|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Правилник за родители за учество во проектот

Редакција Рингераја, 10.10.2012
Во проектот Прегратка на Дар се поканети да се вклучат и Македонските семејства. Играчки веќе се изработуваат од корисниците на Рингераја. Сите сме изненадени од одзивот и се радуваме на играчките-прегратки!

image
/11


Драги родители!


Оваа година ќе ја реализираме Хуманитарната акција Прегратка на Дар 2013. Заедно со Вас и со Играчките-прегратки во секаков облик, боја и големина, сакаме и оваа година, веќе по трет пат, да поделиме убави мисли, убави желби, соучувство и пријателство.  Ви благодариме што ќе бидете дел од една убава приказна и заедно ќе подариме многу играчки-прегратки!

 

За успешна изработка на играчките убаво е да ги погледнете предлозите за изработка на играчки.


Ве молиме прочитајте ги ПРАВИЛАТА ЗА УЧЕСТВО, кои се од важност полесно и побрзо да започнете со изработка на играчки-прегратки. Ве замолуваме да се придржувате кон правилата, во случај на нејаснотии навремено контактирајте не.

 

ПРАВИЛА

Изработуваме играчки-прегратки!

 

Материјали: меки, природни материјали, без остри и кршливи предмети и штетни лепила ...

Големина: неограничена

Број: ограничување или правила за бројот на играчки не постојат, секоја играчка е од посебно значење и секоја играчка значи уште една прегратка и желба за добро здравје на едно болно дете.

Совет: Изработете едноставни и топли играчки-прегратки, пред се тие нека бидат дел од Вашата душа. Сигурни сме дека ќе бидат посебни и уникатни, бидејќи ќе бидат изработени од срце! 

 

Каде да ги доставите играчките?

Откако ќе ги изработите играчките, спакуванј доставете ги во најблиската градинка која што учествува во проектот. За повеќе информации или друг начин на достава слободно јавете се на бројот 078 323 962. Во секој пакет со играчки ве молиме да ги наведете следните податоци: СЕМЕЈСТВО, АДРЕСА, КОНТАКТ ТЕЛЕФОН.

Рок за достава на играчките-прегратки: 13. декември 2013


Фотографии од играчките-прегратки: Доколку сакате Вашите играчки-прегратки да бидат објавени на интернет медиумот Рингераја.мк, Ве молиме направете неколку фотографии од играчките и испратете ги на pregratka@ringeraja.mk, со информации за СЕМЕЈСТВОТО, АДРЕСА, КОНТАКТ ТЕЛЕФОН. Фотографиите испратете ги најдоцна до 13.12.2012. Играчките-прегратки ќе бидат поставени на следната адреса: www.ringeraja.mk/pregratka . 


Следете го проектот Прегратка на Дар

Сите новости и информации поврзани за проектот може во секој момент да ги погледнете на www.ringeraja.mk/pregratka, како и на медиумите поддржувачи на проектот. За сите дополнителни прашања и информации пишете ни на pregratka@ringeraja.mk.

 

Награди

Во текот на месец јануари 2014 година на www.ringeraja.mk/pregratka  ќе бидат објавени сите играчки-прегратки и ќе има гласање. Следуваат изненадувања и награди.

 

Ви посакуваме многу креативни идеи и што повеќе убаво поминати моменти при изработка на играчките-прегратки! Ви предлагаме да ги следите и едукативните содржини на Рингераја.мк за всадување на хуманоста кај децата!


Топол поздрав и многу прегратки, 

Ваша Рингераја

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Драматизација на приказната за Јана
За сите Вас кои ќе изработувате играчки-прегратки и ќе учествувате во акцијата Прегратка на Дар 2012. Целта на приказнат...
2
Приказната за Јана - 3 Дел
3. Дел од приказната-За сите Вас кои ќе изработувате играчки-прегратки и ќе учествувате во акцијата Прегратка на Дар 201...
2
Приказната за Јана - 2 Дел
2. Дел од приказната-За сите Вас кои ќе изработувате играчки-прегратки и ќе учествувате во акцијата Прегратка на Дар 201...
2
Приказната за Јана - 1 дел
1. Дел од приказната-За сите Вас кои ќе изработувате играчки-прегратки и ќе учествувате во акцијата Прегратка на Дар 201...
2




Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?