Jeca во 12:19
на тема RE: Трудници, што јадевте денес?
По осум години истражување Проф. Џонатан Тил од Универзитетот во Харвард и Др. Евелин Телфер од Универзитетот во Единбург, успеаја да произведат јајце клетки од матични клетки, во лабораторија.
Во следната година имаат намера овие јајце клетки да ги оплодат со сперматозоиди, а ембрионите кои ќе настанат на тој начин да ги проучуваат 14 дена (што е законска норма во Велика Британија), за да се утврди дали се здрави.
По две недели ембрионите ќе бидат замрзнати или отфрлени. Но ако експериментот биде успешен, тој метод може да им овозможи на неплодните и жените во менопауза да станат мајки.
Матични клетки
“Наскоро, од британската организација за ембриологија и хумано оплодување (HFEA) ќе побараме дозвола за продолжување на истражувањето. Можеме ли уште оваа година да очекуваме оплодување на јајце клетките со сператозоиди? Да, апсолутно!” – изјави Др. Евелин Телфер.
Нејзините и испитувањата на Проф. Тил ја доведуваат во прашање 60 години старата теорија на британскиот научник Соли Закерман. Според таа догма од 1951.година, женките на сите цицачи, вклучувајќи го и човекот, се раѓаат со одреден број на јајце клетки.
Големо откритие!
Со други зборови, ткивото на јајниците може да послужи како непресушен извор на јајце клетки. Студијата на Тил, кој експериментирал на глувци и кој докажал дека може да се произведат јајце клетки од матични клетки, предизвикала остри и негативни критики.
Иако тогаш била меѓу критизерите на Тил, Др. Евелин Телфер почнала да соработува со колега од Бостон. Пресврт во нивните истражувања се случил во 2009.година.
14
6
6
5
забава Бремените
Автор: bobik
Што се Кегелови вежби и зошто се важни?
Кегеловите вежби се едноставни вежби кои ги зајакнуваат мускулите на к...
Како да ги балансирате хормоните за подобра плодност?
Хормоните играат клучна улога во репродуктивното здравје. Тие го регул...
Колку трае нормален менструален циклус?
Менструалниот циклус е важен показател за репродуктивното здравје на ж...
Зошто не чувствувам радост дека сум бремена?
Оваа појава е сосема нормална. Иако општеството често прикажува дека б...
Разлика меѓу обична и базална телесна температура
Телесната температура може да се мери на различни начини и во различни...