vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
Потребно:
Измијте ги јаболката, исечете ги на половина и извадете ги семките

Парчињата треба да бидат танки неколку милиметри

Во тенџере на оган додадете 4 чаши вода, сок од лимон и 3 лажици шеќер. Оставете ја водата да зоврие и додадете ги исечените јаболка.

Оставете ги да вријат околу две минути, додека омекнат јаболката и станат лесни за виткање.


Набрашнете ја работната површина и развлечете го лиснатото тесто како што е прикажано на сликата.

Исечете го тестото на ленти со нож.

Во сад измешајте 5 лажици смеѓ или бел шеќер, додадете цимет, кора од лимон и индиско оревче.

Мешавината од шеќер, цимет, кора од лимон и индиско оревче распоредете ја по развлеченото тесто и притиснете малку за смесата да се залепи на тестото.

Почнете да ги редите јаболката на тестото како што е прикажано на фотографијата

Почнете да ги виткате лентите од тесто како што е прикажано на серијата фотографии.



Вака би требало да изгледа ружичката пред печење.

Ставете ги во благо намастена тепсија и водете сметка за растојанието меѓу нив.

Печете околу 25 минути додека ружите не добијат златно-жолта боја.

5
5
5
4
забава Бремените
Автор: bobik
Како да изберете пренатален витамин?
Изборот на пренатален витамин може да изгледа едноставно, но полиците ...
Каква улога има возраста при неплодност кај мажите?
Кога се зборува за плодноста, возраста најчесто се поврзува со жените....
Што значи да имате непроодни јајцеводи?
Кога се зборува за неплодност, еден од поимите со кои може да се сретн...
Дали „детокс диетите“ навистина помагаат за плодност?
На интернет често се појавуваат диети кои ветуваат дека за неколку ден...
Како да избегнете прејадување?
Прејадувањето често не е само прашање на глад. Брзото јадење, стресот,...