Мамма во 18:19
на тема Песнички на македонски
Најдобро е вака да постапиш ...
Ова е крајно иритирачко за секоја трудница. Ти треба да употребиш ваква анестезија, по секоја цена мора природно да се породиш или мажот мора да присуствува и какви ли уште не солења памет. Ова треба крајно да се избегнува бидејќи се ова е крајно лична работа на бремената жена и нејзиниот партнер, ако веќе се отвори таа тема вие само можете да си кажете како вие би постапиле, додека укажување на тоа како таа треба да постапи избегнувајте бидејќи тоа е само ваше мислење, немора да биде и нејзино ...
И јас се чувствувам како да сум бремена ...
Ова е најглупавата реченица која некој може да ја каже. Ако не сте навистина бремена немојте да се глупирате бидејќи во очите на трудницата не се оценува како нешто пријатно или хумористично од ваша страна.
Леле колку си големаа ....
Ова е последното нешто што бремена жена би сакала да го слушне, бидејќи таа постојано пати од сомнежот дека никогаш повеќе нема да може да си ја врати старата линија, подобро би било ако и кажете дека бременоста и стои прекрасно или дека не ви се познава онака како што би се очекувало.
Ти ова најверојатно не смееш да го изедеш/испиеш ...
Оставете ја да ужива, се што треба и нетреба ќе и го објасни нејзиниот гинеколог, вие, оставете ја таа треба да ужива во храната додека е бремена, бидејќи таа инстинктивно знае што и е потребно.
Зарем уште ништо?
Во периодот на крајот на бременоста избегнувајте вакви прашања. Нема човек што повеќе го очекува нејзиното бебе од таа самата, па кога тоа ќе се случи сигурно ќе бидете известени за среќната вест. Се останато ќе и ја зголеми нервозата и напнатоста, па и ќе и ги зголеми шансите за комликации.
Изгледаш уморно
Како би требало да изгледа жена која девет месеци носи бебе во стомакот? Овој коментар само ќе ја загрижи. Колку и да изгледа убаво охрабрете ја и кажете "изгледаш неочекувано свежо и фантастично"
Можно е твоето бебе да има ...
Ниту сте компетентни, ниту е време да ги искажувате вашите знаења по генетика. Таа секојдневно се грижи дали детето ќе и биде здраво, па вие наместо да објаснувате веројатности потрудете се да и го скренете вниманието на нешто сосема трето.
На комшивката за време на бременоста и се случи ...
Немојте! Никогаш немојте на бремена жена да и раскажувате туѓи компликации за време на бременоста. Доколку таа ја отвори прва темата објаснете и дека тоа се случува ретко и дека воопшто на такво нешто не треба да размислува.
забава Бремените
Автор: bobik
Огледалото – важна играчка за бебињата
Малото огледало е повеќе од обична играчка за бебињата. Тоа е еден од ...
Калциум и витаминот D за бремени жени
Бременоста е период кога телото на жената не само што создава нов живо...
Кожата е најголемиот орган на телото и првата линија на одбрана против...
Кардио vs. тежински тренинг за слабеење
Кога станува збор за слабеење, една од најчестите дилеми е: дали е по...
Кога ќе ми се познае бременоста?
Едно од првите прашања што многу жени си го поставуваат веднаш по пози...