|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Зачувувањето на матични клетки е спасување живот

www.kurir.mk, 21.11.2011
Зачувувањето на матичните клетки е светски тренд кој симболизира грижа. Не е луксуз, туку потреба и не е обичен туку животоспасувачки зафат.
Клучни зборови:

/11


 

Cryo - Save е прва и најголема банка за матични клетки во Европа, присутна во 40 земји во светот.  Во Македонија е присутна преку компанијата Би-Мек која успешно оперира на пазарот веќе 5 години. Но многумина не знаат за добробитот од постоењето на ова претставништво во земјава. Затоа разговаравме со доктор Даница Алачка, менаџер на Cryo – Save.

-Се работи за тип на матични клетки, кои со оглед на нивните клеточни карактеристики брзо се делат и се размножуваат, овозможуваат обнова на сите клетки и ткива во организмот. Се користат секаде каде што постои оштетување на функцијата или анатомски на ткивото и органите за нивно обновување.

Во земјава сеуште со доза на сомневање се говори за зачувувањето на матичните клетки на новороденчето. Поради неинформираност или страв, Македонките ретко при породување се одлучуваат на ова. Најчесто поставувано прашање е следново –Зошто денес е важно да се зачуваат матични клетки

-Суштината на нивното зачувување е да секое дете кое се раѓа, на своето раѓање да го зачува овој скапоцен материјал со оглед на тоа што нивната концентрација ја има во доволна бројка во крвта од папочната врвца и нивниот квалитет е најдобар во моментот на раѓањето. Од друга страна, папочната врвца секако е класифицирана како медицински отпад и секако се фрла. Од тука е идејата зошто таа да не се искористи и зачува.

Науката се развива со многу брз ритам, денес веќе се користи можноста за употреба на матичните клетки во третман на голем број на сериозни болести, како што се на пример одредени сериозни заболувања на крвта, болести на имунолошкиот систем и одредени форми на рак.

Постапката за зачувување на матични клетки е лесна и безболна. Станува збор за кратка и едноставна рутинска процедура која е комплетно безопасна и за мајката и за бебето.

Може ли секој да си ја дозволи оваа значајна, но скапа процедура. Поставувајќи си го ова прашање, многу потенцијални клиенти не се одлучуваат на истата.

-Можеби цената за 20 годишен период звучи висока за наш стандард. Едниот пакет е 1750 евра, а другиот е нешто повеќе од 2000 евра. Но кога тоа би се поделило на важноста од 20 години, ќе испадне 7 евра месечно.

За семејствата во кои постои сомневање дека бебето кое го очекуваат ќе наследи или добие некаква генетска болест, поради болест на родителите или првото дете, зачувувањето на матичните клетки може да се направи и бесплатно. На 4 македонски семејства веќе им беше помогнато и овозможено тоа.

Cryo – Save може да се пофали со неколку значајни признанија и сертификати. Најново е признанието национална акредитација за безбедносни процедури, што за клиентите претставува дополнителна гаранција и доказ за безбедност.

Целото интервју со доктор Даница Алачка погледнете го во видеото.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Бремена невеста: да или не?
Често се случува во денешно време девојката да остане бремена пред парот воопшто да разговара за стапување во брак. Во т...
4
7 знаци дека ќе се породите за 24-48 часа
Ако сте за прв пат мама, веројатно постојано ви се чини дека ги препознавате раните знаци на породување. Навистина се ра...
4
Ова се најстарите родилки на светот
Многу жени со години се соочувaaт со неможноста да останат бремени, но ретки се тие колку се толку упорни, што во седмат...
4
Колку вода да пиете додека сте бремени?
Предлогот за пиење вода за време на бременоста е околу шест до осум чаши вода на ден“, објаснува д-р Едвард Марут, репро...
3