|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?

Мажите ги сакаат манџите на мама

Редакција Рингераја, 22.3.2012
Повеќе од половината мажи ја преферираат кујната на мајка си, пред таа на сопругата, покажува најновото британско истражување

image
/11

За актуелни содржини и вести од светот на родителството и бременост изберете ја Рингераја како свој омилен извор на Google.
Google
Ringaraja logo
Постави


 

Истражувачите утврдиле дека мажите ги претпочитаат кулинарските вештини на своите мајки, бидејќи тие се придржуваат кон традиционалната обилна храна, за разлика од нивните сопруги, кои секогаш им сервираат нешто готово. Истражувањето покажало дека мајките ретко сервираат брза и готова храна и секогаш подготвуваат тоа што сакаат нивните синови.

 

Од  гледна точка на мажите, поверојатно е дека сопругите ќе подготват набрзина нешто што има во фрижидерот или ќе го затоплат во микробранова печка. Истражувањето спроведено од телевизијата Food Network UK исто така утврди дека една четвртина од мажите ќе се прикрадат во домот на своите мајки за вечера, без да знаат за тоа сопругата или девојката.

 

“Многу е мил фактот што мажите ја преферираат кујната на мајка си. Како возрасни мажи продолжуваат да го бараат комфорот и традицијата во готвењето, заради што се свртуваат кон мајките, кои ќе им зготват она што посакуваат. Многу од најдобрите рецепти кои ги имаат британските кувари, им биле предадени од нивните мајки”, изјави портпаролот на телевизијата Ник Торогуд.

 

Анкетата спроведена во Велика Британија покажува дека многу девојки и млади сопруги чувствуваат притисок заради кулинарските вештини на свекрвата. Дури 47% од претставниците на посилниот пол имале храброст да и се пожалаат на мајка си дека храната која ја готви сопругата не е доволно вкусна, како нејзината храна. 20% од нив тоа го правеле на шеговит начин за да не ги повредат чувствата на сопругата, а 10% признале дека се жалаат цело време пред сопругата дека храната не е на ниво на храната која ја подготвува мајка им.

 

Добар процент од мажите одбивале да јадат храна, ако таа нема ист вкус како храната на мајка им, некои од нив отворено и кажале на сопругата да побара совети за готвење од нивната мајка, за да и подобри своите кулинарски вештини. Како што се очекува, тоа ги поткопувало врските на 2/3 од испитаниците.

 

 

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Кој е најубав подарок за вашето дете
Доколку очекувавте дека ќе ги наведеме работите што можат да се купат во продавница, згрешивте. Најдобрите подароци не м...
4
Мирни утрa, среќни денови - навикнување на...
Поаѓањето во градинка е еден од најголемите чекори во животот на детето, но и во животот на родителите. Додека детето вл...
4
Исфрлете ја оваа храна од вашето мени!
Видете од кои производи треба моментелно да се ослободите ако сакате да живеете здраво и да имате витално тело
4
Што повеќе не правам за своите деца?
Постојат моменти кога родителите мислат дека никогаш повеќе нема да бидат во можност да седнат и мирно да испијат една ч...
3




Анкета

Доење.
Admin

Дали мислите дека е вистина дека колку подолго жената дои, толку е подобар имунитетот на детето?

Да, и затоа се обидов да дојам што е можно подолго. (0%)

Не, и не жалам што не дојам подолго. (0%)

Да, и жалам што не дојам подолго. (0%)

Доев долго време, но не мислам така. (0%)


Број на сите гласови: 0

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!