|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?

Најважно во комуникацијата меѓу татко и ќерка

Редакција Рингераја, 19.10.2015
Тара Хедман, сертифициран психотерапевт, им ги објаснува на пристапен начин работите кои татковците треба да ги знаат при комуникацијата со своите ќерки
Клучни зборови:

image
/11


 

1. Како ти ме сакаш, така ќе се сакам и јас.
 

2. Прашај ме како се чувствувам и внимателно слушај го мојот одговор. Потребно ми е да знам дека ме цениш, пред самата да можам да ја дознаам својата вистинска вредност.

 

3. Ќе дознаам што значат односите, од начинот на кој се однесуваш кон мајка ми, без разлика дали сте во брак или не.

 

4. Ако ми си лут, јас го чувствувам тоа, дури и да не го разбирам. Затоа зборувај со мене!

 

5. Секој пат кога покажеш добрина кон мене или кон друг, јас учам да му верувам  на светот.

 

6. Потребно ми е да сум сигурна дека си физички силен - така ќе научам да се потпрам на физичката сила на мажите.

 

7. Те молам, не зборувај ми за сексот додека сум тинејџер, затоа што кога ќе пораснам, ќе мислам дека е нешто срамно.

 

8. Кога зборуваш со мене нежно, јас те разбирам многу подобро.

 

9. Кога ти зборуваш за женското тело со непочитување, запомни дека и јас ќе се однесувам така кон своето тело.

 

10. Како ти се однесуваш со моето срце, така и јас ќе им дозволам на мажите да се однесуваат со него.

 

11. Ако ме научиш да барам радост во животот, јас секогаш ќе го правам тоа.

 

12. Ако ме натераш да се чувствувам со тебе безбедна, јас ќе успеам да најдам маж со кого ќе  се чувствувам така.

 

13. Научи ме да ја сакам уметноста, науката и природата и јас ќе знам дека интелектот е поважен од големината на облеката.

 

14. Дозволи ми да зборувам она што сакам, дури и да е глупаво или неточно, бидејќи ми е потребно да знам дека моето мислење е важно за вас.

 

15. Јас ќе растам и моето тело ќе се менува и ако ти се однесуваш чудно, јас ќе мислам дека нешто не е како што треба.

 

16. Ако ти умееш да се почитуваш себе си, тогаш и јас ќе се научам на тоа.

 

17. Кога ме пушташ во светот, те молам, остани на располагање - треба да знам дека секогаш можам да се вратам и ќе се грижиш за мене.

 

18. Ако ти ми покажуваш нежност, јас ќе научам да ја примам сопствената ранливост и да не се плашам од неа.

 

19. Кога ќе ми дозволиш да ти помогнам во поправка на автомобил или дома, јас ќе знам дека сум способна за она за кое се способни момчињата.

 

20. Кога ме заштитуваш, јас ќе знам дека има на кого да се потпрам.

 


21. Не дозволувај да мислам дека парите се најважни.

 

22. Гушкај ме, бакни ме, држи ме за рака - така јас ќе знам дека нашите односи се стабилни и силни.

 

23. Не ме лажи, затоа што верувам на сè што велиш.

 

24. Не ги избегнувај најтешките разговори, бидејќи тоа ме тера да мислам дека не вреди човек да се бори.

 

Запомнете дека еден ден вашите мали девојчиња ќе станат возрасни и тогаш тие ќе знаат за мажите, за светот, за љубовта и за себе она што вие го правите и зборувате денес. Твоите зборови имаат значење за целиот живот на детето.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Екраните не им возвраќаа љубов на моите деца!
Моите деца сакаа екрани. Но, екраните не им ја возвраќаа љубовта. Тие беа претворени во деконцентрирани деца расположени...
4
Кашлицата е сериозен симптом
Кашлицата може да биде предизвикана од вируси, бактерии, алергии, карциноми, срцеви проблеми, лекарства и многу други ра...
4
Болка во градите кај мали деца
Кога мало дете ќе се пожали на болка во градите, првата реакција на секој родител е страв – дали е нешто сериозно?
4
Докази зошто децата да растат со домашно м...
Децата сакаат животни! Врската која се формира меѓу детето и домашното милениче претставува голем фактор за правилното е...
4




Анкета

Dali?
Jana9

Dali ste ljubitel na cveke?

Da (83%)

Ne (17%)


Број на сите гласови: 6

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!