|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Селин Диoн: Мојата борба да станам мајка

Редакција Рингераја, 13.11.2013
Селин Дион (45) која со сопругот Рене Анџелил (71) има тројца синови, во интервју за Daily mail откри како се одвивала нејзината борба за да се оствари во улогата на мајка и колку сака да добие ќерка

image
/11


 

 

Синовите на Селин Дион се родени со вештачко оплодување. Посебно била комплицирана бременоста со близнаците кои првобитно биле тројки, но третото бебе починало во третиот месец.

Пејачката која продаде двеста милиони албуми и која наскоро ќе ги објави новите песни, истакна дека професионалниот успех не би ја задоволил, ако не станела мајка на трите момчиња. Пејачката изјавува дека напорно работела во последните триесет години и дека конечно е задоволна со тоа што го постигнала.

Сепак признава дека е малку себична и дека многу посакува да добие девојче.

 

Вештачко оплодување: промашувања и победи

Борбата за деца се одвивала вака: По раѓањето на синот Рене Чарлс, Селин Дион ги замрзнала своите јајце клетки. Се одлучила за втора бременост и доживеала шест неуспешни вештачки оплодувања.

На прашањето како ја поднесла борбата со хормоните, пејачката одговорила:

-          Морате да го прашате мојот сопруг. Не бев премногу уморна, дури ни многу чувствителна.

Колку и да и било тешко да ги издржи сите неуспепни оплодувања, Селин најмногу мислела на децата.

-          Без оглед на тоа дали бременоста е природна или вештачка, вие сте уплашени. Меѓутоа, морате да бидете позитивни и да се опуштите. Секогаш велам дека јас сум првата земја на моите деца, па затоа морам да бидам здрава и максимално опуштена.

Рене Чарлс го родила на 33 години, а близнаците на 42 години.

-          Се трудев да направам се што е потребно, но секако дека постоеше црв на сомнежот. Бев 95% оптимист, а 5% песимист. Не сакав да ми се јави лекарот и да ми каже:”Жалам, не успеавме”.

А кога тоа ќе се случело, пејачката пронаоѓала сила во своето прво дете.

 

Меѓу кариерата и родителството

Во моментите кога се обидувала да оствари втора бременост, Селин Дион, по светската турнеја, ја очекувал настап во Лас Вегас. Откажувањето би било непрофесионално и би ги чинело организаторите милиони долари, додека од друга страна, патувањето би претставувало голема опасност по потенцијалното зачнување.

Пеела, но ја мразела секоја песна. На крај стигнале вести дека вештачкото оплодување е успешно.

Селин носела тројки, а лекарите веднаш ја предупредиле дека постои голем ризик за Даунов синдром или спонтан абортус, заради нејзините години.

-          Правев ултразвучни прегледи секоја недела. Прво видов едно бебе, потоа две, потоа три и на крај третото бебе престана да се движи и умре – рече Селин.

Единствено што и останало било да се концентрира на двете бебиња и така направила.

Бебињата се родени со царски рез и по краткиот престој во одделението за неонатална интензивна нега, се пуштени дома.

-          Моето најголемо задоволство е наутро моите деца да бидат со мене, додека го пијам своето кафе со шлаг, без шеќер. Тоа едноставно задоволство му дава на мојот живот најголем смисол – порача музичката ѕвезда.

 

1

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Седум начини за побрзо забременување
Сакате да забремените баш сега! Секако, оваа задача сакате да ја решите како и сите други задачи и работни обврски. Но,...
3
Приказната на Вишња Томиќ
Рингераја.ба за мене е како мое семејство, мој дом каде секогаш можам да влезам, во кој сите се добредојдени. Место каде...
2
Интраутерина инсеминација
Интраутерината инсеминација е постапка при која спермата се промива, концентрира и директно се вбризгува во матката на ж...
2
Македонска мобилна апликација-Caffetin Men...
Ви ја претставуваме македонската мобилна апликација за следење на месечен циклус – Caffetin Menstrual
2




Анкета

Тежина за време на бременоста.
пеперутка16

Дали се здебеливте за време на породувањето? Колку?