|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Млади родители - здраво дете?

www.doktori.mk, 28.2.2014
Староста на родителите е зависна, право пропорционално со зголемување на ризикот од раѓење на деца со пречки. Затоа совет од сите експерти е да размислите добро секогаш пред да се одлучите да имате дете, а сте во постара возраст

image
/11


 

 

"Таа имаше 35 години, го запозна него. Тој беше висок и симпатичен човек, на возраст од 45 години. Се засакаа и се зближија. За две години одлучија да се венчаат, сега таа имаше 37, а тој 47. Бракот им одеше совршено, се беше супер се додека после една година не добија принова. Се роди малата Грејс.  Девојчето до своите 6 месеци по ништо не се разликуваше од останатите, а потоа работите започнаа да стануваат чудни. Младата Грејс беше многу тивка за нејзината возраст, педијатaрот чувствуваше скриена загриженост. Во супер маркетот таа воопшто не ги забележуваше убавите шарени играчки, блескавите лампиони и убавата елка која го одбележуваше наближувањето на божиќ. Таа беше затворена некаде длабоко во себе, многу касно почна да ползи, а дури на две години почна да оди. Не сакаше да комуницираше со никого, јадеше само јадења која таа ги сакаше и не обрнуваше внимание на никој кој ја довикуваше. Беше затворена во својот свет, таа беше девојче со типична слика на АУТИЗАМ -  се присетува нејзината мајка ..."

 

Бројни истражувања биле спроведени во врска со староста на родителите и здравјето на новороденчињата. Првите истражувања јасно ја покажаа поврзаноста помеѓу староста на мајката и здравјето на детето и првичните обвинувања паднаа само врз мајката. Но, подоцнежните истражувања покажаа дека староста и на мајката и на таткото се важни за раѓање на здраво дете. Ова не укажува на факт дека доколку мајката и таткото се во постара возраст дека детето со сигурност ќе има генетски или друг тип на последици, но укажува дека ризикот е неколкукратно повисок. Поради ова научниците ги советуваат родителите кои се во постара возраст дека за време на бременоста треба да бидат многу внимателни и да прават многу повеќе контроли и прегледи од вообичаеното.

Дауновиот синдром е прв кој беше докажан и поврзан со староста на жената и денес со сигурност се знае дека жените кои се над 35 годишна возраст имаат неколкукратно поголем ризик да родат дете со даунов синдорм. Но, возраста и на мајката и на таткото е одговорна за здравјето на новороденчето, па така новите истражувања докажале дека староста на таткото може да биде поврзана со појава на аутизам, шизофренија,  ментални проблеми, проблеми во развојот, расцеп на непцето и слични фенотипски деформации.

Истражување кое е направено во Израел спроведено на 89 907 деца, прецизно покажува дека мажите кои се над 45 годишна возраст имаат за  3 пати поголем ризик да добијат дете кое ќе пати од шизофренија, во споредба со мажите кои се на 25 годишна возраст. Израелските научници јасно опоменуваат дека биолошкиот часовник отчукува и на жените и на мажите и дека треба јасно да размислат кога и дали е време за нов пород. Други истражувања пак покажуваат поврзаност помеѓу староста на родителите и појавата на рак на дојка на децата подоцна во животот, и многу други поврзаности. 

Како и да е, накратко сумирано можеме да заклучиме дека староста на родителите е зависна, право пропорционално со зголемување на ризикот од раѓење на деца со пречки (од било каква природа). Затоа совет од сите експерти е да размислите добро секогаш пред да се одлучите да имате дете, а сте во постара возраст. Доколку сепак се одлучите на тој чекор, тогаш морате максимално да внимавате, да правите многу контроли, прегледи и да се советувате со вашиот гинеколог и педијатар редовно.

 

 

doktori.mk.logo

 

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Не ги правете овие 7 работи додека се поро...
Еве ги моите 7 совети за тоа што НЕ треба да правите за време на породувањето:
29
Развој на фетусот месец по месец - видео
Бремена сте? Честитки! Дали сте љубопитни колку е големо вашето неродено бебе во развој, како изгледа вашето бебе додека...
8
7 тајни за полесно породување
Нестрпливо го очекувате големиот ден и полни сте со надеж за беспрекорно раѓање. Како ќе течат настаните во голема мер...
7
Секс во бременоста, како да се расположите?
Сега кога сте бремени апстинирате со секс? Иако и ова е сосема нормално, има придобивки од сексот за време на бременоста...
5




Анкета

vtora bremenost
dragana92

Sto bi napravile dokolku zabremenite ako vaset_o prvo bebe e pomalo od 1 godinka? Dali bi ja prodolzile bremenosta ili ne?

DA so radost (64%)

DA bidejki se plasam od abortus (4%)

NE (ne sum podgotvena za vtoro bebe tolku brzo) (14%)

Bi se sovetuvala so ginekolog (5%)

Bi se sovetuvala so soprugot (13%)


Број на сите гласови: 251

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!