|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Подобро здравје со Пробиотик јогуртот во лето

Би-Милк, 25.9.2012
Многу е важно во овој период во секојдневната исхрана да се користи јогуртот произведен со пробиотички култури и додатоци кој преку бројни истражувања се покажал како доверлив сојузник во борбата против дијареата, посебено во летните периоди.

image
/11


 

Денес луѓето  се сè повеќе ориентирани кон употреба на безбедни и функционални прехрамбени производи, кои го зајакнуваат имунитетот и ја подобруваат  целокупната физичка и психичка состојба. Употребата на вакви производи во текот на летниот период е од уште поголема важност поради високите температури и зголемениот  ризик од појава на бактерии во храната кои можат да го пореметат  цревниот баланс и да предизвикаат честа појава на дијареа, посебно кај децата.

Затоа многу е важно во овој период во секојдневната исхрана да се користи јогуртот произведен со пробиотички култури и  додатоци кој преку бројни истражувања се покажал како доверлив сојузник во борбата против дијареата, посебено во летните периоди. Тој не само што ја регулира работата на цревата туку го подобрува имунитетот и ја зголемува отпорноста на организмот.  Ваквиот тип на јогурт претставува ферментиран млечен производ, кој е комбинација од пробиотик и пребиотик- инулин, состојки чие позитивно дејство врз организмот е повеќекратно и потврдено од лекарите и бројни научни истражувања. Пробиотичкиот јогурт го подобрува општото ниво на имунитетот, ја зголемува отпорноста на слузницата на цревата, и ги уништува бактериите и габите, кои најчесто се јавуваат во летниот период  и предизвикуваат најразлични заболувања.

Пробиотичкиот јогурт и останатите пробиотички производи ја содржат здравата и  корисната пробиотичка бактерија која помага во одржување на добро избалансираните црева. Во цревата  живеат повеќе од 200 типови на бактерии, па навистина не е едноставно сите да ги одржиме среќни и избалансирани. Најголемата група на пробиотички бактерии во човековото тело создаваат млечна киселина од лактозата, која се среќава во пробиотичките јогурти. Таа поминува низ стомачниот гастроинтестинален тракт и помага во олеснувањето на тегобите при стомачната надуеност.
 
Пробиотичките јогурти помагаат да се надоместат изгубените здрави бактерии назад во телото, а со тоа и да се регуллираат стомачните проблеми како што е дијареата. Ова е само уште еден доказ на тврдењата дека пробиотиците можат да помогнат да се намали ризикот од цревни инфекции.

 

Честопати и деца  страдаат од хронична дијареа при високите летни темепратури кога и веројатноста за развивање на бактериите е поголема. Истражувањата покажуваат дека со конзумирање на пробиотичкијогурт во секојдневната исхрана нивната состојба во голема мера се подобрува, бидејќи пробиотичкиот јогурт помага во надоместување на здравите бактерии во нивниот систем,  како што се случува и кај возрасните. Некои студии покажуваат исто така и намалување на алергиите и асматичните реакции кај децата при секојдневна примена на пробиотиците L. acidophilus , Bifidobacterium lactis I St.termophilus.

И не заборавајте кога купувате пробиотик јогурт секогаш прочитајте ја етикетата. Побарајте производи  на кои пишува дека содржат активни пробиотички култури. Најздравиот избор е да се одлучите за ниско-масен јогурт произведен со активни култури и пробиотички и пребиотички додатоци. Прочитајте ја листата на состојки и видете дали листата ги вклучувапробиотичките култури и пребиотичните додатоци, L. acidophilus, Bifidobacterium lactis I St.termophilus

 

 

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Приказната за Јана - 3 Дел
3. Дел од приказната-За сите Вас кои ќе изработувате играчки-прегратки и ќе учествувате во акцијата Прегратка на Дар 201...
2
Приказната за Јана - 2 Дел
2. Дел од приказната-За сите Вас кои ќе изработувате играчки-прегратки и ќе учествувате во акцијата Прегратка на Дар 201...
2
Приказната за Јана - 1 дел
1. Дел од приказната-За сите Вас кои ќе изработувате играчки-прегратки и ќе учествувате во акцијата Прегратка на Дар 201...
2
Правилник за родители за учество во проектот
Во проектот Прегратка на Дар се поканети да се вклучат и Македонските семејства. Играчки веќе се изработуваат од корисни...
2




Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?