vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
Истражување на докторката Шерил Рок, од Универзитетот во Калифорнија, дошло до заклучок дека храната која содржи ореви позитивно влијае на нивото на холестерол во организмот.
„Едно од изненадувачките откритија во ова истражување, е тоа дека, и покрај тоа што оревите се богати со масти и имаат доста калории, диетите богати со ореви по бројот на изгубени килограми би можеле да се изедначат со диетите со намалено внесување на маснотии“, вели Рос.
„Земајќи ги во предвид резултатите до кои дојдовме, како и претходното проучување на влијанието на оревите на здравјето на срцето и тежината, можеме слободно да констатираме дека рака ореви дневно би била од голема корист“, додаде таа.
Докторката Рок набљудувала група од 245 дебели жени, кои учествувале во програма за губење на килограми. На нив им биле одредени три различни диети.
Едната вклучувала храна која содржи помалку маснотии, но повеќе јаглени хидрати.
Втората била ориентирана на исхрана која е со помалку јаглен хидрати, а повеќе масти, додека третата вклучувала консумација на ореви, и содржела повеќе масти и помалку јаглен хидрати.
По шест месеци, жените од третата група загубиле сличен број на килограми како и оние од останатите групи, но нивото на лош холестерол во крвта им се намалил, додека нивото на добар холестерол им се зголемил.
„Иако оревите се богати со масти и калории, третата диета се покажа како еднакво успешна. Се чини како жените на таа диета да внесувале помалку маснотии. Не само што ослабеле, туку и нивото на холестерол им се намалил“, заклучува авторката на истражувањето.
3
2
2
2
забава Бремените
Автор: bobik
Што значи кога ќе пукне водењакот?
„Пукна водењакот“. Реченица која многу идни мајки ја замислуваат како ...
Кога детето треба правилно да ги изговара сите букви?
„Дали е нормално моето дете сe уште да не го изговара правилно Р?“ или...
Невидливиот товар на чекањето бременост
За некои парови, желбата за бебе започнува со возбуда, планови и убави...
Што може да влијае на терминот на породување?
Кога ќе го дознаете очекуваниот термин, природно е да почнете да ги бр...
Закана од предвремено породување
Предвременото породување е породување што започнува пред навршени 37 н...