|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Светкави тоалети и интензивни бои на Оскар 2018

Редакција Рингераја, 5.3.2018
Најѕвездената и најдолгата ноќ Холивуд, вечерта на доделувањето на филмските награди Оскари, донесе нова доза на светкав и драматичен црвен килим. Металик фустани, светкави ткаении, како и тоалети во интензивни тонови носеа холивудските ѕвезди

image
/11


 

Во блескаво издание се појавија Џенифер Лоренс во златен фустан на „Диор“, Лупита Нионго во модел на „Версаче“, Сандра Булок во свилен фустан украсен со злато на „Луј Витон“, а тесен светкав фустан со реси носеше Гал Гадот.

1

 

Фустани во јаки бои носеа Џенифер Гарднер, Никол Кидман, Ешли Џад, а во жар црвено беа облечени Алисон Џени и Мерил Стрип.

 

2

 

3

 

Нови стилски ѕвезди кои блеснаа на цвениот килим на Оскарите 2018 се Серша Ронан во светло розов фустан со волуменозна панделка на Келвин Клајн, и младата Зендаја која вчера носеше асиметричен фустан со набран дел на едното рамо од Џанбатиста Вали.

4

 

5

 

Исто така на црвениот килим на Оскарите заедничко беше што актерките избраа храбри креации кои го откриваат деколтето, грбот, или пак нозете под фустаните со висок шлиц, како и прирпиените креации кои ја откриваат силуетата.

 

6

 

Доминираа и бели и посветли тоалети – номинираната за Оскар Марго Роби носеше бел фустан од „Шанел“, а посветла палета избраа и Емили Блант, Лора Дерн и Алисон Вилијамс.

 

7

 

Ема Стоун како ново заштитно лице на „Луј Витон“ се појави во креација на овој париски бренд, но наместо фустан тоа беа сатенски панталони и бордо сако. Невообичаен беше и изборот на пејачката Сент Винсет која облече ултра кратка креација, дело на Ентони Вакарело за „Сен Лоран“. Мора да признаеме дека мини фустаните скоро никогаш не се избор за на црвениот килим на Оскарите.

 

7

 

Извонредно изгледаа повозрасните актерки кои одржаа лекција по холивудски гламур – ја видовме 93-годишната Ева Мари Сент во елегантен црн фустан со бели детали, 80-годишната Џејн Фонда изгледаше одлично во бел, тесен фустан со нагласени раменици и деколте на „Балман“, а Рита Морено се појави во истата креација што ја носеше кога пред 56 години го доби Оскарот за улогата во „Приказна од западната страна“.

 

8

 

Еве уште еден избор на изгледи од вчерашните Оскаи 2018…

 

9

 

10

 

Преземено: Stylist.mk


Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Тест: Изберете Велигденско јајце
Кое е првото јајце кое ви падна в очи? Погледнете што значи. Тест: Изберете Велигденско јајце
4
15 DIY Велигденски изработки
Во пресрет на Велигден, еве неколку идеи кои ќе ви послужат за да поминете креативно време со вашите деца. Тоа вклучува ...
4
За вечно младо лице – напиток од три состојки
Тајната на младешкиот изглед не се крие само во скапите кремови, туку и во природните рецепти од зеленчук кои не само шт...
3
Совети за убавина во текот на бременоста
Сте се запрашале ли некогаш како познатите актерки, модели и пејачки изгледаат секогаш средено и совршено за време на бр...
3




Анкета

Носот.
пеперутка16

Како го чистите носот на малите деца?