Mother. во 00:54
на тема RE: Шум на срце кај дете
Еден таков пример е creative_mama_of_two профил на една мама кој нуди одлични идеи за изработка на бројни активности, игри, изработки во кои децата а и родителите без сомневање ќе уживаат.
Марија издвои време за да поразговараме.
Рингераја: Профилот изобилува со прекрасни изработки кои ги правите со дечињата,секојдневно имате нова изработка, многу активности, игри, учење, забава и многу квалитетно време минато заедно што е за пофалба и претставува инспирација. Од каде се инспирирате?
Марија: Најнапред, ти благодарам за убавите зборови. Пред се, најголема инспирација ми се моите две дечиња Јана и Марко, нивните желби и барања мама скоро секогаш знае да ги претвори во игра. Но многу често се инспирирам и од креативни профили на instagram и facebook, ја користам и апликацијата PINTERESТ, детски книги и списанија... и сл
Рингераја: Креативна мама на две - име кое целосно ти одговара и опишува, но која е таа креативна мама која се "крие" зад овој инста профил?
Марија: Јас сум Марија Поповска, мајка на две деца, Јана 7 и Марко 2 години. Родена во Охрид, но љубовта успеа да ме донесе во Битола. По професија сум дипломиран воспитувач. До пред пандемијата бев сопственик на едукативен центар за деца од предучилишна возраст " БУБА МАРА" но за жал поради пандемијата веќе не работи.
Рингераја: Тие кои ве следат знааат дека активно сте учесници на разни работилници и предизвици кои се актуелни на социјалните мрежи. Се согласуваш ли дека социјалните мрежи нудат квалитетна содржина и имаат позитивно влијание врз мајките кои се активни на истите?
Марија: Јана и Марко често се дел од работилници и креативни предизвици особено на Инстаграм, учествувам во повеќе групи со креативни мајки несебично споделувајќи активности за деца, следам она што ме интересира и ми се допаѓа. Иако се значително малку, следам македонски профили, но искрена да бидам некако странските профили изобилуваат многу повеќе со едукативни, квалитетни содржини и креативни изработки од типот направи сам или рециклирај, до преедноставни идеи и игри за совладување на разни вештини кај децата како на пример, игри за фина и груба моторика, координација на очите со рачињата, трпение, концетрација, внимание.. кои секако имаат позитивно влијание и се голем мотив за мајките да работат со своите деца во домашни услови. Се трудам да ги адаптирам и пренесам до другите мајки и дечиња во Македонија, со цел да го задржиме вниманието и да ја збогатиме разновидноста на сите активности со нашите дечиња.
Рингераја: Според содржината на твојот профил од периодот на карантинот, дефинитивно имавте одлично поминато време.
Марија: Како што спомнав до пред карантинот имав едукативен центар кој одлично фунционираше, но како и на повеќето мали бизниси така и мене не ме одмина кризата па од воспитувачка со група од над 30 дечиња останав дома сама со моите две дечиња. Затоа решив некако да го надокнадам она што ми недостигаше со дечињата од Буба Мара па почнав да правам активности прилагодени на возраста на моите деца и да го објавувам сето тоа низ слики на социјалните мрежи. И искрена да бидам почнав да добивам многу позитивни коментари, дури и пораки со слики од мајки што се инспирирале од некоја активност и ја направиле со своите дечиња, што ме инспирира да продолжам во таа насока.
Рингераја: Твое стручно мислење - кога, на која возраст е идеално децата да почнат во градинка?
Марија: Ах, како што велат што помали тоа подобро, во смисла на она дека полесно им е да се прилагодат, но од аспект на стекнување на онаа социјализација и едукација што сите родители ја посакуваат за своите деца кога ги запишуваат во градинка можеби најдобро е околу втората година на животот од детето.
Марија: Искрено тоа зависи од повеќе фактори. На пример од тежината на активноста, од материјалите кои треба да ги употребиме, од времето во смисла ако активноста е предвидена за дома или за надвор, но и од расположението. Честопати едно смислувам, а друго излегува на крај, зависи од моменталната инспирација. Понекогаш една активност за да ја подготвам ми требаат само лист хартија и молив, точно 2 минути, а друг пат печатење, лепење, сечење, собирање материјали, дрвца, цвеќиња, листови од дрвја.. можеби и два дена.
Рингераја: Сите твои активности се одлични и инспирација за многу мајки, но дефинитивно најголем бум наорави со адвент календарот. Кажи ни како се одвиваше изработувањето?
Марија: Хаха да баш бум направи календарот. Ти благодарам што и тебе ти се допадна. Добив премнооогу позитивни коментари, што пријатно ме изненади. Го изработував неколку вечери не знам точно баш колку, работев навечер тогаш имам најмногу слободно време, а и сакав да биде изненадување за сите. Најпрво смислив точно 31 активност како задача за секој ден од месец декември по една. Се разбира 50- 50 активност кои беа еднакво поделени на Јана и на Марко. Потоа набавив ситни играчки и слатки задоволства кои ги добиваа децата како награда одкако ќе ја извршеа задачата. Па се така заедно го спакував во 31 кукичка испечатена на хартија па со коноп ги обесив на еден стар хулахоп од Јана кој претходно го обложив со коноп за да биде се во склад. Секое утро стануваа и трчаа кон кукичќите и веднаш отвараа да видат каква ќе биде дневната задача. Тој период е посебно магичен и интересен за мене па се трудам да ни биде баш посебен.
Рингераја: Сега кога пандемијата стивна, какви се твоите планови на професионален план?
Марија: Конкретни професионални планови немам за сега, здравје од Септември можеби ќе ми се насмевне среќата повторно да работам со многу деца. Сега со нетрпение го очекуваме летниот распуст, па се надевам дека ви сме доволно интересни за да не следете и понатаму, сигурно ќе има многу игри и забава со многу песок и вода, прошетки, дружби ќе читаме и многу книги и лектири и ќе се забавуваме.
Благодарам Марија за издвоеното време!
Не заборавајте да ја заследите оваа креативна мама.
pumpici za izmolzuvanje
Автор: fetusce
pumpici za izmolzuvanje elektricna Lun
moite najmili
Автор: selvi
Продвижение групп ВК
Автор: prodvijenieVK
Привет! Занимаюсь раскруткой групп ВК!!
Онлайн вакансии
Автор: onlinerabota
Бизнес на дому! Проводите время в сети
moite najmili
Автор: jovanja
забава Бремените
Автор: bobik
Курсеви за возрасни од сите области: РУ Пере Тошев
Со мисија да овозможи описменување на целокупното возрасно население, ...
Сакајте го Вашето бремено тело
Вашиот стомак е непобитен доказ дека сте бремена. Еве што може да очек...
Како да негувате бебе родено во зима?
Надвор е ладно и царуваат вируси, а Вашето бебе само што не пристигнал...
10 луди работи што се случуваат во вашето бремено тело
Додека го поминувате својот вообичаен ден, сето ова се случува токму в...
Грижата за забите започнува уште од најрана возраст
Оралното здравје на децата е основен чекор за одржување на целокупното...
Домашна работа.
пеперутка16
Со какви домашни работи најчесто се занимава вашиот сопруг?