|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Исповед на една жена, која со години се обидува да стане мајка...

image
/11


 

Да имам дете, мое и на Дарко, наше заедничко, пола на мене пола на него..или ок било како, само нека одбери, ама барем да има нозе како мене...

Тоа беше нашиот сон, уште кога прв пат од кога се фативме за раце, искрено и чисто, се гледавме во очи. Ние не сонувавме за престиж, не сонувавме за кариера, тоа не ни беше битно – нам ни беше битна скромна куќичка, дворче со миленичиња и растрчани дечиња..а дојде време да имаме кариера а да немаме тоа што беше на прво место.

Направивме најубава свадба, бевме најсреќни, отидовме на посакуваното патување и бевме спремни за доаѓањето на најубавото. И чекавме, чекавме... бременост немаше. Упорно се оттргнував од помислата дека можеби нешто не е во ред, па нема шанси, тоа сме ние двајца, совршени еден за друг, совршени за дете, секој би не посакал како родители. И поминува една година, па уште една, па уште една.. Првата година па и втората не се загрижувавме премногу, бидејќи знаевме дека некогаш е потребно и повеќе време, па гледавме времето на чекање да го искористиме во наш развој, за да сме подобро спремни кога ќе дојде нашиот момент. Напредување на работа, средување на дом, патување кое подоцна ќе биде понедостижно, читање на литература за бременост и  развој на дете.... Но после третата година веќе се почна да губи смисла, грижата го зазеде своето место и тогаш се соочив со помислата дека треба да и дадам простор на медицината, бидејќи здравиот начин на живот, редовното вежбање, алтернативната медицина,  очигледно не беа доволни.  Се упатив до мојот матичен гиниколог и тогаш започна се...  патот кој засекогаш не промени.

Прв чекор – признавање пред гинеколог дека можеби имаме проблем. Гинекологот советуваше пап тест и следење на овулација. Уште пред да се направи прегледот, не погледна и како да ни кажува добар ден рече: Е колку ми идат вакви како вас, неплодноста е најчест проблем меѓу младите денес. Неплодност...каква неплодност... па ние само сакаме да извршиме испитувања, зошто да сме неплодни, никој од нашата фамилија не е неплоден, од каде оваа етикета... не-плодни – зборот кој неможев да го тргнам од мојте мисли, ладна пот ме облева и почнувам да се тресам... Ме прекинува гинекологот со наредба да се спремам за прегледот. Следуваат одлични резултати на пап тестот. Гинекологот советува да следиме овулации 3 месеци - Редовни менструации, одлични овулации.. Откако и тоа помина неуспешно следува испитување на сперма – одлични резултати. Докторот рече дека вакви здрави тела како нашите денес, меѓу младината се реткост, и не знае како може да не доаѓа до бременост.

Еден ден откако дома останав сама, решив на своја рака да проверам на интернет што е тоа неплодност и како другите ја лечат. Рацете ми се тресеа кога го типкав тој збор, како да сум во некој туѓ филм, како јас стигнав да барам за себе на интернет за тој проблем. Прочитав кратко, но веднаш исклучив бидејќи наидов на многу нови термини, испитувања по испитувања, бев убедена дека не е моето место таму, ете следниот месец се ќе се реши и ова брзо ќе го заборавиме – се тешев.

Следен месец проверка на хормони – повторно одлични резултати.  Микробиолошки анализи - повторно уредни резултати. 3 месечно следење на овулација, овој пат медицински ќе потпомогнеме, вели докторот  -  е тоа беше еден низок удар за нас, се следеше растот на фоликули, на одреден ден примав инекција за да прснат фоликулите во одредено време а ние тоа време да го искористиме за правење на дете. Докторот го интересираше колку често имаме односи, нашата интима изчезна... Па зарем вака мора? Прашуваше Дарко, па зарем сега, баш во овој момент, зошто мора да е вака, ова не личи на водење на љубов, што е ова кревање на нозе, ова стана научен проект.

