|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Поддржуваме мали бизниси: L Creativa

Марина Кљајиќ Петковски, 2.9.2022
Ве носиме во магичниот свет на рачни изработки на L Creativa. Разговараме со дизајнерката Лилјана

image
/11


Рингераја: Какви производи има во вашата понуда и со кои техники работите?

L. Creativa: Понудата на L.Creativa содржи различен асортиман на рачно изработени производи кои се исклучиво изработени рачно без никакви машини само со основен прибор за работа (игли, конци, ножици, лепила и др.). Во почетокот тоа беа плетени рачни изработки, повеќето зимски акцесоари за деца и возрасни (капчиња,шалчиња, турбан траки), но со текот на годините тој асортиман се прошири и на изработка на накит, невестински украси за коса и накит за невести дури и персонализирани подароци како држачи за цуцли, приврзоци и на крај во последнава година нешто најново рачни изработки од полимерна глина (накит од полимерна глина, детски сетови со прибор за јадење и останато од полимерна глина). Техники кои користам не се некои посебни, рачно шиење, везење, лепење кај накитот и рачно обликување на глината.

Рингераја: Од кога и како започнавте со изработките?

L.Creativa: Со рачните изработки започнав пред околу 7 години, од 2015 година некаде, многу спонтано. Непланирано започнав ова да го работам чисто од хоби, за своја душа и за свои блиски роднини, другарки... Никогаш не сум помислувала дека ова ке премине во мој бизнис, некој вид на егзистенција, бидејќи како и сите дипломирани барав и очекував дека ке се вработам по струката за која учев ( дипломиран машински инженер на отсек индустриски менаџмент ) и дека ова што го работам ќе ми биде само чисто како хоби.

 

1

 

Рингераја: Секој производ за изработка бара одредени вештини, различни материјали, одредено време и услови. 

За кој би рекла дека е наједноставен а кој претставува најголем предизвик?

L: Creativa: Навистина секој производ за да се изработи бара одредени вештини и материјали, алатки и многу важно времето кое ќе се посвети на него. Од вкупниот асортиман кои ги нуди L.Creativa , можам да кажам дека најлесно и најбрзо се изработуваат држачите за цуцли за бебиња, за нив не е потребно никаква техника ни посебни алатки, потребно е само да се има материјал (деталите, украсите на држачот ) и креативност како тој би се склопил, нанижал за да изгледа убаво. Сите останати изработки се предизвик, кој повеќе кој помалку но најмногу би го издвоила рачно изработениот накит од камчиња, бисерчиња, циркони по кои и ме препознаваат бидејќи најдолго време го работам и некако најмногу се пронаоѓам во таквите креации. Морам да ги споменам како посебен предизвик изработките од полимерна глина кои ги започнав да ги учам и работам овие две години во текот на ковид пандемијата бидејќи имав доста време слободно, не се бараше накитот па сакав да научам нешто ново. На тоа поле имав преголема несебична помош од мојата пријателка Милена Т. која е професор, мајстор за изработки од полимерна глина. Ја користам приликата јавно да и се заблагодарам! 

 

2

Рингераја: Дали потрошувачите се заинтересирани за вашите производи? Колку нашиот народ ја цени рачната изработка воопшто? Кој производ е најпопуларен и најбаран?

L.Creativa: Со оглед на тоа што L.Creativa постои толку години, мислам дека моите клиенти, муштерии, потрошувачи се задоволни. Досега не се јавило некој проблем во соработката. Секогаш сум достапна за соработка, комуникацијата ни е одлична на релација производител - муштерија се обидувам до најмал детал да бидат желбите и потребите на муштериите задоволени бидејќи мое мото е - " кога некој веќе нештото го нарачува по сопствена желба, таков треба да биде и резултатот " (се во склоп на достапноста на материјали и можноста да се изработи нештото) а јас сум тука да помогнам со мислење, совет, сугестија). Кога сето тоа така ќе се изреализира, следи и крајниот резултат - задоволен муштерија што е според мене и најважното нешто во секој бизнис.

Во однос на тоа колку нашиот народ ја цени рачната изработка можам од сопственото мое искуство да кажам дека повеќето ја ценат, има и такви кои не ценат, секогаш ке постојат но рачната изработка со оглед на тоа што се изработуваат уникатни производи има повисоки цени од останатите производи што можат да се купат секаде. Реалноста ни е таа, знаеме каков ни е стандардот, во нашата држава не може секој да си дозволи луксуз (тргнувам од мене како и многу други и јас не можам да купам нешто екстра луксузно) што е нормално па и од таа гледна точка мојата понуда содржи таков асортиман на производи да можат потрошувачите да се пронајдат сите секој според своите можности и потреби. Моментално како што се вратија животот во нормала најголема заинтересираност има накитот и украсите за коса за невести.

 

4

Рингераја: Колку сте задоволни од досегашното работење?  

L.Creativa: Од досегашната работа досега сум задоволна, се надевам ќе остане тоа така и понатаму, освен во времето на карантините кога нормално сите беа незадоволни, но тоа не беше до нас тоа беше на светско ниво, но поминува полека.

Рингераја: Живееме во пост - пандемско време од кое сите бевме затекнати и нашите животи добија друг размер. Луѓето станаа поактивни на социјалните мрежи повеќе од претходно. Дали како сопственик на онлајн бизнис забележавте позитивен ефект?

L.Creativa: Ковид пандемијата значително ги промени нашите животи на многу полиња, па и на полето на комуникацијата, но тоа кај мене не се одрази негативно бидејќи и предходно пред пандемијата мојата комуникација со муштериите се одвиваше онлине.

 

6

Рингераја: Производите се достапни на вашите профили на социјалните мрежи.  Идни планови? Можеби некој нов производ? 

L.Creativa: Најголем контакт со муштериите го остварувам онлине преку моите ф.б.страници кои ги има 4 по број бидејќи се доста артикли од различен тип постоеше потреба за поголема прегледност и олеснување на муштериите кога разгледуваат низ асортиманот . 

Тие се:

L.Creativa - накит, рачна изработка

L.Creativa - wedding, bridal accessiries

L.Creativa - Magic Clay World

L.Creativa - држачи за цуцли

Моите идни планови ...Секако дека најголема желба ми е да продолжам по струката, но дотогаш продолжувам да го работам ова што го работам се додека има потреба, побарувачка, да го работам најдобро што знам и умеам и сите клиенти, муштерии да се максимално задоволни од мојата работа.

Рингераја: Што би им препорачале на оние кои размислуваат за сопствен бизнис?

L.Creativa: Моја препорака за сите кои сакаат, имаат намера да остварат сопствен бизнис е да бидат решителни, храбри и истрајни да не се обесхрабруваат и тоа што ќе го работат да го работат со многу љубов. Успони и падови има постојано, за се е потребно труд и време а во работата со рачни изработки посебно многу повеќе.

 

8

Поддршката за малите бизниси значи многу.

Заследете ги профилите на L.Creativa

 

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Поддржуваме мали бизниси: Дора Мода
Еден Инстаграм профил го привлече нашето внимание. Станува збор за doramodahandmade и нејзините хеклани приказни
5
Вештачката интелигенција ги управува апара...
Паметен дом (Smart Home) е концепт во кој сите главни апарати за домаќинството имаат функции напојувани од алгоритми за ...
4
Рецепт за домашно подготвено масло за сончање
Маслата за сончање не се погодни за сите, тие имаат мал заштитен фактор или пак воопшто немаат
3
Која е новата снашка на Брена?
Стефан Живојиновиќ, синот на Лепа Брена веќе некое време е во врска со бугарската тенисерка Ани Вангелова
3




Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?