Vedrana13 во 19:37
на тема RE: Вештачко оплодување VIII дел
1. Одете на преглед. Се уште не е потребно да изберете лекар, кој ќе ја следи бременоста, но е добро да посетите гинеколог за профилактички преглед. Така ќе се воспостават медицински проблеми кои треба да се отстранат однапред , или ќе се следат за време на бременоста. Освен тоа, лекарот ќе ви даде дополнителни насоки и ќе разјасни кои лекови се забранети за време на бременоста, ќе провери дали ви се ставени сите задолжителни вакцини ќе поразговарате за тежината, режимот на исхрана, што пиете и други животни навики поврзани со зачнувањето.
2. Започнете да барате пренатален специјалист. Договорете си час за преглед.
3. Посетете стоматолог. Да го посетите стоматологот, пред да забремените, е речиси исто толку важно колку посетата кај лекарот, бидејќи идната бременост може да влијае на вашите заби - и вашите заби да влијаат врз вашата идна бременост. Хормоните на бременоста често ги продлабочуваат проблемите со непцата и забите и создаваат проблеми. Освен тоа истражувањата покажуваат дека болестите на непцата се поврзани со некои компликации на бременоста. Односно, пред да зачнете, потребна ви е беспрекорна состојба на усната празнина и забите. Грижете се за да ги завршите сите потребни работи сега - рендгенски снимки, лекување на кариес и хируршки процедури, - за да не се подложувате на овие постапки за време на бременоста.
4. Проверетего семејното стебло. Проверете ја здравствената историја од двете страни на семејното стебло (вашето и на вашиот сопруг).
5. Дали се подготвувате за втора бременост? Проверете ја историјата на првата бременост. Ако сте имале компликации или бременоста ви завршила со предвремено породување или спонтан абортус (или сте преживеале неколку спонтани абортуси), зборувајте со специјалист какви мерки да преземе во моментот пред зачнувањето.
6. Доколку е неопходно, направете генетски тест. Прашајте го докторот дали е потребно да се подложите на испитувања за генетски болести.
7. Направете лабораториски истражувања.
· Хемоглобин и хематокрит - за анемија.
· Rh фактор - негативен (при овој резултат, партнерот исто така треба да направи испитувања, а во случај дека и двајцата сте со негативен, нема потреба да се занимавате повеќе со ова прашање)
· Тест за проверка на имунитетот кон рубеола.
· Тест за сипаница за проверка на имунитетот кон сипаници (ситна сипаници).
· Хепатит B (ако спаѓате во ризична категорија, како здравствен работник на пример и немате имунизација).
· Антитела против цитомегаловирус - дознаете дали имате имунитет.
· Тест за токсоплазмоза, ако имате мачка, или често јадете полусирово месо.
· Функционирање на тироидната жлезда, бидејќи нејзината активност влијае на бременоста.
· Сексуално преносливи болести - сите бремени жени се подложени на тест за венерични болести.
8. Важно е да ги контролирате хроничните болести. Кај дијабетес, астма, срцеви заболувања, епилепсија или друго хронично заболување, консултирајте се со вашиот лекар дали моментот е погоден да забремените.
9. Подобрување на исхраната. Најважно е да ја земате потребната доза на фолна киселина, која го зајакнува плодноста. Фолната киселина се содржи во интегралните производи и во зелените лиснати зеленчуци. Се препорачува при бременост да се земе дополнителна доза. Добра идеја е да го намалите штетната и мрсната храна и да консумирате интегрални производи, овошје, зеленчук и нискомаслени млечни производи.
10. Пијте витамини за бремени. Два месеци пред забременување е добро да пиете суплементи за бремени. Мултивитамините треба да содржат и 15 mg цинк, кој помага плодноста.
11. Спортувајте, но не претерувајте.
4
3
3
3
забава Бремените
Автор: bobik
Момент што го менува животот засекогаш
Постојат моменти што не можат да се опишат со зборови, можат само да с...
Природно породување и царски рез, предности/предизвици
Начинот на породување е лична, но и медицинска одлука. Некои жени имаа...
Полина Тас ја објави новата песна „Феномен“
Македонската пејачка Полина Тас ја претставува својата нова авторска ...
Бебешки плач, како да препознаете што значи?
Плачот е првиот и најважен начин на комуникација на бебето. Тоа не пла...
Недостаток на сон и неговото влијание врз тежината
Сонот е основен дел од здравиот животен стил, но многумина не обрнуваа...