Vedrana13 во 19:37
на тема RE: Вештачко оплодување VIII дел
Но каква е цената која ја плаќаме кога молчиме?
Чувањето на тајната за неплодноста придонесува за крајно напната ситуација. Ние се чувствуваме дека лажеме, се криеме, изолираме и понекогаш непотребно го оптоваруваме партнерот со нашата болка и грижа. Со други зборови, споделувањето на тајната за неплодноста во основа треба да биде добро за нашето ментално здравје и душевна хармонија. За да го добиеме клучот за соодветна поддршка од ближните во оваа тешка криза од нашите животи, треба да знаеме на кого, кога и како да кажеме.
На кого да кажеме: Важно е да најдеме личност, или пар со кои се чувствуваме доволно блиски и безбедни да ги споделиме нашите чувства. Изненадувачки е што тоа не се секогаш нашите пријатели, или оние за кои сме чувствувале дека ни даваат најголема поддршка. Многу од луѓето кои навидум ни даваат поддршка можат да покажат потценување на проблемот и нечувствителност:”Зошто не посвоите? Има толку несреќни деца на кои им е потребен дом”
Ќе биде корисно доколку разговараме со некој за кој знаеме дека имал искуство со стерилитет и спонтани абортуси. Тој може подобро да го разбере чувството на оваа празнина и нејзиното значење во животот. Понекогаш се плашиме дека ако ја споделиме тајната, другите нема да можат да ја чуваат и ќе станеме предмет на озборување во средината во која живееме.
Иако нашиот партнер често е моќен извор за сила и поддршка, тој не секогаш може да биде непристрасен. И покрај тоа што партнерот ја дели оваа криза со нас, тој е помалку објективен и понекогаш има помалку енергија за да ни даде целосна поддршка. Лесно е човек да се почувствува целосно беспомошен во оваа ситуација, а неможноста на партнерот да му ја даде потребната утеха, може да предизвика тензии во врската.
Кога да кажеме: Голем предизвик е да утврдиме кога е вистинскиот момент да ги споделиме информациите за проблемите со неплодноста. Понекогаш ни се чини дека едноставно не постои соодветен момент. Во време на голема криза, како неуспешен циклус, неочекувано лоши вести за дијагнозата, или разочарување при процесот на посвојување, најдобро е да побараме помош во групите за помош, кои имаат исти проблеми како нашите. Тоа е добро решение, иако никогаш за тоа не сме зборувале за овие проблеми со семејството, пријателите или колегите. Ако тие не се запознаени со нашите проблеми за основање на семејство, можеби не се подготвени да не поддржат во овој момент. Но постои и друг случај, во кој не преплавуваат со прашања за историјата на нашиот проблем. На крај, може да жалиме дека сме дале толку многу информации, со толку многу детали. Можеби најдобро време за да ги споделиме овие информации е “мирниот период” од процесот. Ова може да е време во кое правите пауза, или времето помеѓу два циклуса. Всушност, ова е период во кој можеме да го контролираме протокот на информации и да ги контролираме своите емоции.
Кога оние со кои ги споделуваме нашите проблеми ќе не сфатат, тогаш можат да бидат подготвени да не поддржат за време на особено болни и неочекувани кризи во нашите животи.
Како да кажеме: Иако сме отворени за идејата да разговараме со останатите за нашите проблеми со неплодноста, понекогаш се чувствуваме неодлучни да го направиме тоа бидејќи не можеме да ги најдеме точните зборови. Интимната природа на неплодноста ја предизвикува оваа непријатност и не спречува отворено да разговараме за тоа.
Ако во општи црти се чувствуваме непријатно да разговараме за овој проблем, но сакаме другите да го знаат тоа и да не поддржат, клучно е да го зачуваме најдлабоките тајни и да ги натераме блиските да почувствуваат дека постојат ограничувања во дискусијата за нашиот проблем.
За многумина од нас е тешко да ја споделиме оваа тајна.
Нашата способност да разговараме за овие лични преживувања на многу начини ни помага да го намалиме стресот и загриженоста и да продолжиме да се бориме понатаму.
Извор: resolve.org
pumpici za izmolzuvanje
Автор: fetusce
pumpici za izmolzuvanje elektricna Lun
moite najmili
Автор: selvi
Продвижение групп ВК
Автор: prodvijenieVK
Привет! Занимаюсь раскруткой групп ВК!!
Онлайн вакансии
Автор: onlinerabota
Бизнес на дому! Проводите время в сети
moite najmili
Автор: jovanja
забава Бремените
Автор: bobik
Курсеви за возрасни од сите области: РУ Пере Тошев
Со мисија да овозможи описменување на целокупното возрасно население, ...
Сакајте го Вашето бремено тело
Вашиот стомак е непобитен доказ дека сте бремена. Еве што може да очек...
Како да негувате бебе родено во зима?
Надвор е ладно и царуваат вируси, а Вашето бебе само што не пристигнал...
10 луди работи што се случуваат во вашето бремено тело
Додека го поминувате својот вообичаен ден, сето ова се случува токму в...
Грижата за забите започнува уште од најрана возраст
Оралното здравје на децата е основен чекор за одржување на целокупното...
Бакнување на дете во уста.
Admin
Дали вие (мама и тато) го бакнувате детето во уста? И дали некој друг го бакнува (на иницијатива на детето)? Тука мислам на дете до 3 години. старост.