Jeca во 12:26
на тема RE: Работа од дома
Денес компанијата БиМилк организираше дружење со децата од повеќе битолски основни училишта, по повод одбележување на Светскиот ден на школското млеко - 26 септември. Овој светски ден кој традиционално се одбележува од 2000 година во голем број земји во светот, преставува одлична прилика за искажување на важностa од консумацијата на млеко во секојдневната исхрана на децата на училишна возраст.
Како компанија која годинава ја прославува 60-годишнината од своето постоење и ја знае важната улога на млекото во развојот на децата, БиМилк се одлучи за прв пат во Македонија да го прослави Светскиот Ден на Школското млеко. Млекото и млечните производи се вистинско природно богатство од масти, протеини, минерали и витамини потребни за правилното оформување на коските, мускулите и останатите витални органи кај децата, па затоа нивното консумирање е гаранција за правилен и здрав развој. Компанијата за сите школарци од избраните основни училишта подготви многу забавни и едукативни игри, како и многу млеко и млечни производи. На манифестацијата децата од битолските основни училишта ги претставија своите литературните и ликовни изработки, преку кои ги презентираа своите размислувања за оваа исклучително важна намирница.
„Грижата за децата и нивниот правилен раст и развој, отсекогаш претставувало приоритет во нашето работење, а со нашите производи пораснаа низа генерации. Овој светски ден беше извонредна можност да се дружиме со школските деца и да ги едуцираме за важноста на правилната исхрана, а истовремено им дарувавме и млеко и млечни производи кои даваат енергија и помагаат полесно да се совладаат тешките умствени и физички задачи кои му претстојат на организмот во развој. БиМилк и во иднина ќе се труди да укажува на важноста од здравите прехрамбени навики и да внесува што е можно повеќе радост во детските срца ”, изјави Полексена Ристеска, одговорна за маркетинг во БиМилк.
Веќе 60 години млекарницата е посветена на одржување и промовирање на здрав живот и здрава животна околина, а долгата традиција заедно со најсовремената технологија и континуираното унапредување на производните капацитети овозможуваат БиМилк секојдневно да ги задоволува желбите и потребите на потрошувачите. БиМилк и во иднина ќе остане посветена на реализација на најразновидни проекти и активности, кои имаат пошироко значење за заедницата на која и припаѓа.
2
2
2
2
забава Бремените
Автор: bobik
Поддршка од партнерот во бременоста
Бременоста е период на радост, но и на огромни промени физички, хормон...
Се расправате често? Не е крај туку почеток на промена
Кога расправиите стануваат чести, лесно е да помислите дека нешто е „с...
Љубовта што не се изговара, туку се чувствува
Понекогаш најдлабоката љубов не живее во зборовите, туку во малите гес...
Најчести инфекции кај деца. Кога е време за педијатар?
Детскиот имунитет се гради постепено. Токму затоа, во првите години од...
Кога ќе одлучите да не се откажувате, успевате
Успехот не доаѓа случајно. Тој не е резултат на среќа, туку на малите ...