|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

MamaOhrid: Мојата породилна приказна

Редакција Рингераја, 13.9.2010
Моментот кога јас се претворив во “ние”

image
/11


Моментот кој го очекувате цели девет месеци, а едвај чекате да помине. Моментот за кој живеете и мечтаете цел живот, а кога ќе дојде - умирате од страв. Единствениот момент во кој сите болки, солзи, стравови и трепети ви ја носат најголемата среќа во животот.

ВАШИОТ момент на породување!

 

Детали

Ник: MamaOhrid

Датум на породување: 23 Септември, 2009 година

Тип на породување: со царски рез

Болница: Медицински центар Охрид

 

Беше прекрасно сончево утро. Се разбудив свежа и наспана. Ден среда, пред 4 дена го отворив породилното боледување и си уживав. Убаво си полежав во кревет, но бидејќи ми беше ден за проверка на крв и мокрача веднаш правец во купатило со чашката во раце. Кога мокрев нешто ми падна од мене, онака чклап направи... Очите ми се наполнија со солзи. Леле што е ова си реков. Станав да го побарам тоа што ми падна, но немаше ништо. Ништо невообичаено што би можело да ми го привлече вниманието. А јас плачка по природа, плус сама дома, веднаш му се јавив на сопругот, а тој ми вика ај не паничи ништо не е. А знаев дека нешто е, мноооогу бев вознемирена, добив срцебиење и напади на паника.

Дојде мама, бидејќи јас декларирана плачка не одам сама на боцкање. На секое одење во лабораторија си ја земав мама да ми го држи стравот. И слегувам јас по скали, таа ме чека пред зграда и плачам ли плачам. И викам леле мамо нешто ми падна сигурна сум. За момент помислив да не ми пукнал водењакот, па да не истече водата кога мокрев. Гинекологот има ординација до зградата моја, ама беше седум часот наутро и немаше отворено. И јас отидов на анализа на крв, ме боцнаа, си купивме јадење со мама и си дојдовме дома кај мене. Дојде осум часот и се јавувам кај докторот. Ја добив сестрата на телефон и таа ми вика без паника, водењакот не ти е пукнат. Кога ќе ти пукне ќе бидеш како со бокал потурена. Ок. Јас пак плачам, не запирам.

Ајде некако дојде 10 часот и отидов кај свекрва ми. Се смирив, се наместив пред телевизор, си растворив магнезиум шумлива таблета и тамам што си помислив убаво што ми помина стравот од непознатото, наеднаш шшшш... му пукна водењакот. Овој пат вистински. Како што ми рече сестрата како со бокал да бев потурена. Се спобркав, се испаничив повеќе отколку претходно. Терминот ми беше 18 октомври, а денот беше 23 септември. Само што ја имав завршено терапијата за спречување на предвремено породување. Не очекував дека ќе дојде толку брзо. Значи бев 36 недели и 3 дена. 25 дена пред термин. Одам надвор, таму беа сопругот, свекрва ми и внукот и јас цела во солзи им викам од подалеку, а тие не ме слушаат. Леле јас викам тие си  играат со внукот.  Ајде отидов до кај нив и кога ме видоа во пантолоните жива вода рекоа ајде дојде големиот ден. Денес е среда, среда со среќа. Отидов да се јавам кај гинекологот и тој ми вика дојди да те видам. Се облеков, а цело време солзи ми течат, леле како ли само ме гледаше внукот, како се’ да разбираше. Такво тажно лице на едногодишно дете јас не сум видела. Го бакнав него и му викам ајде одам јас да го родам братучед ти.

Одиме со сопругот кај гинекологот, ме виде на ехо ми вика, ок е, има уште вода не е цела истечена. Му реков ајде прегледот кој беше закажан за следниот ден да го направиме денес. Вика бебето тежи 2800-2900 гр.  И ме упати на гинекологија со напомена подобро да си викнам доктор од дома, зошто беше дежурна друга докторка. И јас оттука отидов кај сестрата што ни држеше вежби и го побаравме докторот по телефон. Тој вика оди на одделение и почекај ме. Кај нас кој ќе те прими тој те тера до крај, а не сакав да ме прими докторката што беше дежурна. За право не поминаа 5 минути од нашиот телефонски разговор и докторот веднаш се појави. Нормално дежурната докторка се налути и насамо ми рече во моја смена ми носиш друг доктор. А всушност тој е најдобар доктор кај нас. Па нели секој бара најубаво?

