|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Вашето дете станува ученик

Редакција Рингераја, 1.9.2014
Што треба да направите пред почетокот на учебната година?

image
/11


 

  • Одредете го и уредете го местото за учење.
  • Купувајте заедно опрема за на училиште.
  • Прелистајте ги школските книги.
  • Детето треба да ги нареди книгите и училишниот прибор во своето шкафче.
  • Разговарате за училиштето и раскажувајте му ги на детето своите училишни искуства.
  • Нагласувајте ја важноста на исполнувањето на обврските, договорете детски обврски.
  • запознајте и вежбајте ги со детето основите на убаво и пристојно однесување (на возрасен се обраќа со вие, се поздравува со фала, молам, детето чека да добиие збор и културно се однесува додека јаде).
  • Пред да тргне на училиште детето треба да знае само да се облече, да се нахрани и да одржува лична хигиена.
  • Изодете го патот од дома до училиште неколку пати.
  • Разговарајте за стратегиите на учење (пишување домашна, вежбање, читање, повторување).
  • Истакнете ги упорноста и вредноста како клучеви на успехот.

 

Училиштето започна

  • Договорете време на учење.
  • Заедно со детето направете распоред на учење (пишување задачи, вежбање читање, вежбање математика) и барајте од  детето да се придржува.
  • Барајте од детето да го одржува уредно местото за учење.
  • Покажете интерес за случувањата во училиште.
  • Контролирајте колку работи детето дома и на училиште.
  • Поттикнете го детето да работи и да го исполнува договореното.
  • Поттикнете го детето самостојно да го подготвува потребниот прибор за следниот ден на училиште – пофалете ја успешно завршената работа.
  • Ако детето не помни што има за задача научете го да ги означува задачите (Ч-читање, П-пишување...) Разговарајте со учителката за таа да обрне поголемо внимание на редовно напишаните домашни задачи.
  • Немојте да работите наместо детето (не пишувајте задачи, не местете му ги книгите)
  • Не пкажувајте разочарување ако детето доживее  неуспех, туку заедно со него развијте стратегија за успех.
  • Не зборувајте против училиштето и учителката пред детето.
  • Обидете се да ги прилагодите вашите очекувања  со реалните можности.
  • Разговарајте за своите родителски недоумици со другите родители, со учителката или со стручен соработнк.

Најчести училишни правила

  • Родителите можат да разговараат со учителката во деновите за прием.
  • Родителите кои дошле на разговор го чекаат учителот на влезот во училиштето.
  • Личноста која влегува во училиштето треба да му се пријави на дежурниот ученик.
  • Во и околу училиштето е забрането пушење, пиење алкохол, носење оружје, пишување по ѕидови и по инвентарот во училниците и внесување на списанија со непримерна содржина.
  • Учениците можат да престојуваат во училиште во времето кое е предвидено за настава и останати облици на развојно-образовна работа.
  • Ученикот е должен да дојде на училиште најмалку 10 минути пред почетокот  на наставата, а да го напушти училиштето  најдоцна до 15 минути по завршувањето на училишните обврски.
  • За време на малиот одмор учениците не смеат да ја напуштат зградата, а за време на големиот одмор можат да престојуваат во дворот на училиштето, но не смеат да излегуваат надвор.
  • Кога ја напуштаат училницата треба да ги земат своите лични работи, или да ги стават во шкафче.
  • Училиштето не сноси одговорност за исчезнувањето на лични работи или пари на учениците, за време на нивниот престој во училиште.
  • Ученикот не смее да користи мобилен додека е на настава.
  • Родителите се долни да се грижат детето редовно да посетува настава.
  • Родителите имаат должност да се грижат за сестрано образование на своето дете и да ги поттикнуваат неговите уметнички, технички, спортски и други интереси.
  • Должност на родителот е да присуствува на родителските средби.

 

Поттикнувајте го детето со овие пораки

  • Верувам во тебе
  • Знам дека можеш
  • Те слушам
  • Се грижам за тебе
  • Многу си ми важен/на
  • Ти верувам

 

ВИ  ПОСАКУВАМЕ  СРЕЌНИ  И  УСПЕШНИ  УЧИЛИШНИ  ДЕНОВИ!


Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Детска непослушност: Ти не си ми шеф!
Непослушност. Она што најмногу ги мачи родителите. Вие треба да сте главни, нели? Но што правиме кога не можете да се сп...
4
Што да јадат децата за да имаат здрави заби?
Сите сме слушнале дека млекото гради силни коски. Но, дали знаевте дека вашата севкупна исхрана придонесува за вашето ор...
4
Крвна слика кај децата и нејзино значење
Од наодите на крвната слика можеме да видиме присуство на анемија, инфекција (бактериска или вирусна), алергија, паразит...
4
Силна жена
Ти силна жено, колку болки, колку ножеви те распараа, жено? Колку ли страдања преживеа жено? Еј, ти жено...
4




Анкета

Носот.
пеперутка16

Како го чистите носот на малите деца?