Jeca во 12:26
на тема RE: Работа од дома
За да се создаде ова еко-искуство, зелените градежни материјали се максимално искористени, вклучувајќи енергетско ефикасно LED осветлување, реновирани полици за книги и килими со зелени својства.
.gif)
Во светот постојат и други еко-пријателски библиотеки, но библиотеката во Сингапур е првата која е специјализирана за деца, и првата која вклучува толку голем број зелени принципи вклучувајќи еко-дизајн, одржливи збирки на книги и зелено програмирање.
.gif)
„My tree house“ е именувана по централниот дел на библиотеката. „Дрвената“ структурата е конструирана од рециклирани материјали. „Лисјата“ на дрвото целосно се направени од рециклирани шишиња. Колоритната структура прави децата да се опуштат и да се чувствуваат како да се наоѓаат во игралиште, сè додека родителите не ги потсетат дека треба во библиотека треба да бидат тивки.
.gif)
Друга еко карактеристика на оваа библиотека е ѕидот за игра со сенки. Постои и „дрво на знаењето“ кое ги учи децата за животната средина и штедење на енергија. Исто така, тука е и временскиот трупец кој служи за читање на информациите за временската прогноза предвидени од страна на метеоролошката служба во Сингапур.
.gif)
Библиотеката е направена за деца до 12 години. Секциите се поделени во фикција и останато. Книгите се организирани на начин да бидат на дофат на одредена возрасна група. Тоа значи дека деца на различна возраст имаат прилика да уживаат во делот кој посебно се грижи за нивните потреби. Покрај другото, не може да не се биде воодушевен од декорот на оваа дрвена куќичка со книги. Просторот создава чувство како да се наоѓате во шума.
.gif)
„My Tree House“ е дом на 45.000 книги, а околу 30% од нив се фокусираат на еколошки и зелени теми како што се животните, растенијата, природата, водните ресурси, промените на животната средина и климатските промени.
.gif)
Покрај обичните книги, постојат неколку терминали достапни за деца кои сакаат e-книги. Со оглед на тоа дека децата се изложени на уреди како телефони и компјутери, не е изненадувачки тоа што се заинтригирани за е-читање.
.gif)
.gif)
.gif)
.gif)
.gif)
.gif)
забава Бремените
Автор: bobik
Првите кожни предизвици кај новороденчињата
Кожата на новороденчето е исклучително нежна, тенка и чувствителна. Во...
Кога и како бебињата ги прават првите чекори?
Одењето е една од највозбудливите вештини што детето ја развива. Тоа е...
Правилна орална хигиена кај децата преку четка и конец
Здравите навики започнуваат со првото запче....
Промената на жената, од бременoст до мајка
Бременоста е период на исчекување. Мајчинството е период на будење. По...
Знаци дека започнува породувањето
Како да ги препознаете вистинските сигнали и да останете смирени?...
Јасли.
пеперутка16
Дали вашето дете почна да се разболува многу повеќе откако почна да оди во јасли?