|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

strelec 8: Мојата породилна приказна

Редакција Рингераја, 31.1.2011
Моментот кога јас се претворив во “ние”

image
/11


 

Моментот кој го очекувате цели девет месеци, а едвај чекате да помине. Моментот за кој живеете и мечтаете цел живот, а кога ќе дојде - умирате од страв. Единствениот момент во кој сите болки, солзи, стравови и трепети ви ја носат најголемата среќа во животот.

ВАШИОТ момент на породување!

 

 

Детали

Ник: strelec 8

Датум на породување: 12.10.2010 година

Тип на породување: природно

Болница: на барање на корисникот, не го објавуваме местото на породување.

 

 

 

Еве веќе два часа се мислам како да ја почнам мојата породилна приказана.

Првото дете цицаше од мене 18 месеци. Го одбив и имав проблем со градите и докторот ми препорача бромергон. Полошо чувство сум немала до сега. Како пијана бев по цел ден, на работа лежев на биро. После два дена почнаа грчевите во стомакот, големи болки. Бев ослабена 11 килограми и си викам овие се јаки хормонски апчиња, па ми го надразниле стомакот. Се полошо стануваше. Не ми доаѓаше месечен циклус, повраќав и се тресев. Колешката ми велеше да направам тест за бременост. Направив, беше негативен.

Отидов на интерно и докторот ме праша да не сум трудна, јас викам не, зошто правев тест а се превртував пред него од болки. Ми дадоа некои апчиња и сируп. Кога дојдов дома за инает направив уште еден тест, беше негативен. Може ќе кажете дека сум била глупава и зошто не сум отишла на гинеколог, ама тестовите беа негативни. Се повеќе повраќав и ме задржаа во болница. Ми ставаа инфузии и престанаа болките. Во отпусната листа стоеше дијагноза гастритис и анорексија. Еееееј... анорексија. Решив за некој ден да одам на гинеколог. Во меѓувреме направив уште еден тест зошто веќе три месеци не ми идеше циклус и тој пак беше негативен. Одам накај гинеколог и се некои црни мисли. Леле сега тоа бромергонот ако ми направил некои инфекции, ако пореметил нешто... Ми зеде прво пап тест и ми вика дека матката ми е чудна. Седнувам на ехо и како што ми беа нозете свиткани ме удри една по нив и ми вика не си била трудна, а еве види и ми го сврте екранот и голема црна точка.

Шок! Трети месец си бремена - рече. Јас молчев и се почувствував заостаната. А зошто тогаш тестовите беа негативни?

Отидов дома и му кажувам на маж ми. Тој целиот збунет ! А јас си мислам на лекарствата што ги примав и што ми ставиле во инфузиите. Требаше да се породам на 12.10.2010 година.

Супер бременост беше, зошто беше втора, се си знаев и не паничев за ништо. Дојде 11.10.2010 а од пораѓање ништо. Ни болка, ни водењак да пукне, ниту болка во половината. Му викам на мм утре ќе одиме на гинеколог. И сега јас некои глупави прашања со торба ли да одам? А ако ме задржат? А да се јавам прво оти гинекологот не беше во мојот град? Маж ми станувше нервозен на моите прашања. Тој ден на 11 октомври имав грчеви во стомакот. Не знаев од што ме боли стомакот, дали е тоа тоа или од некое јадење.  Не беа болки какви што ги знам, туку грчеви кои не ми беа познати.

Малиот го заспав околу 21:00 часот и маж ми заспа оти беше од 00:00 часот на работа. Јас си гледав ТВ и околу 22:00 часот почувствував дека да ми истече малку вода. Малку е си викам, пукна малку, па нема да го будам маж ми, нека спие. Го зедов часовникот во раце и ги бројам грчевите. Беа на 11 мин. Надвор почна да врне, да истура дожд. Е сега ли мораше? Стана маж ми во 00:00 часот. Му велам дека ми  пукна малку водењакот. Болки имав на 8 мин. Се договоривме да оди на работа и кога ќе станат болките на 5 мин. да му се јавам. Отиде а јас се истуширав и ја спремив торбата. Околу 02:00 часот му се јавив и отидовме. Надвор дожд, дожд, ни улица се гледаше, ни тротоар, а не чекаше пат околу пола час. Му кажав на маж ми дека кога ќе му кажам да подзастане да вози полека зошто тогаш е болката. Додека да стигнеме требаше да поминеме три села, а таму патот беше много лош, полн со дупки. Му викам на маж ми да ги избегнува дупките. Уште се смееме за тие дупки, ем болки имав, ем немаше дупка што не ја промашивме, во сите влеговме.

Стигнавме околу 02:30 часот, не пречека сестрата и ме стави на ЦТГ. Го пуштив маж ми да си оди. Многу беше ладно. Уште не беше почната сезоната за греење а не го пуштиле парното. Се заледив. На сите маки и се тресев. Ме провери вагинално сестрата и ми рече дека ќе се породам лесно со еден напон оти матката ми била мека и доста лигава. Супер, какво позитивно чувство ме обзема. Дојде докторот околу 04:00 часот. Лелелеле.... колку беше ладно. Ми уклучија греалка. Отидов во  соба на докторот бидејќи беше потопло. Околу 04:30 часот влегов во салата за породување. Во 04:50 часот се породив со женски плод тежок 3.900 и долг 5.300. Заплакав не знам од што, од радост или од болки, не знам. Ме шиеја, но не го памтам тоа воопшто. Сите ги разбудив по телефон уште рано сабајлето да им ја соопштам радосната вест.

Сега дома имам два ангели кои спијат до мене. Тие се радоста на мама и тато, тие се причината да работам повеќе, да живеам и да им обезбедам повеќе насмевки.

 

 

 

Рингераја и посакува среќно детство на ќерката на strelec 8 !

 

 

Сакате да ни ја испратите вашата приказна од породувањето?

Прочитајте како во статијата Породилни приказни.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Киретажа - значајна гинеколошка процедура
Киретажата претставува мала хируршка операција која се користи како за поставување на дијагноза од материјалот што се до...
5
Anushka: Мојата породилна приказна
Моментот кога јас се претворив во “ние”
4
Fiao: Мојата породилна приказна
Моментот кога јас се претворив во “ние”
4
Хормон на бременоста – hCG
Клетките на растечкиот ембрион започнуваат да лачат хормон наречен хуман хорионски гонадотропин или hCG, супстанција кој...
3




Анкета

Што да дознаете.
пеперутка16

Кога би носеле тројки, што би направиле?