|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Создадете подобар живот

Редакција Рингераја, 25.2.2011
Својот живот го заробувате во негативни мисли и енергија ако го трошите на она лошо што може или би можело да се случи. Обидете се да се ориентирате кон сегашниот живот и момент и да живеете живот без загриженост. Се што имате е ова сега.

image
/11


 

За што размислувате токму сега? Колку различни мисли ви минуваат низ глава? Нешто за што се грижите? Можеби некое од вчерашните случувања ве прогонува? Некое разочарување? Минатонеделните болки во стомакот? Ве мачи тоа како вашиот шеф реагирал? Имавте ли минатата недела  караница со партнерот или пријателот и сеуште не можете да се ослободите од чувството на вина?  Или планирате мала слатка освета? Можеби ќе кажете :„Не, секако дека не. Никогаш не се преоптоварувам до толку со минатото, се обидувам да ја гледам иднината“. Ако  размислувате за  викенд, за третманот што сте го уплатиле во некоја бања или  за парите што ги уплативте во осигурување, тогаш сте многу паметни.  Но и едни од ретките.  Посебно ако размислувате на позитивен и конструктивен начин.  Повеќето луѓе за иднината размислуваат вака : „Што ќе направам за вечера“? Се надевам дека во фрижидерот имам  доволно потребни продукти....“, „Сигурно следната година на одмор нема да  можам  да отидам бидејки нема да имам доволно пари и овој последниот чинеше многу ...“, „Морам да навратам во поштенската канцеларија  за  една работа.  Имам чувство дека проектот ужасно ќе мине. Само да се ослободам уште од него“.

Сеедно дали е загриженост за иднината или за минатото – не Ви носи никакво добро.  Својот живот  го  заробувате во негативни мисли и енергија ако го трошите на  она  лошо  што може или  би можело  да  се  случи.  Обидете се да се ориентирате кон сегашниот живот и  момент и да живеете живот без загриженост.  Се што имате е ова сега.

 

Две можни сценарија

На располагање ви се две можни сценарија :

Ќе Ви се допадне она што Ве очекува или нема. На повеќето работи во животот и така не можете да влијаете. Никој нема апсолутна контрола врз својот живот. Поради тоа нема потреба да ја нагласувате загриженоста. Обидете се да се ослободите од грижите.

Денешниот ден , овој момент е голем дар. Во некои  јазици, на пример, дури и зборовите сегашност и подарок исто се изговараат. Поради тоа ако размислувате често за минатите ситуации и за начинот на кој сте реагирале или сте загрижени заради идните случувања најверојатно ќе ја пропуштите убавината на сегашниот момент. Обидете се со овие предлози и одлучете се да започнете живот без грижи.

 

       Свесно обидете се да се фокусирате на она што се случува сега. Што ќе чуете, што ќе видите и  каков  е мирисот ? Како се чувствувате, не вчера, не утре, туку сега во моментот ?

       Потсетете се дека во иднина ќе уживате. На тоа може да влијаете, па поради тоа искористете го овој момент и уживајте.

       Минатото мина и нема да се врати, иднината е несигурна, сконцентрирајте се на сегашноста.

 

Како да уживате и со мали приходи?

Најверојатно Ви се чини невозможно до колку секојдневно водите грижа околу недостатокот од пари. Сепак, мора да знаете дека животот со многу пари не носи сам по себе среќа. Следниот совет би требало да Ви помогне да уживате и со помал буџет.

 

Уживајте во малите работи. Размислувајте за работите што ги правите, а не за оние што ги имате или немате. Мора да се потсетите дека во некои делови од светот постојат милиони луѓе кои би биле среќни само да имаат покрив над главата. Не можете да си дозволите премногу овој месец? Ослободете се од загриженоста и кажете како ќе ги решавате проблемите еден по еден како што ке се појавуваат, не можете за сите можности да се грижите веќе сега.

  1. Направете план за зголемување на приходите.Не некој невозможен, туку лесен и остварлив. Дефинирајте што треба да направите секој ден, секоја недела, секој месец. Анализирајте го планот и следете што се сте направиле за тоа прашање.
  2. Запишете ги на хартија сите фиксни и нужни трошоци.Трошете ги приходите пополека и кога ќе ги добиете, распоредете  ги  по  недели. На тој начин ќе се спречите да не трошите пари на нешто што ви е непотребно.
  3. Немојте да бидете разгалени. Наместо да нарачувате или да купувате готова храна, станете креативни. Најверојатно, имате повеќе време отколку пари. Следете во кои продавници има  намалувања и акции. Немојте да правите голем месечен шопинг, туку секојдневно или неделно набавувајте продукти и тоа оние со попуст.
  4. Уживајте во малите работи. Размислувајте за работите што ги правите, а не за оние што ги имате или немате. Мора да се потсетите дека во некои делови од светот постојат милиони луѓе кои би биле среќни само да имаат покрив над главата. Не можете да си дозволите премногу овој месец ? Ослободете се од загриженоста и кажете како ќе ги решавате проблемите еден по еден како што ке се појавуваат, не можете за сите можности да се грижите веќе сега.
Фотографии од свадбата на Елена Ристеска
Елена Ристеска и Бојан Ивановски синоќа стапнаа на лудиот камен. Во прилог се неколку фотографии од нивната свадбена вес...
4
Зошто спермата е добра за здравјето на жен...
Темата за спермата и нејзиното влијание врз здравјето на жената често пати се заобиколува. Но, зошто? Бројни истражувања...
4
Вајолет Афлек се подготвува за сестричка
Малата Вајолет Афлек е забележана на училиште неиспуштајќи ја од раце својата кукличка бебе. Погледнете ги фотографиите ...
3
Може ли да ослабам, ако дојам?
Запомнете: за време на бременоста вишокот килограми не сте ги добиле преку ноќ, затоа и сега не очекувајте дека можете ...
3


Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:



Анкета

/
Jana9

Dali go koristite javniot prevoz?

Da (33%)

Ne (67%)

Ponekogas (0%)


Број на сите гласови: 3

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!