Vedrana13 во 19:37
на тема RE: Вештачко оплодување VIII дел
Уште еден метод за утврдување на овулацијата се овулациските тестови. За разлика од другите методи за кои не треба никакви помошни додатоци, ова се производи кои се купуваат во аптеките.
Овулациските тестови ја утврдуваат зголемената количина на лутенизираниот хормон (LH) во урината. Овој хормон настанува за време на зголемувањето на нивото на естроген во организмот, а се лачи од хипофизата. LH хормонот почнува да се лачи 24 до 36 часа пред овулацијата и претставува сигурен показател на плодните денови.
Овие тестови се попрецизни и посигурни од мерење на базалната температура и многу се полесни за употребување. Тие можат да ја предвидат овулацијата 24 до 36 часа пред да дојде до неа и можат да се користат веднаш (нема потреба да поминат неколку циклуси за да научите да ги разбирате, како кај останатите методи). Сепак ниту тие не се потполно сигурни, бидејќи можат лажно да најават плодни денови. Овие тестови даваат само позитивен или негативен резултат, а не вредности, додека пак, во некои ситуации LH хормонот може да порасне и без овулација. Исто така, кај жените кои немаат редовни циклуси постои голем ризик резултатите да бидат неточни.
Овулациските тестови не се употребуваат секој ден, туку само неколку дена по ред, во текот на средината на циклусот (кај 28-дневниот циклус на 11 ден). Тестот се повторува се додека не се воочи пораст на LH хормонот. Препорака е тестот секогаш да се прави во исто време и не треба да се пијат големи количини на вода, барем не еден час пред тестирањето.
Мини – микроскоп за преглед на плунка и цервикална слуз
Помалку сигурен, но секако корисен овулациски тест е мини- микроскоп за преглед плунка или цервикална слуз. Овој мини- микроскоп е голем колку кармин за усни и секогаш може да го имате покрај себе. Тој се состои од стаклено прозорче на кое се нанесува првата утринска плунка или цервикална слуз, прецизно зголемувачко стакло (микроскоп) и осветлување.
Резултатите од тестот можат да се прочитаат 5 минути после поставување на плунката на стакленото прозорче (важно е само примерокот добро да се исуши), така што со помош на светлото и зголемувачкото стакло на споредната страна на микроскопот, можат да се видат честичките внатре во примерокот. Доколку честичките имаат точкест облик (како прашина) не се настапени плодни денови, но доколку на прозорчето се види поврзана структура која потсетува на папрат, тоа значи дека плодните денови се во тек.
Како и кај останатите тестови, и кај овој на сигурноста можат да влијаат многу фактори. Доколку се земе од плунката: никотинот, солената храна, пастата за заби и слично, можат да покажат лажни резултати, па поради тоа се препорачува примерокот да се земе веднаш по будење, пред било какви други утрински активности. Кај примерокот од цервикалната слуз, се препорачува најмалку 8 часа растојание меѓу сексуалните односи и тестирањето.
За дополнителни информации, посетете го нашиот Календар на овулација.
забава Бремените
Автор: bobik
Куклите во животот и растењето на девојчињата
Куклата е едноставна, тивка и често потценета играчка која останува ва...
Отворената комуникација меѓу партнерите е основа за длабока интимност ...
Во денешно време се повеќе гледаме фотографии од „идеални“ фамилии сек...
Детската игра – повеќе од забава. Зошто е важна?
Кога ќе ги видиме како трчаат, скокаат, цртаат, измислуваат светови, м...
Што значат соништата за време на бременоста?
Бременоста носи многу промени: телесни, емоционални, хормонални. Но ед...
Млеко.
Admin
По една година, кое млеко е поздраво да му се дава на дете: