Jeca во 12:19
на тема RE: Трудници, што јадевте денес?
Кога сакате да забремените, една од најнепријатните работи кои можат да ви се случат е спонтаниот абортус. Уште полошо е кога ќе се случат неколку последователни неуспешни обиди за зачнување. Што може да ги предизвикува?
Дури и еден спонтан абортус е премногу за психата на жената која сака да биде мајка.
Една од причините да се случуваат серии од многу спонтани абортуси може да е синдромот на Хјуз. Според истражувањата, на секој 1 од 5 абортуси се испоставува дека причината е овој синдром. 50% од жените кои претрпеле повеќе од еден абортус, страдале од синдром на Хјуз.
Што претставува синдромот на Хјуз?
Тој е откриен во 1983 година од професор Греам Хјуз, шеф на Центарот за истражување во Лондон. Тој сметал дека секоја жена која претрпела бројни абортуси, треба да минува низ серија на истражувања со цел спречување на последователни инциденти.
Денес овој синдром лесно се дијагностицира по крвен пат и може да биде медикаментозно третиран.
Професор Хјуз препорачува исто така секоја жена која претрпела дури еден абортус да се истражува, за да е сигурна дека нема да има уште проблеми со задржување на плодот за во иднина.
Каков е третманот?
Третманот е релативно едноставен. Со помош на антикоагулан, на пример аспирин во ниски дози, да се одржи густината на крвта во нормални граници, под лекарски надзор.
Синдромот на Хјуз предизвикува задебелување на крвта и предуслов за формирање на згрутчувања. Ако сте бремени, "лепливата крв" нема да е во можност да помине слободно низ крвните садови, за да ја напојува плацентата и тоа ќе предизвика спонтан абортус.
3
3
3
3
забава Бремените
Автор: bobik
Како да препознаете верен маж?
Верноста не се докажува само со зборови, ветувања или големи романтичн...
Како загадениот воздух влијае врз детското здравје?
Загадениот воздух е еден од значајните фактори на животната средина шт...
Кога точно се случува оплодувањето?
Оплодувањето е моментот кога машката полова клетка (сперматозоидот) се...
Ако барате брз оброк кој е богат со протеини, витамини и растителни вл...
Најчести причини за неплодност кај паровите
Неплодноста е состојба со која се соочуваат многу парови кои сакаат да...