|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Дневникот на Pepelaska###

image
/11

За актуелни содржини и вести од светот на родителството и бременост изберете ја Рингераја како свој омилен извор на Google.
Google
Ringaraja logo
Постави


 

 

Толку и од овој ден , се стемнува веќе. Додека спиеш ти јас крадам малку од нашето време да седнам и да одморам. Исчистено е, твоите алиштенца се испрани ене ги висат над шпоретот за да се исушат најбрзо што може. Шишенцата се измиени, водата зовриена а сокчето ене го спремно те чека да се разбудиш од слаткото твое сонче. Да не треба да направам уште нешто? А да, да видам дали има доволно млеко во кутијата, до каде сме стигнале со пелените, влажните марамчиња ете и тие биле при крај, треба да одиме да купиме.

Решавам да седнам да одморам и да го опуштам малку мозокот, минуваат само 5 минути од одморот и веднаш наидуваат овие прашања.Тогаш се прашувам - а зошто да одмарам ? Треба да смислам нова игра, треба да смислам нова песничка за кога ќе се разбудиш да се слуша твоето смеење низ целата куќа. Оваа соба веќе не личи на соба кога ти не си во неа, кога нема расфрлени тропалки, до пололина или цели испразнети шишенца, па и некоја полна пелена, не, не,овде нема ништо ако не се слуша твоето гласно смеење, ако не се слуша нашето гугање.

Ајде разбуди се мило, мама е одморена, доста и е пауза, сака да играте, сака да пеете, да шетате и да разгледувате се што има.

Денес мојот свет кој некогаш беше шетање и забава е заменет со детски приказни, денес јас сум мајка на која не и е важно дали е облечена во најстарите тренерки или во најскапиот фустан, дали ги носам оние ниски патики или одамна заборавените штикли, мојот кармин се замени со вкус на свежо приготвените кашички и сокчиња, моите кафиња со другарки се заменети со едно експресно утринско кафе чекајќи те тебе да се разбудиш и заедно да поминеме уште еден незаборавен ден.

Ако некогаш моите денови беа обоени со една иста боја, денес се исполнети со шаренило, еден куп насмевки , најубави зборови изговорени од тоа мало усте. Ако некогаш ми недостигало љубов денес ја имам во изобилство, оние мали очиња светат од радост а оние мали подадени рачиња ме расплакуваат.

 

А сега морам да одам зашто сокчето треба да се испие :)

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Голи пред децата: За и против
Голотијата пред децата им се спротивставува на традиционалните норми и им помага на децата да развијат здрава слика за н...
4
8-ми март веќе не е тоа што беше
8-ми март! Месец кој секоја смисла ја сведува на жената, па и овој текст. Мотивацијата за пишување на оваа тема е што пр...
4
Најдоброто писмо од една мајка до нејзинит...
Блогерката Сандра Тодоровиќ од Сараево, мајка на еден син и две ќерки, им пишува писмо во кое сака да им каже сe што зна...
4
Олеснете им го патот на првачињата
Како треба да се разговара со детето за училишните обврски?
4




Анкета

Најстресниот период.
пеперутка16

Кога ви беше најзаморно да бидете со вашето дете?

До првата година од животот. (50%)

1-ва до 2-та година. (0%)

2-ра до 3-та година. (50%)

3-та до 5-та година. (0%)

Кога станал ученик. (0%)

Кога тој/таа станал тинејџер. (0%)


Број на сите гласови: 2

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!