vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
Денес сум последен ден во болница. Запознав многу нови другарчиња и доктори и сестри кои беа многу љубезни со мене.

Еден ден додека бев многу тажна во болница добивме кутии полни со многу интересни играчки. На нив пишуваше “За Миа и пријателите “. Со грутка во грлото и со многу очекувања ги отворивме пакетите, во нив најдовме кукли девојки, кукли момчиња, бубамари, еден снешко, мики и мини маус, мечиња, зајaчиња, месечковци и многу други разни играчки. Ох, колку бев среќна кога ги зедов во раце, а уште посреќна кога дознав дека за нас ги изработиле други дечиња. Ви благодарам на сите за “прегратките на дар” како што сте ги нарекле! Ние ги имавме цело време до нас и ни правеа друштво и ни помагаа полесно да заспиеме во прегратка со нив.

Кога дојдоа на посета мама, тато и бато Никола, не можеа да поверуваат колку играчки имаме во нашата соба. На сите им дадовме имиња и им ги претставувавме на нашите семејства. Мене најмногу ми се допадна куклата со розева облека и бела коса и таа ќе ја земам со мене дома, за понекогаш да си играм со неа.
Мамичка ми кажа дека следната недела ќе можам повторно да одам во градинка и со себе да ја земам и новата кукла и да ја претставам пред моите другарчиња. Можеби токму тие ми ја изработиле?!
Благодарам драги пријатели за прегратките на дар, кои никогаш нема да ги заборавам. Мојата мамичка вели дека сте ни предизвикале искри радост во нашите срца и очи!
МИА
3
3
3
забава Бремените
Автор: bobik
Бременоста е природна работа и треба да се доживее со радост, но и со ...
Каде исчезна мојот сексипил по породувањето?
По породувањето, многу жени се прашуваат кога повторно ќе се чувствува...
Зошто градите стануваат чувствителни во бременоста?
Чувствителните, отечени или болни гради се меѓу најраните знаци на бре...
Што е менструален циклус и како функционира?
Менструалниот циклус е природен процес во женското тело што го подготв...
Работи кои не треба да ги загрижуваат родилките
Понекогаш луѓето избрзуваат со непромислени коментари. Иако знаејќи ко...