Мамма во 18:19
на тема Песнички на македонски
Гинекологија и акушерство Чаир е второ по големина родилиште во земјава каде на годишно ниво се раѓаат околу 3.000 бебиња. Поразговаравме со директорот на ЈЗУ Специјална болница за гинекологија и акушерство Чаир, Др. Мендух Јегени кој пред се е голем хуманист, доктор специјалист кому здравјето на родилката и бебето му се на прво место, а се труди со својата функција тоа да им го наметне и на своите доктори и целиот персонал во болницата. Значи, пациентите се најважни.
Неговиот апел до сите жени кои се бремени или во иднина планираат да забременат е тие слободно да дојдат во болницата Чаир на породување без никаков страв и предрасуди, бидејќи болницата е од отворен тип (неселективна) и секој пациент е добредојден. Хигиената и квалитетот на исхраната се на едно високо ниво, а калориската потреба е прилагодена според здравствената состојба на пациентот. Болницата работи според стандарди и правила и е под постојани контроли.
Кога се работи за породувањата, најголем процент се природни, вагинални, но во случаи кога е загрозено здравјето на родилката или бебето, без размилување се оди на царски рез. Родилките со природно породување во болницата остануваат 2 до 3 дена, а оние кои родиле со царски остануваат од 5 до 7 дена, нормално и во двата случаи доколку е се во ред со мајката и бебето. Во спротивно, се задржуваат на болничко лекување додека не се стабилизира здравствената состојба.
Во болницата е задолжителнa едукацијатa на родилките за доење на своите бебиња и се што е поврзано со хигиената за него. Сестрите се должни да одговорат на секое прашање што го има родилката поврзано со доењето или здравјето на нејзиното бебе. А за да функционира се во нормален ред, најзаслужна е главната сестра Нихел Касум, која максимално го вложува својот труд во работата и обврските кои ги има.
Во болницата има три апартмани со сопствен тоалет и дозволени посети до 23 часот (дозволени се двајца при посета во апартман). Детето е со вас, но доколку сакате да се одморите слободно можете да повикате сестра да се погрижи за бебето. Еден ден во апартман чини 1500 денари.
Важно е да се спомене дека болницата за гинекологија и акушерство "Чаир" стартуваше со првата фаза од реконструкција на објектот, која ќе чини околу 200.000 евра. Реконструкцијата е овозможена преку донација на Владата на Норвешка и Фондацијата Норвак. Санација на покривот веќе е направена, а кон крајот на септември ќе се започне и со останатиот дел за реновирање.
- Почнавме со реконструкции во стариот дел, а со завршување на новата зграда ќе добиеме една од помодерните болници во регионот, ни кажа Др. Јегени. Тој нагласи дека и здравствените услуги ќе бидат подигнати на повисоко ниво. Но она, на што Др. Јегени се пожали е дека имаат недостаток на медицински кадар, но дека се надева оти проблемот ќе го надминат со враќање на докторите од специјализација.
На приватно поле Др. Јегени е фамилијарен човек, кој има два синови, но на прашањето колку има време за себе и за фамилијата ни одговори:
“Фамилијата има големо разбирање за мојата работа и обрските кои ги носи таа со себе, но јас плаќам голем данок со мојата професија. Многу често се запоставени, а и она малку време што го имам се трудам максимално да го искористам да им надоместам. За својата професија со своите синови разговарав уште додека беа мали, бидејќи родителот е тој кој треба да му објасни на детето што и како работи, преку отворен разговор и без никакви предрасуди. Така децата полесно ќе го разберат и прифатат отсуството на родителот од дома.”
За себе нема време, но се во служба на професијата и доброто на пациентите.
забава Бремените
Автор: bobik
Придобивки од млекото и млечните производи за здравјето
Млекото и млечните производи се дел од традиционалната исхрана во мног...
Кога детето го поминува својот прв роденден, неговите потреби за храна...
Што се матични клетки и зошто се толку важни?
Во светот на медицината постојат многу зборови што звучат како научна ...
Гастритис – што е и како се лекува?
Гастритисот е воспаление на слузницата на желудникот, состојба која мо...
Кога сте родител на бебе, секојдневните обврски стануваат вистинска ми...
Миење на долниот дел.
пеперутка16
Дали твојот сопруг ја менува облеката на детето, мислам миење на долниот дел и менување на пелената?