|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?

Прашавме доктор: Причини за неплодност

Редакција Рингераја, 6.1.2011
Рингераја постојано и будно ги следи Вашите проблеми од сите области. Со цел да Ви помогнеме воспоставивме соработка со стручни лица кои ќе одговараат на најчестите проблеми на нашите корисници.

image
/11


 

Редакција Рингераја :

Дали и кои вагинални инфекции влијаат на неможноста за забременување?

 

Одговор:

Проф.д-р Глигор Димитров, специјалист по гинекологија и акушерство, Ремедика

Вагиналните инфекции се потенцијално опасни доколку се прошират асцендентно кон грлото и телото на матката, а особено јацеводите(тубите). Најчесто поврзани со неплодност се хламидија, гонореа некои други неспецифични.

 

Редакција Рингераја :

Дали  постапките лапароскопија и хистероскопија се болни и за која дијагноза се применуваат?

 

Одговор:

Проф.д-р Глигор Димитров, специјалист по гинекологија и акушерство, Ремедика

Обете постапки се извршуваат во општа анестезија, обично заедно. Тие спаѓаат во еднодневните, минимално инвазивни хируршки зафати кои се од непроценливо значење за дијагноза и терапија на морфолошкиот фактор на неплодноста. Постоперативна болка може да постои, но обично е издрлжива или лесно се купира со аналгетици.

 

 

Редакција Рингераја :

 Што е микроаденом на хипофизата и дали претставува пречка за забременување?

 

Одговор:

Проф.д-р Глигор Димитров, специјалист по гинекологија и акушерство, Ремедика

Тоа е бениген тумор на хипофизата кој ако е навреме откриен ( а може – скоро секогаш го пореметува дотогаш редовниот менструален циклус или предизвикува течење на млеко од градите) се третира само таблетарно. Во случаи на тумор или само хиперфункција на тој дел од хипофизата(без тумор) покачени се нивоата на пролактинот во крвта и тие се чест причина за неплодност. Како и да е, сите тие состојби се релативно лесно излечиви и никако не треба да бидат основ за паника кај пациентката.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Причини за стерилитет
Фактот дека после година дена не можете да забремените, претставува добра причина да одите на доктор и проверите дали ст...
5
Македонска мобилна апликација-Caffetin Men...
Ви ја претставуваме македонската мобилна апликација за следење на месечен циклус – Caffetin Menstrual
4
Хистероскопија и лапароскопија: кога и зош...
Современата гинекологија нуди сe попрецизни и помалку инвазивни методи за дијагностика и третман, а меѓу нив особено се ...
4
Што значи крварење во средина на циклусот?
Spotting, или крварење во средина на циклусот е нормална појава и се јавува за време на овулација
4




Анкета

Родендени
lidijalidija

Колку пари би требало да чини подарокот ѕа на роденден ,ѕа кај другарче од уцилише

100 денари (31%)

200 денари (37%)

300 денари (24%)

400 денари (4%)

500 денари и повеќе (5%)


Број на сите гласови: 288

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!