vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
Караванот "Прегратка на дар" започна од градинката 13.ноември и ќе продолжи низ градинките на цела Македонија. Рингераја.мк, преку својата филантропска гранка ДАНУ Филантропија и Генералниот покровител на оваа хуманитарна и топла акција БиМилк, ќе се обидат да ја поттикнат изработката на играчки за децата кои Новогодишните празници ќе ги поминат во болница.
Акцијата започна со многу љубов, многу прегратки и многу насмевки на лицата на децата и воспитувачките. Децата имаа можност да бидат во друштво на Битолското чупе - девојчето кое секое утро влегува во детските домови со свежото млеко. Ги добивме и првите играчки кои децата ги изработија со малите рачиња и големото срце. Тие на своите болни другарчиња им порачаа:
Нека нашите играчки ги стоплат вашите малечки срца.
Нека вашето здравје биде бескрајно колку небеската шир!
Ве гушкаме и посакуваме: Болеста никогаш повеќе да не стапне на вашиот праг!
Среќни сме што можеме да ви ја дадеме својата прегратка на дар!
Нека ова биде почеток на уште една успешна акција која ќе внесе топлина, здравје и радост кај болните дечиња.
3
3
2
забава Бремените
Автор: bobik
Како да изберете соодветен метод за контрацепција?
Не постои еден метод за контрацепција кој е најдобар за сите жени. Она...
Гестацискиот дијабетес е состојба во која нивото на шеќерот во крвта с...
Најчести причини за потешкотии со зачнување
Кога бременоста не се случува веднаш, сосема е природно да се појават ...
Недостаток на витамини во бременоста
Бременоста е период во кој потребите на организмот за одредени витамин...
Зголемување на телесната тежина во бременост
Зголемувањето на телесната тежина е природен дел од бременоста. Телото...