|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Лажни митови за плодноста

Редакција Рингераја, 16.5.2014
Одредени секс-пози ги зголемуваат шансите за забременување, првото дете е гаранција за плодноста и скапите витамини ја зголемуваат плодноста, се најчести митови за плодноста

image
/11


 

Забременувањето по пиење на пилули за контрацепција е можно по 6 месеци

Врежаното мислење дека по престанокот на земање на пилули за контрацепција се намалени шансите за зачнување, а на менструалниот циклус му требаат 6-12 месеци за да се стабилизира, е само мит. Околу 40% од жените забремениле еден месец по прекинувањето на пилулите, а по 3 месеци тој број се зголемил на 99%, потврдиле истражувањата од клиниката Mayo. Ако циклусот не се врати во нормала три месеци по прекинот на пилулите, треба да се побара помош од гинеколог.

 

1

 

Треба да се почека една година за посета на гинеколог

Скоро 60% од паровите кои немаат проблеми со плодноста, забременуваат во рок од три месеци, а 75% од нив, во рок од 6 месеци. На жените постари од 35 години, кои сакаат да забременат, не им се препорачува да чекаат повеќе од 6 месеци, пред посета на лекар. На младите им се препорачува да посетат лекар по една година, освен ако немаат продолжен циклус, подолг од 35 дена.

 

2

 

Најплоден перид е кога температурата е највисока

Жените можат да ја следат својата овулација со мерење на температура и со тоа да ја зголемат можноста за забременување. Во текот на овулацијата температурата во просек расте од 0,2 до 0,6 степени Целзиусови. Меѓутоа, не се препорачува да се чека со сексуалниот однос додека температурата да се дигне до највисок степен, бидејќи тоа значи дека телото веќе ослободило јајце-клетка. Ако се чека највисока температута, шансите за зачнување се намалуваат на 50%, тврдат гинеколозите од клиниката  Mayo. Најголеми шанси се еден ден пред овулација бидејќи сперматозоидите можат да живеат во женскиот репродуктивен состав неколку денови.

 

3

 

Првото дете е гаранција за плодност

Ако мажот веќе станал родител, тоа не е гаранција дека и понатаму ќе биде плоден. Со текот на времето, бројни фактори влијаат на плодноста, па така болестите на штитната жлезда и вишокот на  килограми го зголемуваат ризикот од неплодност.

 

4

 

Секојдневниот секс ги зголемува шансите за бременост

Иако секојдневниот секс ги зголемува шансите за бременост, сепак не треба да се претерува со тоа. Доволно е во текот на најплодниот период да имате секс секој втор ден. Во спротивно сексуалните односи можат да се претворат само во обврска и да се создаде непотребен стрес, кој го отежнува забременувањето. Најплоден период кај жената е 5 дена пред овулација и два дена по овулација.

 

5

 

Одредени секс пози ја зголемуваат шансата за забременување

Дека одредени секс пози ја зголемуваат шансата за забременување е само мит, се согласуваат и лекарите. Не постојат научни докази дека мисионерската поза е подобра од каубојската и обратно. Во ејакулатот се наоѓаат околу 50 милиони сперматозоиди, кои без ни малку помош, со невидена брзина се пробиваат до јајце-клетката. Она што може да помогне е лежење во кревет по секс, за да се спречи истекување на сперма од вагината.

 

6

 

Скапите витамини ја зголемуваат плодноста

Скапите витамини во кои се наведува дека ја зголемуваат плодноста, сепак не се толку успешни за колку што се прикажуваат.  Едно истражување покажало дека мултивитамините можат да го зголемат ризикот од спонтан абортус за 32%.

 

7

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Дали вашата тежина влијае на плодноста?
Ако се обидувате да забремените или барем планирате да создадете семејство во следните неколку години, треба да знаете д...
3
Прашавме доктор: Потпомогнато оплодување
Рингераја постојано и будно ги следи Вашите проблеми од сите области. Со цел да Ви помогнеме воспоставивме соработка со ...
3
Симна 99 килограми од желба да забремени!
Со 30 години и 166 килограми Jacqui McCoy беше засрамена, очајна и депресивна. За да и биде потешко докторите и рекоа де...
3
Приказната на Вишња Томиќ
Рингераја.ба за мене е како мое семејство, мој дом каде секогаш можам да влезам, во кој сите се добредојдени. Место каде...
2




Анкета

Dali?
Jana9

Dali od koga ke se rodi bebeto vednas go set_ate izleguvate so nego ili pak cekate da pominat 40dena?

Se set_ame vednas (40%)

Cekame da pominat 40dena (60%)


Број на сите гласови: 5

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!