|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Македонски волшебни приказни

image
/11


 

 

Еден чоек сакал да земи за сина си невеста од најголем чоек. Кога се распрашал, еден будала чоек му рекол:

- Пријателе мој, лели си сакал снаа да земиш од најголем чоек, да земиш од сонцето, чунки од него нема поголемо.

Кога чул тој збор од чоекот, го поверуал и си обул едни железни опинци, со едно стапче железно, та ти отишол кај сонцето:

- Добро утро сонце - му рекол - што чиниш, како си?

- Дал ти Господ добро пријателе, сполај Богу сме, ами вие како сте? Море што си се мачел бре пријателе, олкав пат далечен што си идел за да дојдиш до мене?

- Сум се мачил златно сонце, за со тебе да се сосватам, ако рекол Господ, чунки јас имам еден син, тики сакам да го оженам со ќерка од најголем чоек, да ми рекоа оти од тебе немало поголем, ако е кабил ај дај ми една ќерка.

- Оф море душко, арно, би ти дал една ќерка, туку јас не сум најголем на веков, од мене има поголеми, а тие сет облаците, чунки кога да се распнат едни пати пред мене, јас толку силно греам и не можам да 'и пробијам, да појди кај нив и од нив земи - му рекло сонцето.

- Сполај ти, златно сонце, што ми кажа. Коа е така, јас ќе му одам кај облаците.

Отишол кај облаците:

- Добро утро облаци, што чините, како сте, здраво живо?

- Арно сме, сполај Богу да речиме, ами ти како си? Море што си се мачил бре чоече до овде?

- Што сум се мачил, бре облаци, за аирлија ишала ќе бидит; јас барам со голем чоек некој што е да се сосватам. Ми рекоа луѓе оти најголемо ет сонцето, а пак сонцето ме прати кај вас.

- Море арно бре братко, сполај ти за честа што ни ја праиш, туку и од нас има поголем: ете го ветров, кога да дувни, не ќе се видиме кој кај ќе фатиме! Таму да појдиш.

- Е сполај ти братко - му рекол.

Станал чоекот и пошол кај ветрот:

- Добро утро ветре!

- Дал ти Бог добро чоече! Што има нешто, аир абер?

- Ишала аирлија ќе бидит. Облаците ме пуштија кај тебе за да ми дајте една ќерка за сина ми, чунки јас барам најголем чоек за да се сосватам - му рекол.

- Лели бараш чоече најголем, јас не сум, најголема ет старана планина, чунки сеедно дувам и не можам да ја помрднам, да појди кај неа и сосвати се.

Пошол кај старата планина и и посакал една ќерка за снаа. Планината му рекла оти и од неа имало поголеми; тие биле кртоите што ја дупат старата планина.

Слегол долу кај кртоите и му рекол:

- Добро утро кртои, што чините, што правите?

- Дал ти Бог добро чоече, повели, седни. Што има, што нема, кажуј?

Зафатил да му кажуат со ред, од кај сонцето да до кај нив дека дошол:

- Да ви кажам бре кртои. Јас сакав да земам невеста од најголем чоек и ме пратија кај сонцето, сонцето ме прати кај облаците, облаците кај ветрот, ветрот кај старата планина, а старата планина кај вас, чунки од вас немало поголеми да ако е к'смет, ќе ми даите една девојка за невеста за сина ми.

- О, о, тамам, право ти кажала старата планина за нас, оти од нас поголеми немат, чунки ја дупиме од крај в крај и нема што да стори. Да кога така, повели свату дома и аирлија ќе бидит, оти чоек што барат, тоа и ќе си најдит!

Влезе во куќата од кртоите и го честија многу. Најпосле тука му дотераа кртички моми за да си земи која сака:

- Де свату, добре ни дошол, повели, одбери си која мома сакаш - му рекоа кртоите.

Фатил една кртица в рака и ја погледал во лицето дали е лична, кога гледа - слепа. Фатил втора, трета, четврта, сите слепи!

- Море свату, што туку ги одбираш момите. Ами лели знаиш оти кој пребира, тој забира. Ја фати си една, која да е, ич не страши се, за да бидит оката (опулена) - која да фатиш, од слепа послепа е.

Видел, невидел си фатил една слепа кртица и му ја однесол на сина си за невеста.

 

Кој бара рогои ќе загуби и уши.

 

 

 

 

Адаптирал: Барбара Синадиноска

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Легенда за Велигденското зајаче
Велигденското зајаче е едно од најраспространетите и најпознати симболи на Велигден. Како се родила идејата за зајачето ...
5
Боенка - Малата сирена
Обоете ја Малата Сирена
3
Боенка: Црвенкапа
Обојте за Црвенкапа
3
Велигденски боенки
Пилиња, зајачиња и јајце
3




Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?