|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Љубовна врска на работното место!?

Редакција Рингераја, 28.6.2011
Повеќе од 80% од вработените флертуваат со колегите на работното место, секој втор се впушта во сентиментална врска на работното место (една петтина од нив со шефот) и тоа постарите почесто од помладите.

image
/11


 

 

Сентименталната врска на работното место може многу поволно да влијае на општата работна атмосфера и на успешноста на вработените, но во случај врската да “пукне” негативни последици трпат и останатите колеги. Повеќе од 80% од вработените флертуваат со колегите на работното место, секој втор се впушта во сентиментална врска на работното место (една петтина од нив со шефот) и тоа постарите почесто од помладите. Повеќето од нив би сакале да се сокријат, што на половината им успева, посебно ако е во прашање само секс, а не и подлабоки чувства.

Една од десет врски започнати на работно место завршува со брак, а во секоја трета врска колегите и откако ќе раскинат остануваат во добри односи. Третина од канцелариските љубовници се истовремено во постојана врска или брак.

Љубовта и сексот на работното место се случуваат многу почесто отколку што можеме да замислиме. Се' започнува потполно незабележливо. Таа мило му се смешка кога ќе се сретнат во лифтот, на состаноците му испраќа краток но сладок СМС, а секој званичен документ кој ќе му го проследи го “зачинува” со двосмислена, интересна забелешка. Тој и возвраќа со комплименти и нежни допири на разминување, секогаш се труди да користи пауза за кафе кога и таа, ја повикува на ручек ако завршат порано со работата...

А потоа, во моментите на посебно убаво (или тажно) расположение – најчесто на службен пат или после малку послободна канцелариска забава – двајцата ќе почувствуваат потреба за уште поголема блискост и ќе допуштат страста да ги понесе. Тоа подоцна ќе го повторат. Неколку пати...

После некое време стануваат главен трач во фирмата, па почнуваат да си ги поставуваат прашањата: “Како флертот прерасна во длабок емотивен однос?” “Дали повремениот или еднократниот секс без обврски е толку вреден за да се жртвуваат бракот, долгогодишниот партнер и можноста за напредување во фирмата?” “Што ќе кажат останатите колеги?”...

Обичните испитаници (вработени) најмногу биле против љубовните врски на работното место. Причината е во неодобрувањето на врската од средината. На колегите тоа им изгледа како желба за напредување во кариерата “преку креветот” или сметајќи дека “миленичката на директорот”ќе се стекне со некои незаслужени привилегии во однос на нив. Врската пак со подредена личност им личи на покажување на моќ.

Затоа стручњаците за психологија на работното место советуваат да се избегнуваат овие врски, бидејќи тие може да ја саботираат кариерата на подолг рок.

Сепак повеќето фирми не забрануваат, а некои гиганти (како Мicrosoft, Google i Mitsubishi) дури и ја поттикнуваат блискоста помеѓу соработниците на работа, бидејќи се покажало дека таа може да влијае поттикнувачки на работната атмосфера и исходот од работата: заљубениот пар радосно ќе оди во канцеларија, ширејќи околу себе добро расположение, ведрина и работен елан. Но ако се разделат, дури тоа да биде без кавги и скандали, може да предизвика спротивен ефект по нив и околината. Тогаш е можеби најдобро некој од нив да побара друго работно место, или дури и да ја промени фирмата , сметаат стручњаците.

Според анкетите на порталот “My job” секоја четврта врска започната на работа, сеуште траела, а секоја десетта била крунисана со брак или трајно заедништво. А што е со оние кои ја прекинале врската? Кај 36% од испитаниците односите со таа личност останале подобри отколку пред врската, а кај 30% односите се влошиле.

Судејќи по сите направени анализи склоноста за сентиментална врска на работното место се зголемува со годините (некои би рекле со годините на работа во иста канцеларија, а циничните би додале со годините на незадоволство од сопствениот брак) па така 39% од младите до 25 години се заплеткани во ваква врска, а стапката кај постарите од 40 години е дури 61%.

Препорака на оние кои останале неоткриени е пред се на “симпатијата” никако да не и упатувате сјајни насмевки, предизвикувачки погледи и e-mail – ови од лична природа.

За  разлика од жените, кои се склони во авантурата со колегата да видат почеток на една “прекрасна, долготрајна врска” мажите често ќе зажалат затоа што уморни, несфатени и разочарани се нашле во утешната прегратка на нивната колешка. Мажите почесто и порано почнуваат да се прашуваат како да се извлечат од оваа комплицирана врска, која почнала како секс без обврски за една ноќ, а сега е бреме кое ќе се влече до пензија...или до гроб.

 

Причини ЗА:

  • Разбивање на сексуалната монотонија во бракот или врската
  • Стекнување со повластен статус во фирмата
  • Можност за пронаоѓање на брачен партнер
  • Отклонување на стресот и релаксација
  • Сознавање на имиџ на заводничка / заводник.

Причини ПРОТИВ

  • Чувство на вина и страв дека ќе го упропастите бракот или врската
  • Компликации на работното место
  • Можност за грешки
  • Во случај на раскинување – како ќе работите заедно понатаму
  • Создавање на впечаток дека сакате напредок во кариерата “преку кревет”

 

 

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Открила дека сопругот има и друга жена на FB
Бигамист разоткриен преку фотографии на Facebook. Сопругата открила фотографии од сопругот, кој се оженил со друга жена ...
3
Создадете подобар живот
Својот живот го заробувате во негативни мисли и енергија ако го трошите на она лошо што може или би можело да се ...
2
Во шопинг по совршена венчаница
Што треба да имате на ум…( 6 совети за купување венчаница)
2
Може ли да ослабам, ако дојам?
Запомнете: за време на бременоста вишокот килограми не сте ги добиле преку ноќ, затоа и сега не очекувајте дека можете ...
2




Анкета

Носот.
пеперутка16

Како го чистите носот на малите деца?