|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Пази да не се извалкаш…внимавај ќе паднеш…немој да скокаш…пази вода……еј, немој ќе се удриш…, облечи, соблечи….и се така слушам од многу родители кои љубопитно во секој чекор ги следат движењето и реакциите на своите деца

image
/11


Дозволете им да се извалкаат, да скокаат во вирчињата вода, да не ги подучуваме како ќе се наводенат, ќе паднат, ќе се удрат….Како тие мали суштества ќе се испробаат себе си ако денес на секое место каде тие играат опкружени се со татковци и мајки, баби и дедовци кои будно ги следат сите нивни движења?

Па, не смеат да се качуваат високо, не смеат да трчаат побрзо, не смеат да си играат со вода,не смеат да си фрлаат каменчиња.Секој слободен простор за децата е окупиран и зафатен.Како детето ќе има самодоверба и ќе си верува себе си ако посојано е под контрола и строг надзор. Она што треба сите да не освести е  децата не умеат , не знаат како да комуницираат. Не умеат да се изразуваат, ниту умеат да ги искажат своите чувства.

Сакаат да имаат се и тоа веднаш сега.

Па кога не добиваат, се слушаат врисоци и неартикулирани крици. Секоја емоција ја искажуваат со врисоци, чиниш некој ги повредува, ги плаши или се нападнати. А, родителите ? Па тие се тука, ама мобилните телефони се поинтересни, не реагираат ни тие на ваквите однесувања во јавност. Има и призори кога и тие се караат за играчка, се надвикуваат и сакаат да докажат дека нивното дете е во право. Тоа го прават пред очите на другите деца кои само се збунети и охрабрени дека таквото однесување на возрасните е дозволено и пример на модел на однесување.

Затоа

Учете ги своите деца да кажат „Благодарам“, „Се извинувам“, „Ве молам“.

Учете ги дека ги сакате такви какви се и дека секогаш ќе им бидете пристаниште кога не се чувствуваат добро. Дека ќе ги сакате и кога нема да ги имаат сите одлични оценки во училиште. Кажете им дека треба да си веруваат себе си затоа што се посебни и едниствени и вредни за љубовта ваша. Не барајте да бидат совршени затоа што веќе се. Слушајте ги со целото ваше срце и со секој нивен искажан збор.

Учете ги да бидат одговорни, да внимаваат на своите лични работи, но истото да го прават и со сопственоста на другите. Учете ги да го искажуваат своето мислење само кога ќе им дојде редот, да го слушаат својот соговорник со што ќе покажат дека го почитуваат.

Учете ги да не зборуваат истовремено со своите другарчиња во оделението. Соопштете му дека и во училиштето постојат правила на однесување кои треба да се почитуваат.

Учете ги дека се што е отпад треба да се собере и да се остави во корпата за отпадоци. Објаснете им дека планетава Земја сме ја наследиле од нашите предци и дека треба да ја оставиме почиста и подобра на нашите идни генерации.

Учете ги дека можеби нема сите да го прифатат како другарче, но тоа не значи дека тој не е добра личност и дека не треба да верува во другарство. Објаснете му дека треба да споделува со своите најблиски, другарчињата и дека тоа треба да го прави со љубов, да разбере дека давањето е знак на љубов и внимание.

Учете ги дека е убаво да се трудиш и бидеш работлив, да добиваш тоа што си заслужиш. Да ги прифатат доколку добијат послаба оценка, дека секогаш може подобро доколку се вложи повеќе.

Учете ги дека со парите може да се купи се , но не и среќата.

Учете ги да умеат да се справат со секој пораз и неуспех за да можат да се радуваат и уживаат во плодовите од сопствената победа.

Учете ги децата дека оној кој не направил грешки никогаш не научил нешто ново.

Учете ги да не бидат звидливи, љубоморни , туку да се радуваат на туѓата среќа и успех.

Учете ги дека само со радосни и позитивни емоции можат да бидат подобри со луѓето околу себе и дека некому можат да му го направат денот поубав.

Учете ги за тајната на насмевката и љубезноста. Учете ги да бидат благодарни на се што имаат, и да бидат среќни за се што немаат за да можат да очекуваат и  да се надеваат.

Учете ги да ја спознаат убавината на книгите и тишината која тие можат да ја обезбедат. Учете ги децата да ја ценат убавината на изгрејсонцето и зајдисонцето, да ја согледаат убавината на птиците и на животот како вредност.

Учете ги дека си веруваат себе си, на сопствените идеи и соништа дури и тогаш кога некој ќе им се потсмева  и ќе им кажува дека тоа не е возможно, дека нема да успеат. Учете ги доколку немаат соништа да ги создадат.

Учете ги дека е почесно да изгубиш отколку да лажеш.

Учете ги да бидат нежни со девојчињата и послабите, а со силните да бидат уште посилни.

Учете ги да учат секојдневно зошто само вистинското знаење е вредност, никогаш да не ги ставаат на цена сопствената душа и своето срце.

Учете ги дека е добро да се борат за сопствените ставови и да не се плашат да ги искажуваат јавно. Учете ги да бидат љубопитни и да поставуваат многу прашања затоа што со “умни” прашања може да се дојде до вистинскиот одговор.

Учете ги секогаш да најдат начин да го искажат своето мислење , но никогаш да не го соопштат на начин на кој би повредиле други околу себе.

Учете ги да бидат трпеливи и толерантни со другарите, пријателите,роднините, познаниците и наставниците. Учете ги да не  осудуваат  и критикуваат други поради лични несогласувања.Учете ги секогаш да го бараат најдоброто во другите. Учете ги да имаат верба во себе затоа што само така ќе им веруваат на другите.

Учете ги да ги почитуваат наставниците затоа што и тие се нечии мајки и родители. Учете ги дека секое дете е нечиј свет.

Учете ги да сакаат и секојдневно некому да кажуват те сакам!!

Ова е најмалку на што можете да ги научите сопствените деца.

 

Преголема приврзаност кон мама
Оваа фаза од развојот на детето настапува околу првата година. Во овој период навистина изгледа невозможно да се ослобод...
4
Третата година на детето е полоша од втората?
Пред да помислите дека станува збор за некакво сериозно научно истражување, веднаш да ви напоменеме дека не е така. Напр...
4
Шакира: Бидете строги, но полни со љубов
Откако славната пејачка стана мајка на две деца, Милан и Саша, целиот нејзин свет се врти околу нив. Не пропушта прилика...
3
Зошто девојчињата треба да спортуваат?
Зошто девојчињата да спортуваат? Ќе речете за да бидат физички активни, и ќе бидете во право. Да се забавуваат? И тоа е ...
3


Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:



Анкета

секс
Gjuce

Колку често имате секс после породувањето ???

секој ден (6%)

два-три пати неделно (17%)

еднаш неделно (16%)

неколку пати месечно (19%)

еднаш месечно (17%)

многу ретко (25%)


Број на сите гласови: 77

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!