Направивме ЦТГ и имаше малку контракции. Јас не чувствував голема болка, така само мало затегање на стомакот. Ме прегледа на ехо и рече ја задржуваме, облечете и спавача. Солзите мои не престанаа да течат. Легнав на креветот во собата за болки за која сите велеа дека од неа ќе излезеш кога ќе почнеш да зборуваш со ѕидот. Ме закачија на ЦТГ и ме оставија еден сат. После докторот ме прегледа вагинално и ми стави таблета за провокации. Ми рече се гледаме за час и половина. Малку се потсмирив зошто ми стана јасно дека тоа е тоа и дека денес мора да се породам. Нема бегање. И почнаа болките, контракции рамномерни на 10 минути, половината ме болеше и си реков сега сигурно 5-6 прсти сум отворена. И дојде докторот да ме прегледа и ми вика ау, ништо, еден прст. Леле, шок за мене. Аман си викам до 10 прсти што ќе се сторам. По неполн час пак ме прегледа и пак ништо, два прсти отворена. И вика ова абер нема да излези, ќе мора царски рез.

Одма се сложив, некако ми олесна, ај си реков брзо ќе се заврши. Погледнав на мобилниот сатот беше 16.24 минути.  И почнаа да ме спремаат. Е тогаш почнаа непријатностите, катетер, целосно гола ме слекоа... И почна едната докторка да ми го мачка стомакот со нешто и ми вика леле колку си бела, колку ти е нежна кожата, како ќе те сечеме?!? Се собраа еден куп доктори, сестри, дојде и анестезиологот. Ме праша дали сум алергична на некој лек и ми ја стави анестезијата, општа и јас - кома. И ме будат чувствувам некој ми мава благи шлаканици по лицето и ми вика ајде мама разбуди се имаш син, 3200 гр. нека ти е жив и здрав. Мислев дека не слушнав добро за тежината  ама устата ми беше ко залепена со плунка и немаше шанса збор да кажам. Леле мене срцето ми заигра, очекував да се роди некое глувче со мала тежина, а мажов мој пораснал.

Ме префрлија на обичен кревет, леле како ме плеснаа, ау сите ѕвезди ги видов. Во 17.00 часот се роди моето бебе. Колку брзо се заврши целата работа. Додека ми поминаа појаките болки дојдоа да ме посетат сопругот, золва ми, брат ми, мама и тато. Леле, мама и тато дека прво внуче спобркани двајцата идат со огромен букет на кој беше закачено It’s a boy, и две кеси со храна. А јас три дена не треба ништо да јадам. Им оставија се на сестрите, ме изгушкаа, јас сеуште дупло гледав, но убаво се сеќавам дека тато кога ме бакна плачеше. Ми се стркала една негова солза на лицето.

Ноќта околу полноќ ми го донесоа да си го видам бебето. Го донесоа мојот најмил Никола. Пред тоа сите го извиделе освен јас, ама тоа е тоа, таков е царскиот рез. Кога го видов си реков леле колку личи на мене. Докторката се изнасмеа, ми вика ти си прва мајка што роди машко дете и што не рече леле цел е на татко му. Го бакнав и тоа беше најубавиот момент во мојот живот.

 

Драги идни мамички, да дадеш некому живот е благослов даден од Бога. Не размислувајте два пати кога станува збор за дете. Ќе видите дека ќе се прашувате дали е можно во себе да сте чувале толку голема љубов спрема некого. Децата се најголемо богатство. Како поминува времето така си викам колку ли само живот ми бил обичен без мојот Никола.

 

Мој најмил Никола, ти си љубовта на мојот на живот, ти си мојот свет, ти си мојата радост, ти си ми се, за тебе животот го давам. Сонце мое најмило, зошто не ме огреа порано?  

 

Расти живо и здраво, најмило мое.

 

 

Рингераја му посакува среќно детство на Никола !

 

Сакате да ни ја испратите вашата приказна од породувањето?

Прочитајте како во статијата Породилни приказни.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Дали покачениот холестерол е нормален во б...
Зголемениот холестерол за време на бременоста е многу важен за здравјето на мајката и бебето. Сепак, експертите објаснув...
7
Тања: Мојата породилна приказна
Моментот кога јас се претворив во „ние“ .
4
Анорексична трудница тешка само 25 кгр.
Иако за чудо останала бремена на 27 години, Кети, уплашена од новонастанатата ситуација, почнала да слабее. Толку ослабе...
4
Положила испит по психологија во породилна...
Постојат толку многу елементи кои можат некого да направат прекрасен родител
4




Анкета

Што да дознаете.
пеперутка16

Кога би носеле тројки, што би направиле?