Секоја менструација значеше ужасно соочување со болка, солзи, разочарување... И повторно истиот круг. Откако добро ќе се исплачев првиот ден од менструација, ќе се истуширав, за да ја измијам сета таа болка и бес, да ја пуштам во неповрат по водата, потоа со нови сили ќе се дотерав, нашминкав и ќе се појавев кај докторот со истите зборови: Добив. А тој гледа и не знае како да помогни: Паак? Следно одиме со зголемување на број на јајце клетки со терапија Кломифен. 3 месечно малтретирање повторно без резултат. Дијагноза: Идиопатски стерилитет – стерилитет без причина. Матичниот гинеколог го препушти нашиот случај на специјалзирани лица за решавање на неплодност.

И така седам јас во клиника, пред врата Центар за  асистирана репродукција и чекам на ред за совет плус за решавање на нашиот проблем. Клиниката е полна со луѓе, кои чекаат, но јас сум преку мој термин и кај и да е ќе стигнам на ред. Очите не можам да ги тргнам од знакот неплодност, гледам и се чудам како јас стигнав до оваа врата. Солзите сами течат низ лицето, срам ми е од луѓето околу мене па ја наведнувам главата и гледам во мобилен.  Што толку згрешив во животот, па да седам на ова столче – зошто не седам 4 столчиња подолу кај девојките со труднички стомак кои одат на редовен преглед? Еден дечко поминува низ ходник и ги известува најблиските дека само што станал татко.. Се радувам за него и си велам дај ми и мене ваква среќа господе. И Дарко среќен да ги извести нашите дека станал татко...

Стигнав на ред, специјалистот го разгледа нашиот случај и препорача проверка на проодност на канали. Ок супер, нова надеж се раѓа во мене. На договорен термин, одам на проверка на проодност на канали. Гола лежам на маса над мене апаратура, тоа е рентгенот си велам, младиот доктор гледа дека се срамам па сака со шеги да го разбие мојот срам, сестрите од другата страна на стаклото нешто дофлруваат.. јас сакам само побрзо да заврши ова... Пушта течност во мене и тоа боли, печи ми иде да скокнам и да си одам... си велам ајде издржи уште малку, помисли си на бебето.. Уште колку докторе? прашувам, а тој гледа дека се виткам од болка, и вика не мрдај мора да си мирна инаку нема снимки да фатиме, ајде уште на другиот јајцевод... И пак боли, ги заривам ноктите во раката, барем на таа болка да се фокусирам, барем рацете да ги мрдам.. Помина.. После прегледот крварев, се тешев дека тоа беа пречките кои сега веќе ги нема и сега патот кон дете е слободен... Резултати се во ред. Уште еден низок удар. Докторот вели, многу забременуваат после овај преглед, им ги ослободуваме каналите и од мали невидливи пречки. Давам време на прегледот, но после 6 празни месеци, повторно со документите во рака одам во клиника, овој пат приватна, можеби таму знаат подобро, се тешам....

 

Продолжува...

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Четирите близначки на Гарднер конечно дома!
После 8-годишна борба за зачнување, парот Гарднер од Јута ја прослави првата ноќ со своите 4 девојчиња близначки дома. П...
4
Секоја жена најзадоволно се смее двапати!
Жената има две насмевки, една кога сфаќа дека е заљубена и друга кога за првпат ќе си го види бебето
4
Ако не успее веднаш....
Бременоста многу ретко може да се планира. Мал број мајки можат да бидат “горди“дека забремениле при првиот обид. Зошто...
4
Неизлечената кламидија ги оштетува јајници...
Кламидијата е честа сексуално пренослива болест предизвикана од бактеријата Chlamydia trachomatis, која може да ги оштет...
4




Анкета

Што да дознаете.
пеперутка16

Кога би носеле тројки, што би направиле?