Jeca во 12:19
на тема RE: Трудници, што јадевте денес?
Ќе се претворите во Вашата мајка
Со станувањето мајка, сакале или не, во барем мал дел ќе се поистоветите и ќе се препознаете во Вашата мајка и во нејзината мајчинска грижа кон Вас. Многу пати ќе ги слушате нејзините зборови како излегуваат од Вашата сопствена уста. Тоа е неизбежно, бидејќи таа за Вас е првиот и најсилен пример за родителска грижа. Она што не смеете да го изоставите, за да станете родител каков што Вие сакате е свесноста. Да знаете што сте научиле од Вашата мајка и да сфатите што да практикувате, а што не.
Се губите себеси
Периодот на транзиција - од назависна личност да се претворите во родител, секако повлекува многу работи, како одрекувањето од нешта кои Ви биле важни Вас како личност сама за себе. Но секако, станувањето родител не значи дека треба да им се каже збогум на тие нешта засекогаш. Родителството менува, но Вие сте истата личност, со истите потреби и ќе најдете начин да си ги задоволите.
Вашата врска со партнерот никогаш нема да биде иста
Добро, ова е делумно точно. Со доаѓањето на бебето во Вашето семејство, многу работи околу динамиката на партнерството ќе се изменат, но не значи дека ќе биде на лошо. Станувањето родител ќе даде една нова димензија во Вашата врска со партнерот, со која мора да се носите. Можеби ќе биде тешко на почетокот, но успевајќи во заедничката грижа кон детето, станувате многу посилни заедно.
Нема да имам доволно пари
Одгледувањето дете бара финансии и можеби тоа понекогаш многу Ве загрижува. Но, морате да се контролирате. Можеби нема да бидете во можност на детето да му дадете се' што ќе посакате или посака, но нема причина да верувате дека тоа е лошо. Лимитираниот буџет учи на граници и дефинитивно ќе му помогне на Вашето дете да ја сфати вредноста на парите.
Ќе бидам лош родител
Постојано слушате “експерти” кои знаат што е тоа добар родител и притоа Ве загрижуваат дека нема да го постигнете идеалот. Тоа не постои. Секој има свое мислење, а за Вас најважно е сопственото. Можеби ќе се разочарате во себеси како родител стотина пати, но тоа никако не значи дека сте лоши. Значи дека сте човек.
Мајчинството е тешко
Новите мајки многу често знаат да испаничат на почеток околу тоа колку е тешко да се биде родител. Но, децата се растат и се менуваат и не значи дека секогаш ќе биде исто. Мајка на бебе е можеби најтешко, но мајчинството многу се менува и ќе имате и тешки и лесни фази. Генерално е прекрасно!
35
5
5
4
забава Бремените
Автор: bobik
Зошто не чувствувам радост дека сум бремена?
Оваа појава е сосема нормална. Иако општеството често прикажува дека б...
Психолошките предизвици при планирање бременост
Кога се зборува за бременост, најчесто фокусот е ставен на физичкото з...
Најчестите причини поради кои бременоста доцни
Доцнењето на бременоста е чувствителна тема за многу парови и може да ...
Емоционалниот товар на неплодноста
Неплодноста не е само медицински предизвик, туку и длабоко емоционално...
Пливањето и менталното здравје. Ослободување од стресот
Пливањето не е само физичка активност, туку и еден од најдобрите приро...
Дали вашите момчиња си ги допираат пенисите?
пеперутка16
Моето три и полгодишно дете постојано си го допира пенисот и не престанува. Пробав разни начини да го спречам, но не функционира. Не боли, не чеша, добро е. Хигиената е на ниво. Би сакала некој да ми пише како ја решил. Ви благодарам.