Vedrana13 во 19:37
на тема RE: Вештачко оплодување VIII дел
Од срцето на градот Скопје започна акцијата Прегратка на дар 2013 со работилница во градинката Раде Јовчевски Корчагин. Започнавме со куклена претстава по примерот на сликовницата, продолживме со изработка на играчките и кратка дискусија за хуманост, емпатија и подарување и завршивме со кратка игра "Погоди го витаминот" од витаминското млеко на Бимилк, по која секое дете ја доби сликовницата "Светот е мал за овој голем кашкавал" на подарок.
Гостин на работилницата беше и градоначалникот на општина Центар г-дин Андреј Жерновски, кој ја поздрави акцијата и им порача на дечињата да бидат хумани и солидарни и да научат колку е важно пријателството.
Директорот на ДАНУ Филантропија и Рингераја.мк, г-ца Симона Тренчевска, кратко по настанот изјави:
“Со оваа работилница во градинката Корчагин – Скопје го официјализираме стартот на хуманитарната акција Прегратка на дар 2013, која се организира трета година по ред од страна на семејниот интернет медиум Рингераја.мк и Битолска Млекара (Бимилк), како генерален покровител. По огромниот успех минатите 2 години и признанијата кои ги добивме, со голема мотивација продолжуваме и оваа година. Мисијата останува иста: децата од градинките да научат што е хуманост, емпатија, другарство и помагање преку рачна изработка на играчки-прегратки кои ќе бидат подарени на децата, кои новогодишните празници ќе ги дочекаат во болница.
За да ја постигнеме целта на акцијата, вклучивме многу нови активности: имаме зголемен број на работилници, околу 25, низ градинките на цела Македонија заедно со битолското чупе – амбасадорот на акцијата. Планирана е голема изложба на изработките од градинките и секое дете учесник во проектот ќе добие подарок едукативна сликовница, изработена за потребите на хуманитарната акција во која е вклучена и стихотворбата – химна на проектот.
Се надеваме ќе го повториме успехот од минатите години, па и ќе го надминеме.”
Воодушевени сме од прекрасниот дочек, стоплени од прегратките на малите, хумани рачиња, преполни со ентузијазам за уште поголеми успеси, уште повеќе изработени играчки, уште повеќе насмеани, а болни детски лица.
Со Ваша помош, со Вашата љубов и позитивна енергија, можеме да пренесеме силна порака на хуманост, да ги прегрнеме сите болни деца од Македонија и да ги стоплиме другарчињата со нашите симболични прегратки.
Подарете и вие ГРАМ ЉУБОВ за ТОН ЗДРАВЈЕ
Земете активно учество во акцијата "Прегратка на дар"
Силни прегратки!
забава Бремените
Автор: bobik
Што значи балансирана исхрана?
Покрај мноштвото совети за здрав живот, балансираната исхрана е тема н...
Мали ритуали без кои ништо не ќе биде исто
Многу луѓе не ги оставаат овие навики дома, дури ни кога се на одмор....
Музика за бебето уште пред да се роди – мит или наука?
Многу идни родители пуштаат музика на нивниот стомак, верувајќи дека б...
Кога бебињата почнуваат да паметат лица и предмети?
Од првиот момент кога ќе ве погледне, ви се чини дека вашето бебе веќе...
Што е посмешно да работиш во Македонија?
Млад, забавен, паметен...се само дел од епитетите кои го опишуваат сте...
Независност.
Admin
Дали вашите деца се донекаде независни или сè уште ги храните и ги успивате? Мислам на деца од 2,5 години и нагоре.