|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Таблета против скржавост

Редакција Рингераја, 14.12.2011
Дарежливоста ќе направи човекот да биде сакан и од неговите противници, а скржавоста ќе предизвика омраза дури и кај неговите деца

image
/11


 

Помогнете ни заедно да влијаеме во изградба на подобро општество и да ги израдуваме болните дечиња за време на Новогодишните празници.

 ГРАМ ЉУБОВ за ТОН ЗДРАВЈЕ

 

 

Скржавите луѓе по правило се осамени, бидејќи нивната мана ги одбива луѓето. Скржавоста е знак за проблеми во врските – пријателски, роднински, љубовни и проблеми на работа. Овде ќе се фатиме во костец со овие лоши особини, за да го подобриме својот однос со околината и со тоа да станеме посреќни и поуспешни.

Скржавоста може да има повеќе облици, но сите се сведуваат на : што помалку за другите, тоа повеќе за мене.

Попратни особини на скржавиот човек се: нагласена нечувствителност, емоционална празнина, недостаток на грижа и љубов кон другите.

Многумина ја мешаат скржавоста со штедливост и скромност, па овде ќе направиме разлика.

  • Ако не трошиме залудно и не сме расипни, но сепак трошиме на битни работи тогаш тоа е штедливост, а не скржавост.
  • Ако сме растеле во семејство каде заради сиромаштија бил значаен секој денар тогаш не краси рационалност, а не скржавост.
  • Ако не трошиме бидејќи немаме потреба за луксуз, туку имаме се' што ни е потребно, тогаш тоа е скромност, а не скржавост.
  • Ако сме внимателни за да не се најдеме во криза или незгодна ситуација, тогаш тоа е внимателност, а не скржавост.
  • Ако не им купуваме на своите деца се' што ќе посакаат, тогаш тоа е умереност, а не скржавост.

Во очите на многумина нечие однесување може да биде интерпретирано како скржавост, иако таа личност е многу карактерна. Таков пример е некој кој два пати ќе размисли пред да потроши, не купува импулсивно, почесто шие облека, отколку што купува, почесто руча дома отколку во ресторан, почесто оди пешки, наместо да земе такси и нема пукнатини во душата кои сака да ги исполни со шопинг. Ако на таа личност не и е жал да ги потроши парите на она што ја прави среќна, тоа докажува дека не се работи за скржавост. Напротив, таквата личност има исклучителна способност за самоконтрола и не паѓа во депресија ако нешто не може да купи во моментот кога ќе го здогледа. На таква личност треба да се огледаме, а не да ја критикуваме.

 

Златото не му припаѓа на скржавецот, скржавецот му припаѓа на златото – Арапска поговорка

 

Последици на скржавоста:

  • Скржавоста ја злоупотребува енергијата, ги намалува можностите, искуството, ги намалува видиците, го блокира потенцијалот и ја затвора вратата на животот.
  • Скржавите луѓе привлекуваат скржави и себични луѓе околу себе.
  • Скржавоста влијае на здравјето – се манифестира како затегнатост, стегнатост, го блокира протокот на енергија низ телото.
  • Скржавоста влијае на пријателствата – изразено е непријателството на средината, скржавецот предизвикува одбивност кај луѓето, изложен е на исмејување од околината.
  • Скржавоста влијае на љубовта – скржавецот не ги покажува своите емоции, не одвојува време за други лица, скржав е на зборови и дела и често е осамен.

 

Дарежливоста ќе направи човекот да биде сакан и од неговите противници, а скржавоста ќе предизвика омраза дури и кај неговите деца – непознат автор

 

Зошто се бориме против скржавоста?

Да ја искорениме скржавоста значи:

  • Да воспоставиме примерни меѓучовечки односи и така да ги поправиме роднинските, пријателските и врските на работното место. Со тоа ќе избегнеме да станеме жртва на туѓата скржавост.
  • Да го подобриме своето здравје кое е затворено со енергетски блокади.
  • Да доживееме вистинска љубов низ несебично давање и примање со саканата личност.
  • Да ги зацврстиме доблестите: великодушност, несебичност, широкоградост, дарежливост, племенитост, алтруизам, љубезност, сочувство, емпатија, љубов и сите останати кои ни овозможуваат напредување, создавање и остварување.
  • Да завладееме со вештините: способност за комуницирање, мотивирање на другите, решавање на конфликти, прифаќање на промени, создавање врски, способност за работа во група, способност на управување, решавање на проблеми и препреки, самопочитување, позитивно размислување, флексибилност...

 

Таблета против скржавост

Кој жали за клинот, ќе ја изгуби и потковицата – Босанска изрека

  1. Заменете ја скржавоста со некоја друга карактерна особина која е позитивна и ги надградува Вашите желби, цели и соништа. Тоа не значи дека треба секогаш великодушно да подарувате, но можете да почнете со мали чекори, па потоа да си дозволите и повеќе да дојде до израз Вашата исконска љубезност, сочувство и емпатија. Кога ќе забележите дека околината Ви возвраќа со иста мера, тоа ќе Ве поттикне што повеќе да ја надградувате и практикувате великодушноста.
  2. Дистанцирајте се од скржавоста без да ја нагласувате великодушноста. Имено, не морате скржавоста да ја замените со некоја добра особина. Понекогаш е добро само да се направи чекор, кој ќе претставува дистанцирање, а не чекор напред.
  3. Поставете си нови приоритети – поставете го духовното над материјалното, битното над небитното. Што е поважно да се има: пријатели и среќна љубовна врска, или пари? И едното и другото се неопходни, но што е поважно за човек да биде среќен?
  4. Негувајте ја Вашата душа – препознајте дека сте душа, а не мозок и тело, дека не сте ограничени во своите мозочни и телесни способности, туку сте неограничена душа за која се' е возможно.

 

Заради тоа, не допуштајте Вашата душа да биде гладна.

 

Користени материјали: Zivotna skola



 

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Приказната за Јана - 3 Дел
3. Дел од приказната-За сите Вас кои ќе изработувате играчки-прегратки и ќе учествувате во акцијата Прегратка на Дар 201...
2
Приказната за Јана - 2 Дел
2. Дел од приказната-За сите Вас кои ќе изработувате играчки-прегратки и ќе учествувате во акцијата Прегратка на Дар 201...
2
Приказната за Јана - 1 дел
1. Дел од приказната-За сите Вас кои ќе изработувате играчки-прегратки и ќе учествувате во акцијата Прегратка на Дар 201...
2
Правилник за родители за учество во проектот
Во проектот Прегратка на Дар се поканети да се вклучат и Македонските семејства. Играчки веќе се изработуваат од корисни...
2




Анкета

Носот.
пеперутка16

Како го чистите носот на малите деца?