|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Моите иако немаа многу, ми дадоа се!

Редакција Рингераја, 6.11.2017
Во животот не барав многу,само здравје и трпение за с? она што се случуваше околу. Не сакав работи кои не ми се заслужени, туку сакав со секоја пора на моето битие и со секоја капка пот да го заработам она што другите мислеа дека им следува бесплатно
Клучни зборови:

image
/11



Понекогаш си мислам дека ние луѓето сме многу лакоми, лакоми да зграбиме што е можно повеќе од животот кога станува збор за материјалното, притоа пропуштајќи ја можноста да живееме еден среќен живот полн со други нешта кои вредат многу повеќе.

Во животот не барав многу, само здравје и трпение за с? она што се случуваше околу. Не сакав работи кои не ми се заслужени, туку сакав со секоја пора на моето битие и со секоја капка пот да го заработам она што другите мислеа дека им следува бесплатно.

Така ме научија моите, кои иако многупати немаа што да ми дадат, токму во тие моменти ми дадоа с?. Иако тие мислеа дека треба да дадат многу повеќе, тоа беше сосема доволно.

Од нив научив дека ништо на овој свет не доаѓа бесплатно, едноставно напорната работа ќе те однесе до целта. Не постои човек кој со лежење се искачил на врвот, не постои човек кој без работа го остварил својот огромен успех.

Ме учеа дека љубовта не треба да се темели на материјалните нешта и дека искреното срце, без разлика колку луѓето ќе се обидат да го искористат секогаш ќе биде наградено за своите добри дела. Ме научија да не љубоморам, да не бидам завидлив и да не живеам со комплекси.

Научив да не се срамам за чесно заработените пари. Работев од својата 13-та година, како келнер, како „дечкото на лежалките“, како оној кој продава сладолед. Додека моите врсници во тинејџерските денови излегуваа и трошеа, јас работев за да заработам.

Често знаеја да ме исмеат, да се подбиваат со мене, но моите ме учеа дека животот е тркало и дека с? со текот на времето ќе си дојде на местото. Оној кој макотрпно работи ќе биде награден, иако тогаш не ми изгледаше така.

Од нив дознав дека образованието е една моќна алатка и дека човекот кој содржи квалитет е оној кој има потенцијал да биде успешен. Всушност тие не се откажаа од образованието дури и кога се родивме јас и брат ми.

На дипломската на татко ми присуствував јас на свои 3 години, а на дипломската на мајка ми присуствувавме и јас и брат ми. Верувајте ми таква жар за успех, таква мотивација едноставно е нешто што води во животот и те тера да оствариш многу повеќе од она што си замислил.

Ме научија дека љубовта има подеми и падови, дека бракот не е совршен и дека понекогаш кавгата е неизбежна, но секогаш се трудеа јас и брат ми да добиеме трошка љубов, дури и кога тие беа комплетно изнервирани од животот.

Од нив научив дека пријателството не треба да биде взаемна корист, туку меѓусебна интеракција на чувства, помагање и поткрепа. Ме учеа дека оној чија куќа се полни со пријатели е оној кој има непроценливо богатство.

Не ми купија скутер, ниту скап автомобил, но секогаш заедно ги славевме моите успеси. Ме научија да бидам цврст, силен, да се борам за себеси, ме научија како да бидам прв во с? што правам.

Ми ја облагородија душата, без да го наполнат мојот свет со материјални нешта.

Никогаш не ме спречија да сонувам и секогаш ги поддржуваа моите навидум луди идеи за успех.

Денес го гледам нашиот семеен портрет. Се гледам себеси, го гледам брат ми. Можеби тоа не е најсовршениот семеен портрет, бидејќи ние не сме совршени. Но, е посебен.

Иако не сме живееле во некој луксуз, сепак сме биле луѓе во вистинска смисла на зборот. Сме помагале секогаш и секому онолку колку што можеме, без да го оцениме човекот базирано на неговата финансиска состојба, раса или религија.

Сме научиле да сакаме, да бидеме чесни и да се трудиме своите соништа да ги оствариме по потешкиот пат, без да играме валкани игри. На тие луѓе им должам многу, бидејќи она што ми го даваа додека растев, е нешто што едноставно не може да биде купено.

Благодарение на сите тие испреплетени поучни настани јас сум човекот кој денес со полна пареа се стреми кон својот успешен живот.

Зошто децата седат, молчат и се плашат од ...
Др. Ранко Рајовиќ предупредува
23
Дали е поубаво да си мајка на девојче?
Јас сум мајка на две мали девојчиња. Освен ако универзумот нема некое изненадување за нас, така и ќе остане. Јас секога...
6
Ноќни стравови и кошмари кај децата
Дали детето ве буди ноќе со крик и плач? Што значи тоа?
6
Дислексијата да се брише од дијагнози!
Експерти во Durham и Yale Универзитетот јавуваат терминот дислексија да се брише од дијагнози, бидејќи е ненаучен и нем...
6


Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:



Анкета

/
Jana9

Dali imate doverba vo svoite deca?

Da (100%)

Ne (0%)


Број на сите гласови: 3

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!