Vedrana13 во 19:37
на тема RE: Вештачко оплодување VIII дел
Зголемете ги можностите
За да се забремени мора да се поклопат повеќе работи, во секој случај најважно од се е соодветното време. Доколку сакате да ја зголемите можноста за забременување имајте однос 72 часа пред овулацијата или 24 часа после овулацијата( така ќе можете да го следите животот на сперматозоидите кои може да бидат до 72 часа во јајниците, а можат да преживеат најмногу до 24 часа по овулацијата).Сега немате време за размислување и колебање. Убедете го својот партнер дека наместо да оди да вози велосипед, подобро е повеќе време да поминете во спалната соба.
Како знаеме дека сме во фаза на овулација?
Помогнете си со следниве совети:
Подгответе го вашето тело за забременување
Ако сакате да забремените, а сеуште не сте се откажале од пушење, пиење или консумирање на алкохол, сега е моментот за да се откажете од сите Ваши пороци, и да го подготвите телото во најдобра форма за забременување(доколку земате некои лекарства со лекарски рецепт, консултирајте се со Вашиот доктор дали ќе можете да ги земате истите и за време на бременоста).Не заборавете во текот на денот да земете витамини кои во себе содржат 400 гр. фолна киселина. Така ќе се намали ризикот од потенцијални вродени дефекти.
Зошто би требале да се откажеме од пиење и пушење за време на бременоста?
Консумирањето алкохол и пушењето можат да ја намалат можноста за забременување. Се што внесувате и пиете стигнува и до новороденчето и влијае на неговото здравје. Најголемиот број на жени до четвртата или петтата недела не знаат дека се бремени, затоа не одолговлекувајте да прекинете со пушењето и пиењето. Со тоа само го зголемувате ризикот од вонматерична бременост.
Колку често треба да имате полов однос?
Доколку сакате да забремените, во никој случај не треба да имате пречесто полови односи. Да, морате да имате полов однос за време на овулацијата, но уште подобро е доколку имате малку пред деновите на овулација( по овулацијата можностите за забременување во овој циклус паѓаат во вода), а не треба и да се придржувате строго до часовниот ритам ,затоа што сперматозоидите може да преживеат во Вашето тело најмалку 2 дена. Трикот е во тоа што спермата е подготвена и само чека на јајце клетките кои треба да поминат низ јајцеводот. Најдобро би било да имате полов однос секој втор ден за време на Вашиот циклус. А доколку сакате да ги зголемите можностите за забременување тогаш имајте однос барем еднаш на ден два дена пред овулацијата.
Сексот нека биде забавен
Напомнете му на партнерот дека шансите за забременување се поголеми доколку доживеете оргазам. Некои истражувања докажале дека оргазмот помага за полесен пренос на сперматозоидите во матката. Затоа опуштете се и уживајте за време на половиот чин. Дозволете си топла бања, миризливи свеќи или пуштете некоја сензуална музика.
Дали знаевте?
Која е најдобра положба за полесно да забремените?
Голем број на научници веруваат дека мисионерската положба (машкото на врвот) е најдобрата положба за забременување. Тоа само по себе значи дека тогаш машкото може најдлабоко да навлезе во матката и да пенетрира, при што сперматозоидите можат најлесно и најблиску да навлезат до матката.
Останати положби (доколку Ви стане досадно)
Дали навистина оргазмот помага за полесно забременување?
Да. Секако дека и неговиот оргазам е многу важен за полесно забременување, но некои научници укажуваат дека тука многу важен е и Вашиот оргазам. Со женскиот оргазам многу полесно се пренесуваат сперматозоидите до вратот на матката.
Дали ќе помогне доколку после половиот однос останете во лежечка положба или ги кренете нозете?
Воопшто ништо нема да штети доколку ги кренете нозете . Некои стручњаци тврдат дека е добро после половиот однос уште некое време да останете во постела и дури препорачуваат да лежите на грб со ќебе под Вашата карлица. Во теоријата тоа кажува дека така полесно ќе пливаат сперматозоидите низ јајцеводите. Ако сте склони кон инфекции и Ви е укажано дека веднаш после половиот однос треба да одите во тоалет, тоа мора да го почитувате.
Не концентрирајте се премногу на вистинската положба за полесно забременување. Најдобро е да се препуштите на моментите и да уживате. Стресот и загриженоста можат да бидат фактор за неуспешен обид.
pumpici za izmolzuvanje
Автор: fetusce
pumpici za izmolzuvanje elektricna Lun
moite najmili
Автор: selvi
Продвижение групп ВК
Автор: prodvijenieVK
Привет! Занимаюсь раскруткой групп ВК!!
Онлайн вакансии
Автор: onlinerabota
Бизнес на дому! Проводите время в сети
moite najmili
Автор: jovanja
забава Бремените
Автор: bobik
Најдобар секс за забременување
За да се забремени мора да се поклопат повеќе работи, но во секој случ...
Повеќето жени по породувањето очекуваат дека стомакот ќе им се врати в...
Изградете врска со бебето во стомакот
Онаа посебна врска меѓу мајката и бебето, за која сите знаеме дека не ...
Дали амниоцентезата ќе му наштети на плодот?
Амниоцентеза претставува дијагностичка метода која дава важни информац...
Сакајте го Вашето бремено тело
Вашиот стомак е непобитен доказ дека сте бремена. Еве што може да очек...
Бебе.
Admin
За долниот дел на вашето бебе, дали користите само крем или само пудра или и двете во исто време?