Jeca во 12:26
на тема RE: Работа од дома
Велат дека убавиот збор железни врати отвора.
Се' започна со еден убав, срамежлив, низ мака изговорен збор. Тоа беше и повеќе од голем поттик за членовите на Рингераја.мк самоиницијативно да се организираат и да започнат една прекрасна, хуманитарна акција, за собирање на облека за 3-годишното дете на една самохрана мајка.
Се што штедам е изгубено, а се што давам е мое. Се што сум дал, сеуште го имам, а се што сум собрал исчезнало, отишло...
Мислевме да предизвикаме двојно повеќе среќа и двојно поголем ефект од дружбата, па ја поканивме Ребека заедно со децата од Здружението за деца со пречки во развојот "Дајте ни крилја", да ни се придружи.
Одлуката падна: ЌЕ СЕ ОРГАНИЗИРА ЗАЕДНИЧКО ДРУЖЕЊЕ НА "Дајте ни крилја" и Рингераја.мк на коe ќе биде доделена облека, средства за хигиена, играчки за синчето на самохрана мајка - донација на членовите на Рингераја и рачно изработени играчки од проектот "Прегратка на дар", за децата со пречки во развојот, кои се дел од Здружението "Дајте ни крилја".
Ребека:
„Лицата со хендикеп треба да бидат ставени на пиедестал, згрижени, почитувани, сакани, прифатени и разбрани. Тие се тука меѓу нас, не треба да се плашиме од нив, ниту да ги избегнуваме. Тие се наша одговорност, на секој од нас по малку, а не само на државата, тие се огледало на нашата социјална одговорност и солидарност. Тагата, тежината која тие ја имаат е поголема од тоа да не можеме да ги погледнеме и да им помогнеме затоа што нам ни е тешко да тагуваме над нивната судбина. Треба да им пружиме рака, да им помогнеме и да им дадеме крилја.“
Јулијана Василеска:
Членовите на Рингераја.мк повторно, пријатно не' изненадија. Веднаш стапија во акција и се организираа самостојно, подготвени да подарат дел од облеката, храната и козметиката на своето дете, на детето на самохрана мајка. Посебно ми е драго тоа што оваа акција доби пошироки размери и прерасна во дружење на децата на членовите на Рингераја, со децата со пречки во развојот. Рингераја уште еднаш ќе покаже дека се труди да влијае во социјализација на децата со пречки во развојот во општеството. И не само тоа, на овој начин ќе им покажеме и на другите дечиња дека нивните другарчиња не се ништо поразлични од нив, дека и нивното срце чука во детски ритам.
РИНГЕРАЈА И "ДАЈТЕ НИ КРИЛЈА" ВЕ КАНАТ НА НЕЗАБОРАВНА ДРУЖБА
Место - игротека Дримленд во Соравија
Време - на 12 февруари, недела, од 10 до 11:45 часот
Ве очекуваме!
Покровител на акцијата "Прегратка на Дар" е HealthAid – BabyVit. Акцијата е поддржана и со грант од програмата CIVICA Mobilitas, имплементирана од ЦИРа и финансиски поддржана од SDC. |
3
2
2
2
забава Бремените
Автор: bobik
Први протеински намирници во дохраната: како и кога?
Воведувањето на протеините во исхраната на бебето е важен чекор во нег...
Лекциите на животот доаѓаат тивко
Животот нe учи на лекции кога најмалку очекуваме. ...
Како да забремените со ендометриоза?
Дијагнозата на ендометриоза може да биде загрижувачка за многу жени, о...
Верувајте во процесот и вашето бебе ќе дојде
Кога еден пар ќе одлучи дека е време за бебе, очекувањето често е дека...
Секое бебе индивидуално се развива во мајчиниот стомак
Многу родители се изненадуваат кога ќе слушнат дека развојот на секое ...
Секс.
пеперутка16
После сексот со сопругот, ти?