|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Пет лоши навики на малите деца

Редакција Рингераја, 18.10.2016
Повеќето деца имаат некоја лоша навика која предизвикува срам кај родителите. Сигурно би ви било непријатно ако вашето дете си го стави прстот во носето или започне да се допира „долу“ пред вашите пријатели
Клучни зборови:

image
/11


 

Многу од навиките кои ги стекнуваме како деца ни остануваат за цел живот. Секој родител сака неговото дете да ги прифати добрите навики како редовно миење на забите, љубезно заблагодарување за добиен подарок или услуга, добрите манири на маса. Од друга страна, на секој родител му се накострешува косата кога ќе го здогледа своето дете како со прстето чепка во носот, си ги грицка ноктите, си го цица палецот или се допира по гениталиите во јавност.

Повеќето деца имаат некоја лоша навика која предизвикува срам кај родителите. Сигурно би ви било непријатно ако вашето дете си го стави прстот во носето или започне да се допира „долу“ пред вашите пријатели. Но, колку и да ви се одбивни овие навики и колку и да ве нервираат, за да ги отстраните од секојдневието на вашето дете треба да ја задржите контролата и да не избувнувате.

Најголем дел од лошите детски навики се појавуваат затоа што децата имитираат некого или пак со нив се смируваат и успокојуваат. Добра вест е што со текот на годините овие лоши навики исчезнуваат, па најдобрата алатка на родителите е трпението.

Еве кои се петте најчести лоши навики на децата:

 

1. Чепкање на носот

Дете си го чепка носот

Скоро секое дете го има ставено својот прст во носот. Децата преку допирот го истражуваат светот наоколу и го запознаваат своето тело. Но, на некои деца „играта“ со носот им станува навика. Понекогаш децата со чепкањето вадат од носето мукус или секрет и го ставаат во устата или на предметите кои се наоѓаат во нивна близина. Родителите тешко ја толерираат оваа навика и понекогаш стануваат агресивни со своите коментари или го плескаат детето по раката.

Родителите со право се иритираат поради ваквата постапка, бидејќи чепкањето на носот е навика која може да му наштети на здравјето на детето. Таа може да предизвика мали крварења поради гребнатинки или оштетување на носната лигавица, но исто така и да го зголеми бројот на настинки бидејќи така вирусите се пренесуваат од рацете директно во носот. Спротивно на тоа, некои доктори тврдат дека со ваквата навика се подобрува имунитетот на децата.

Совет: Наместо да му викате на детето „Вади го прстот од носот!“ или „Престани, одвратен си!“, или пак да го плескате по раката, со нежен пристап објаснете му дека е срамота да го прави тоа. Нудете му марамче за да се избрише секогаш кога ќе забележите дека се обидува да извади нешто. Одржувајте му ги ноктите куси и мазни за да не си нанесува рани. Доколку чепкањето е интензивно и си нанесува рани, ставете му фластери на показалците за да го потсетуваат да не ги става во носот.


2. Грицкање на ноктите

Грицкањето на ноктите се појавува главно поради вознемиреност, здодевност или нервоза. Може да забележите дека вашето дете си ги грицка ноктите додека гледа телевизија, пишува домашна работа или додека е во друштво на непознати лица. За разлика од чепкањето на носот кое брзо исчезнува кога детето ќе порасне, гризењето на ноктите може да остане доживотна навика.

Грицкањето може да доведе до воспалување и крвавење на кожата околу ноктите или до инфекции. Исто така, не е исклучено да се појават мали пукнатини на рабовите на предните заби (секачите).

Совет: Одржувајте ги ноктите на вашето дете мазни и куси. Кога ноктите се поткршени или долги, поголемо е искушението и потребата да бидат грицнати. Кога ќе нема што да грицка, вашето дете ќе се откаже. Ако имате девојче со ваков проблем, кажете ? дека ако прекине да ги грицка, ноктите ќе ? изгледаат убаво. Можете да ? ги лакирате со проѕирен лак. Така нема да сака да си го уништи маникирот.


3. Цицање на палецот

Додека детето е малечко, цицањето на палецот не изгледа како лоша навика и секогаш измамува насмевки. Но, кога детето ќе порасне, родителите се активираат да ја искоренат оваа навика. Цицањето на палецот ги релаксира децата, па затоа и им е тешко да се откажат од ставањето на палецот во устата.

Оваа навика може да донесе и последици за здравјето. Освен што може да предизвика инфекција или воспалување на палецот, искривување на забите и евентуално вилицата, цицањето на прстот носи многу бактерии во устата на детето.

Совет: До 4-годишна возраст не треба да се загрижувате поради оваа навика. Но, повеќето експерти се согласуваат дека добро е детето да се одвикне од цицањето на палецот пред да започне да оди на училиште. За да му помогнете да се одвикне, опоменувајте го со низок тон на гласот, давајте му повеќе активности кои го релаксираат, не го оставајте да му биде здодевно или ставете му завој или фластер на палецот за да се потсетува дека не треба да го става во устата.


4. Допирање на гениталиите

Родителите може многу да се вознемират во случај да го видат нивното дете како мастурбира. Вистината е дека сите деца од време на време ги стимулираат своите гениталии, најчесто на 4-годишна возраст.

Истражувајќи го своето тело, децата може да почувствуваат дека допирањето на гениталиите е пријатно и да го повторуваат. Тие не ги сфаќаат социјалните последици од јавната мастурбација, затоа што тоа не го асоцираат со тајно односно приватно однесување кое го практикуваат возрасните. За децата, допирањето на гениталиите е исто како и допирањето на ушите или косата. Затоа, родителите не треба да паничат или да му создаваат претстава на детето дека прави нешто многу погрешно и лошо.

Совет: Објаснете му на вашето дете дека во јавност е забрането допирањето на гениталиите. Дека тоа е приватно, како што е и одењето во тоалет. Ако видите дека ја спушта раката долу, подајте му играчка или друг предмет што ќе му ги чува рацете зафатени и ќе му го оттргне вниманието. Мастурбацијата е многу чувствителна тема, па во никој случај не треба да му викате или да го обвинувате дека прави нешто неморално. Консултирајте се со педијатар ако вашето дете не престанува да се допира во јавност иако вие упорно го одвикнувате или ако се обидува да ги стимулира гениталиите на други деца.


5. Играње со косата или тргање на прамени

Играњето со прамен од косата е нервозна навика и на многу возрасни, но кај децата е особено честа појава. Едноставното вртење на прамен од косата со прстите и не е некоја навика за којашто треба да се загрижувате. Има простор за паника ако вашето дете започне да си кубе влакна од косата, па како последица на тоа да останат ќелави делови на главата. Доколк

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Колку сте полоши со детето, полошо станува...
Рускиот психолог Јулија Гипенрејтер својот живот го посветила на проучување на односот помеѓу родителите и децата. Нејзи...
3
Зошто се` мора да се повтори 100 пати?
Во секојдневието на скоро секој родител, едноставните задачи упатени кон децата (време е за бањање, ајде на ручек, излег...
3
Жените го враќаат сексипилот 409 дена по п...
Во просек 409 дена се потребни за да можат жените после раѓањето да се чувствуваат посакувано и да ја вратат социјалната...
3
Објавена програмата на „После часови“!
Ако се уште не сте слушнале за „После часови“, драго ни е да бидеме први да ви пренесемеедна супер вест!
3




Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?