската маст е покорисна од путер, вели еден британски нутриционист. Според специјалистот, ова е затоа што содржи моно...
4
Исхрана на едногодишно дете
Кога детето го поминува својот прв роденден, неговите потреби за храна се менуваат. Од млеко и пире, постепено се премин...
4
Што е булинг?
Булингот е секоја форма на непосакувано и агресивно однесување во училиштата, кое не застанува таму, туку продолжува да ...
3




Анкета

Koe ime e najubavo
Kleme788

Koe od ovie zenski iminja e najubavo?

Jana (36%)

Kalina (30%)

Tea (34%)


Број на сите гласови: 152

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!