Vedrana13 во 19:37
на тема RE: Вештачко оплодување VIII дел
Редакција Рингераја :
Објаснете ни ја поопширно постапката на инсеминација
Одговор:
Проф.д-р Глигор Димитров, специјалист по гинекологија и акушерство, Ремедика
Спермата од сопругот(партнерот) се обработува во лабораторија со посебна (swim-up) метода. Притоа, за околу 2 часа се издвојуваат само најквалитетните и најспособни за оплодување сперматозоиди. Потоа истите, со посебен катетер се вбризгуваат директно во шуплината на матката. Оваа постапка се прави секогаш околу овулацијата. Најчести индикации се субнормален спермиограм и претходни интервенции на грлото на матката.
Редакција Рингераја :
Објаснете ни ја поопширно постапката на ин витро
Одговор:
Проф.д-р Глигор Димитров, специјалист по гинекологија и акушерство, Ремедика
По претходните комплетни испитувања на обата партнера и поставување на индикација за ИВФ, постапката најчесто започнува 21/22 ден од м. циклус со примање на еден тип поткожни инjекции секој ден. По добивањето мензес, од 2/3 ден на првите се додават уштее ден тип инjекции(за стимулација на раст на повеќе фоликули). Така се продолжува уште 8-15 дена, со ултразвучно следење на фоликулите и хормоните во крвта. Потоа, кога докторот ќе процени, се дава инјекција за зреење и 32-36 часа по неа следи трансвагинална ултразвучно водена пункција на фоликулите со што се собираат јајцеклетките. Истовремено со пункцијата партнерот остава примерок сперма која по обработката се спојува со јајцеклетките во лабораторијата. Воколку настапи оплодување, 3-5 дена по пункцијата се враќаат 1-3 ембриони во матката(ембриотрансфер). Во следните две недели по пункцијата пациентката прима вагинално и орално одредени лекарства . Тестот за бременост се прави обично 12-14 дена по трансферот.
Редакција Рингераја :
Дали после ембриотрансфер жената треба да мирува, или може да продолжи со нормалните активности?
Одговор:
Проф.д-р Глигор Димитров, специјалист по гинекологија и акушерство, Ремедика
Различни институции различно препорачуваат. Ние препорачуваме два часа лежење по трансферот, а да се врати на нормална активност по 2-3 дена.
Редакција Рингераја :
По колку денови се прави Бета hCg?
Одговор:
Проф.д-р Глигор Димитров, специјалист по гинекологија и акушерство, Ремедика
12-14 дена по трансферот
Редакција Рингераја :
Дали е препорачливо пациентката да прави хемиски тестови за утврдување на бременост, при ин витро оплодување?
Одговор:
Проф.д-р Глигор Димитров, специјалист по гинекологија и акушерство, Ремедика
Нема потреба ако може да се одреди Бета хЦг во крв во назначениот термин.
забава Бремените
Автор: bobik
Детството е периодот кога учиме да го разбираме светот и сето она што ...
Црвени дамки, чешање и оток, појавата на осип кај детето може да изгле...
Чувство на вина кај новите родители
Родителството често се прикажува како врвно исполнување, како момент н...
Зошто бројката на вагата не е најважна?
Колку повеќе навлегуваме во светот на фитнесот и здравјето, толку пове...
Штукнувањето кај бебињата е сосема нормално
Ако сте нов родител, веројатно сте веќе сведоци на најслаткото нешто: ...
Млеко.
Admin
По една година, кое млеко е поздраво да му се дава на дете: