Vedrana13 во 19:37
на тема RE: Вештачко оплодување VIII дел
Не постои период во месецот кога може во потполност да бидете сигурни дека е време за незаштитен секс. Пред да почнеме да ги објаснуваме причините заради кои може да се забремени за време на менструација, корисно е да се знае како воопшто доаѓа до бременост. Кога женското тело ќе доживее овулација, сперматозоидите може да ја оплодат јајце клетката, што ќе резултира со бременост. Ѕидот на материцата се здебелува и е подготвен да ја вгнезди оплодената јајце клетка. Доколку не дојде до оплодување, нивото на естроген и прогестерон се намалува, а задебележниот ѕид на материцата се лупи, при што доаѓа до менструално крварење.
Шансите да забремените за време на менструација се помали отколку во другиот период од циклусот, но сеедно, тоа е можно. Еве зошто:
Вашата менструација не е секогаш иста: жените имаат многу различни менструални циклуси и многу од нив имаат крварење меѓу циклусот. Стресот, болестите и други состојби може да предизвикаат крварењето да изостане, или да крварите, а тоа да не биде менструален циклус, па е многу тешко да ги пресметате плодните и неплодните денови.
Овулацијата не може точно да се определи: жените овулираат 12-16 денови пред менструација, но тоа може да се случи и порано и подоцна. Освен тоа жените на кои менструацијата потполно им изостанува заради доење, менопауза, некоја болест, или заради пиење на некои лекови, може да имаат потполно непредвидлива овулација.
Сперматозоидите живеат подолго: Истражувањата покажаа дека сперматозоидите во телото може да преживеат и до 7 дена, иако просечниот век им е 3-4 дена. Бременоста може да се случи за време на менструација, заради тоа што сперматозоидите може да останат во телото неколку денови, а Вам да Ви се случи да овулирате набрзо по менструацијата.
Ако сакате да се заштитите од несакана бременост, паметно е да користите некој вид контрацепција секогаш кога имате полови односи.
6
4
4
4
забава Бремените
Автор: bobik
Тајните на нашиот код. Што се ДНК, хромозоми и гени?
Дали некогаш сте се запрашале како бебето ги наследува бојата на очите...
Дали често се лутите и навредувате?
Лутината е природна емоција што сите ја чувствуваме. Но, кога често се...
Колку се чести уринарните инфекции кај децата?
Уринарните инфекции се меѓу почестите бактериски инфекции во детската ...
Зошто е важно да влезете во бременоста со здрава тежина
Тежината пред бременоста може да влијае врз плодноста, текот на бремен...
Новороденчињата поминуваат голем дел од денот во сон, но нивниот ритам...