Jeca во 12:19
на тема RE: Трудници, што јадевте денес?
Светот прв пат слушна за Ленарт Нилсон во 1965 година, кога магазинот Lifeобјави 16 страници од неговите фотографии на човечки ембриони. Снимките се веднаш репродуцирани во Stern, Paris Match и The Sunday Times. Микроскопите и камерите биле најголема страст на Нилсон уште во детството. Со тек на време, неговата амбиција прераснала во желба на светот да му се претстави убавината на човечкото тело на микро ниво. Своите први фотографии на фетус ги направил во дамнешната 1957 година, но тие не биле доволно добри за да бидат објавени. Нилсон успеал да ги направи своите најпрецизни снимки со помош на цистоскоп - медицински инструмент кој се користи за испитување на внатрешноста на бешиката. На инструментот закачил камера со мала ламбичка и направил десетици илјади фотографии бележејќи го животот на ембрионот во внатрешноста на материцата на мајката. Нилсон создал нешто навистина исклучително: за прв пат, луѓето биле во можност со сопствени очи да го видат зачнувањето и најраниот развој на човечкиот живот.

Сперматозоидот се движи низ јајцеводот до јајце клетката.

Јајце клетка

Круцијален момент

Еден од 200 милиони сперматозоиди ја пробива мембраната на јајце клетката

Главата на сперматозоидот го содржи целиот генетски материјал

Една недела по зачнувањето ембрионот мигрира во материцата

Уште една недела подоцна ембрионот се вгнездува во материцата

22-от ден по зачнувањето. Сивата маса подоцна ќе стане мозок на детето

18 дена подоцна. Срцето на фетусот почнува да чука.

28-от ден од оплодувањето

Во петтата недела, фетусот е со должина од 5 мм

40-от ден од зачнувањето се формира плацентата

Осма недела од зачнувањето

10-та недела од зачнувањето. Очите на фетусот се веќе формирани.

Во 10-та недела ембрионот веќе ги користи своите раце за да ја истражува околината.

16-та недела

Линиите на крвните садови се видливи низ кожата.

18-та недела. Фетусот може да детектира звуци од надворешниот свет.

19-та недела

20-та недела. Фетусот сега е долг 20 цм.

24 недела

Шести месец

36 недела. За еден месец бебето ќе биде родено.
Книгата на Нилсон "Детето е родено" е објавена во 1965 година. Се распродала за неколку дена и била повторно објавувана неколку пати, при што станала една од најпопуларните книги со фотографии на сите времиња.
Ленарт Нилсон сега има 91 година. Се уште е заинтересиран за наука и фотографија.
6
4
4
4
забава Бремените
Автор: bobik
Како да ја следите овулацијата во домашни услови?
Следењето на овулацијата дома може да им помогне на жените подобро да ...
Близнаците се едно од најинтересните чуда на природата. Тие настануваа...
Што е вонматерична (ектопична) бременост?
Вонматерична или ектопична бременост е состојба кога оплодената јајце ...
Што се Кегелови вежби и зошто се важни?
Кегеловите вежби се едноставни вежби кои ги зајакнуваат мускулите на к...
Како да ги балансирате хормоните за подобра плодност?
Хормоните играат клучна улога во репродуктивното здравје. Тие го регул...