|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Правилник за учество во проектот

Редакција Рингераја, 10.10.2012
Драги воспитувачки и негувателки, Ве покануваме да ја ослободите Вашата имагинација, да ги мотивирате малите рачиња и да ни помогнете да им ги разубавиме празничните денови на децата, кои новогодишните празници ќе ги поминат во некоја од болниците

image
/11



Драги директори, воспитувачки и учители!


Оваа година повторно ќе ја реализираме  Хуманитарна акција Прегратка на Дар. Заедно со Вас и со Играчките-прегратки во секаков облик, боја и големина, сакаме и оваа година, веќе по трет пат, да поделиме убави мисли, убави желби, соучувство и пријателство. Во минатата година во хуманитарната акција Прегратка на Дар учествуваа повеќе од 10.000 деца од цела Македонија и сигурни сме дека оваа година таа бројка ќе ја надминеме.


 

За успешна изработка на играчките и мотивација на дечињата Ви доставуваме Прирачник за изработка на играчки и едукативна илустрирана сликовница.


Ве молиме прочитајте ги ПРАВИЛАТА ЗА УЧЕСТВО, кои се од важност полесно и побрзо да започнете со изработка на играчки-прегратки. Ве замолуваме да се придржувате кон правилата, во случај на нејаснотии навремено контактирајте не.

 


ПРАВИЛА

Изработуваме играчки-прегратки!

 

Материјали: меки, природни материјали, без остри и кршливи предмети и штетни лепила ...

Големина: неограничена.

Број: ограничување или правила за бројот на играчки не постојат, секоја играчка е од посебно значење и секоја играчка значи уште една прегратка и желба за добро здравје на едно болно дете.

Совет: Изработете едноставни и топли играчки-прегратки, пред се тие нека бидат дел од Вашата душа. Сигурни сме дека ќе бидат посебни и уникатни, бидејќи ќе бидат изработени од срце! 

 

Каде да ги доставите играчките?

 За достава на играчките ве молиме да не исконтактирате на бројот 078 323 962. Адресите за достава од минатата година не важат. Доколку не сте во можност да ги доставите директно или по пошта Ве молиме навремено контактирајте не да се договориме за друг начин на достава.

Во секој пакет со играчки ставете ИНФОРМАТИВЕН ЛИСТ, на кој ќе ги внесете следните податоци: ИМЕ НА ГРАДИНКАТА, ИМЕ НА ОБЈЕКТОТ (клон) и АДРЕСА, соодветно за училиште Име на училиште, адреса и одговорен/на учител/ка.

Рок за достава на играчките-прегратки: 13. декември 2012.


Фотографии од играчките-прегратки: Доколку сакате Вашите играчки-прегратки да бидат објавени на интернет медиумот Рингераја.мк, Ве молиме направете неколку фотографии од играчките и испратете ги на pregratka@ringeraja.mk , со информации за ИМЕ НА ГРАДИНКАТА, ИМЕ НА ОБЈЕКТОТ (клон), АДРЕСА, соодветно за училиште Име на училиште, адреса и одговорен/на учител/ка. Фотографиите испратете ги најдоцна до 13.12.2012. Играчките-прегратки ќе бидат поставени на следната адреса: www.ringeraja.mk/pregratka . 


Следете го проектот Прегратка на Дар

Сите новости и информации поврзани за проектот може во секој момент да ги погледнете на www.ringeraja.mk/pregratka, како и на медиумите поддржувачи на проектот. За сите дополнителни прашања и информации пишете ни на pregratka@ringeraja.mk.

 

Награди

Во текот на месец јануари 2014 на www.ringeraja.mk/pregratka  ќе бидат објавени сите играчки-прегратки и ќе има гласање. Следуваат изненадувања и награди.


Ви посакуваме многу креативни идеи и што повеќе убаво поминати моменти при изработка на играчките-прегратки! Ве советуваме некогаш да ги поканите и родителите на дечињата да поминат заедничко време со децата во градинка и заедно да изработуваат играчки!


Топол поздрав и многу прегратки, 

Ваша Рингераја

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Драматизација на приказната за Јана
За сите Вас кои ќе изработувате играчки-прегратки и ќе учествувате во акцијата Прегратка на Дар 2012. Целта на приказнат...
2
Приказната за Јана - 3 Дел
3. Дел од приказната-За сите Вас кои ќе изработувате играчки-прегратки и ќе учествувате во акцијата Прегратка на Дар 201...
2
Приказната за Јана - 2 Дел
2. Дел од приказната-За сите Вас кои ќе изработувате играчки-прегратки и ќе учествувате во акцијата Прегратка на Дар 201...
2
Приказната за Јана - 1 дел
1. Дел од приказната-За сите Вас кои ќе изработувате играчки-прегратки и ќе учествувате во акцијата Прегратка на Дар 201...
2




Анкета

Што да дознаете.
пеперутка16

Кога би носеле тројки, што би направиле?